Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Закарич на лажна 9ка со Мато и Спахиу по крила мислам дека е најдобра опција од моменталниве играчи.
Средината и одбраната стандард.
Олаосебикан, Кастанеда, Талевски и тој од лига петице изгледаат како пристојни замени за во лигата, за повеќе ни треба класа 9ка кој гарантира 15-20+ голови.
 
Последни класа напаѓачи беа Оливеира, Вандеир и Ќириќ, се друго тешки просеци… Го чекам денот кога повторно ќе имаме класа напаѓач.
Автоматски споено мислење:

Нов јутуб канал...

Рекордери сме по број на официјални фан страни, сајтови и јутуб канали, едноставно ни нема рамен.
Автоматски споено мислење:

Олаосебикан е ок играч за ротација (доколку нема висока плата)
Први впечатоци ми се дека во Диего има фудбал, профил на играч каков шо реално немаме, иако повеќе го гледам како 8ка место крило, ради недостаток на експлозивност.
Иако се слагам дека барем во моментов не делува на играч со ниво на Сењор, Мато.

А за Дарбо тешко, во Нефтчи земаше 540.000 € годишно.
Автоматски споено мислење:

Шкендија располага со годишен буџет од 3.500.000 € исто како нас, а оваа сезона од настапите во Европа веќе обезбедија најмалку уште 5.000.000 €.
На сето ова, додајго и фактот дека имаат тим шо се гради и надградува веќе неколку сезони, за разлика од нас, кој сме се уште е во фаза на оформување тим.
Плус, некој добро забележа, албанските екипи во лигава против Вардар ќе играат како да е финале секој натпревар, шо само дополнително ја отежнува борбата за титула.
А со Омерагиќ како 9ка, титулата и онака е нереална.
Шкендија ја научи лекцијата со Ибраими, кога го пуштија во Струга.. едноставно, ако имаш шампионски амбиции, мораш да имаш напаѓач шо ти гарантира најмалку 15 голови по сезона.

Откако е Дестани во клубот, како тркало им се менуваат играчи, тренери и персонал, на прсти се бројат трансферите кои им се погодени, за излезните не треба ни да се зборува. Од ова што го кажа, нас најмногу може да не кошта немањето напаѓач, едноставно Бесарт им е 30% од тимот, а во ваква боранија лига тоа на крај може да биде и доволно.
 
Последно уредено:
Олаосебикан е ок играч за ротација (доколку нема висока плата)
Први впечатоци ми се дека во Диего има фудбал, профил на играч каков шо реално немаме, иако повеќе го гледам како 8ка место крило, ради недостаток на експлозивност.
Иако се слагам дека барем во моментов не делува на играч со ниво на Сењор, Мато.

А за Дарбо тешко, во Нефтчи земаше 540.000 € годишно.
Автоматски споено мислење:

Шкендија располага со годишен буџет од 3.500.000 € исто како нас, а оваа сезона од настапите во Европа веќе обезбедија најмалку уште 5.000.000 €.
На сето ова, додајго и фактот дека имаат тим шо се гради и надградува веќе неколку сезони, за разлика од нас, кој сме се уште е во фаза на оформување тим.
Плус, некој добро забележа, албанските екипи во лигава против Вардар ќе играат како да е финале секој натпревар, шо само дополнително ја отежнува борбата за титула.
А со Омерагиќ како 9ка, титулата и онака е нереална.
Шкендија ја научи лекцијата со Ибраими, кога го пуштија во Струга.. едноставно, ако имаш шампионски амбиции, мораш да имаш напаѓач шо ти гарантира најмалку 15 голови по сезона.
5.000.000€ ќе обезбедат ако влезат групна фаза Конференција, ако не влезат би земале многу помалку од квалификациските натпревари…
 
Без разлика, патот до групи во КЛ им е чист и реално е да се пласираат…
Ако Шкендија испадне од Стеауа би играле најверојатно со Дрита од Косово , овие им се држеа на Копенхаген до 70 минута и изгубија ради два пенали (2-0) ..

Мал фаворит би биле Шекндија но Дрита не се за потценување , таму игра и Бејтулаи кој доста време беше стандарден во наша репрезентација ..

Околу Вардар , ке биде тежок дуел во четврток но покажавме дека можеме да се носиме со нив , поготово првото полувреме изигравме многу добро и не дозволивме на Лозана да упати ни еден шут кон гол ..
 
5.000.000€ ќе обезбедат ако влезат групна фаза Конференција, ако не влезат би земале многу помалку од квалификациските натпревари…
Огромна е шансата да влезат во Конференциска. И да отпаднат од Стеауа, играат со Дрита од Косово во ЛЕ. Ако ги поминат, имаат загарантирано најмалку Конференциска. И да изгубат, ќе играат уште еден дуел за влез во Конференциска.

