Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Кое сценарио не спасува да не идеме во втора лига.Нема слаба екипа сите се засилија освен Брера што ќе играат со деца од нивни погон,нема са треба да се потценуваат сигурно ќе сакаат да се докажат.Кој го пратеше трансфер периодов нека пише.Сигурно ќе сме во долните четири екипи на крај на сезона,дали ќе испаднеме или ќе се вадиме преку бараж Господ знае само.
Ептен се засилија Тиквеш, Воска, Пелистер што да ти кажам .. Брера на крај донесе тројца африканци.
 
Никако бојкот, докажано најпогубна опција многу пати во минатото. Сите на Запад! "...Ќе минат сите зла, ти ќе ги победиш моја љубов голема..."
 
На 15 кола до крај вака изгледа табелата ,за опстанок мора најмалку 5 победи и 3,4 нерешени тоа се 18,19 бода .
Со +30 бода на крај имаме макар опстанок или бараж за останување во лига.
Screenshot_20250214_221015_Chrome.jpg
 
На 15 кола до крај вака изгледа табелата ,за опстанок мора најмалку 5 победи и 3,4 нерешени тоа се 18,19 бода .
Со +30 бода на крај имаме макар опстанок или бараж за останување во лига.
Прегледај го приврзокот 443534

Стварно мислиш дека со последните измени џво ффм и партијата на власт, прашање е опстанокот.

од кога следиш мак фудбал?
 
Стварно мислиш дека со последните измени џво ффм и партијата на власт, прашање е опстанокот.

од кога следиш мак фудбал?
Цел живот следам.Само Господ е спас за нас ни ФФМ ,а па најмалку партија.Оваа партија што е сега на власт најцрн белег има оставено на клубот.
 
Вардар ќе опстане и сите да ги изгуби, ако треба другите со поголема разлика ќе губат, тоа е решено.
Тимот од прва полусезона беше од ранг на второлигашот Скопје,тоа е 7,8 место во втора лига таму би тапкале да сме во таа лига.Ми текнува изигравме една пријателска со нив за време на репрезентативна пауза и едвај 0-0 извадиме.
 
Во најлошото време на клубот, успеавме да изградиме најдобар менталитет, при што не само што се купуваше членска карта, туку и се купуваше билет за секој натпревар и тоа по цена од 200 ден. за факинг Втора македонска лига.

Денес, кога Вардар ,,гради шампионски пат" (битно се гради) дебилите од Управата публиката ја повикуваат со многу креативна замисла - бесплатен влез.

Еј, со Жељо, со Шкендија (Маџари), со Работнички на Градски и уште на доста други натпревари сме успеале во најлоши услови да привлечеме илјадници навивачи, при што сите купувале билет и не само тоа, плус донирале од свој џеб, бидејќи имало искрена приказна, а не доаѓале поради бесплатен влез. Боже господе, во 21 век ти викаат ,,Ајде дојди, заштеди 100 ден." :)))

Затоа, утре сите на запад. Баталете полтронски страници како ,,Вардар фанс" буцнати од Иди и Миленко да наметнуваат став за некакви си идиотски ,,проекти"

Најмасовно досега, БОРБА!
 
Козарот направил апдејт на пријавените играчи за прв тим на страната.
Сега го објавија и Најдовски кој претходно го немаше.
Тука се и некои Мурџески и Марковски, претпоставувам У-21 играчи, покрај Сековски. Анонимус до анононимус.
Не знаев дека Тони Мегленски му бил асистент на копачот...
 
Не знам дали примети оној од Аргентина го нема таму. Јас до скоро не знаев дека оној Мирков бил дел од стручниот штаб.

Туку пренос освен на