Еднсотавно ако почнеш од ЛШ, голема е шансата да избориш барем Конференциска, особено ако поминеш еден тим во ЛШ. Да беше ваков форматот во минатото Вардар, Шкендија и Работнички ќе играа бар 10 пати во групна фаза во најдобрите нивни години. А вака ако почнеш во Конференциска од најниско коло како што почнавме ние, шансите да се пласираш се скоро 0.
Во превод, играње во Европа вреди само ако сме шампиони :D
 
Реално Шкендија и Вардар ќе се одвојат,зашто другите се тешка катастрофа.Минатата сезона Силекс и Работнички даваа некој отпор,ама годинва особено Работнички кој го даде цел тим е тешка мизерија.Според мене за вас би требало да играат Работнички,Ѓорче и Брера,само и да сакаат мислам дека неможат да и земат ниту бод на Шкендија,за разлика од Шкендија вие ќе имате тешки гостувања во Куманово против Башкими и во Гостивар против Арсими.Што се однесува за младинец мислам дека најдобар е Талевски,а Данев ни во Работнички не беше ништо посебно иако играше прва постава скоро цела сезона и по 90 мин.Кога веќе пазаревте од Работнички Матеј Ангелов според мене е најдобар од младинците
Талевски не влага повеќе во категоријата за играч под 21 година, така да очигледно Данев е доведен за да го попуни тоа место.
Нов јутуб канал...
Не ја сфаќам потребата од постојано нагласување дека сме АД.
Последни класа напаѓачи беа Оливеира, Вандеир и Ќириќ, се друго тешки просеци… Го чекам денот кога повторно ќе имаме класа напаѓач.
Фичо Ивановски...
 
Од оваа сезона младинци се сите родени после 1.1.2004
 
Огромна е шансата да влезат во Конференциска. И да отпаднат од Стеауа, играат со Дрита од Косово во ЛЕ. Ако ги поминат, имаат загарантирано најмалку Конференциска. И да изгубат, ќе играат уште еден дуел за влез во Конференциска.

Еднсотавно ако почнеш од ЛШ, голема е шансата да избориш барем Конференциска, особено ако поминеш еден тим во ЛШ. Да беше ваков форматот во минатото Вардар, Шкендија и Работнички ќе играа бар 10 пати во групна фаза во најдобрите нивни години. А вака ако почнеш во Конференциска од најниско коло како што почнавме ние, шансите да се пласираш се скоро 0.
Во превод, играње во Европа вреди само ако сме шампиони :D
Точно, особено ако се помине првото коло во ЛШ – се добиваат гарантирани 2 милиони евра и минимум плејоф во Конференциската лига. Доколку се победи таму, се обезбедува пласман во групна фаза, каде што се заработуваат околу 5 милиони евра, плус по 500.000 евра за секоја победа во групата и 133.000 евра за секое реми.

П.С. Ова мора да биде стандард за силен Вардар: 5 милиони евра од спонзори + 5 милиони од Европа = 10 милиони годишен буџет. Како за контекст од тоа шо истражив, еден Марибор има годишен буџет од околу 5–6 милиони евра..

Сепак, потребен е и добар коефициент за да се биде носител на ждрепката и да се добие полесен противник.
Подолу слика со екипите кои се неносители.
Во првото коло на ЛШ, екипите со над 8000 коефициент генерално се носители.
Шкендија имаше 7500 и беше во групата на неносители, но имаа среќа шо го добија еден од најлесните противници – ТНС, од групата на носители каде што имаше клубови како Лудогорец, Стеауа, Малме..
1753796365321.png
Вардар по таа сезона кога влеговме во групната фаза на Лига Европа, имаше загарантирано место меѓу носителите во европските квалификации за наредните 5 сезони, благодарение на освоениот УЕФА коефициент.
То значеше минимум по неколку милиони евра годишно од Европа, и тврдам дека тоа можеше да се оствари со релативно скромен тим со буџет од 500.000 евра.
А доколку продолжевме со силен состав, како оној од сезоната 2016/17, реално беше барем 2–3 пати да се повтори успехот од таа историска сезона, кога заработивме околу 6–7 милиони евра само од европски настапи.
Незнам дали сме свесни колкава штета е направена на клубот во последниве 8 години имајќи предвид сето ова од финансиска гледна точка.1753797479175.png
Еве како изгледаше коефициентот пред почетокот на оваа европска сезона:
Вардар имаше само 1.233 коефициент. Имавме среќа шо налетавме на Ла Фиорита, но и тоа не го искористивме до максимум.
Како што може да се види, за разлика од ЛШ, каде што се потребни повисоки коефициенти.
За да бидеш носител во квалификациите на Конференциска лига, доволни се околу 4.000 поени.
Со победата над Лозана, моментално имаме 3.983 коефициент, што значи дека примениот гол во последна минута на гости во Сан Марино, (наместо да освоиме 0.500 поени со победа, добивме само 0.250 поени со реми) потенцијално со пораз во реваншот со Лозана, ќе не чини носителска позиција следната сезона во квалификациите за Конференциска лига.

Никој од спортските новинари не го спомна ова.
 
Последно уредено:
Последни класа напаѓачи беа Оливеира, Вандеир и Ќириќ, се друго тешки просеци… Го чекам денот кога повторно ќе имаме класа напаѓач.
Фичо Ивановски...
Ристе Наумов е најдобриот шпиц што сме го имале после Ќириќ според мене, штета што не фати силен Вардар. Не за џабе стигна до Славија Прага после тоа, каде мислам дека го спречија неколку сериозни повреди да се покаже во право светло. Пред тоа ако добро памтам беше и прв стрелец во Кипарско првенство каде отиде директно од Вардар.
 
Јове Костовски е тука исто.

Мене Душан Савиќ ми беше еден од поомилените, ако немаше премногу голови кај нас. Ја реши Шкендија во Тетово, во едни други времиња :D
Се зачудив дека уште игра фудбал. Од Дубочоица, преминал да игра рекреативно во петта лига, Слога Липовица. Нема да ни дојде лошо :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom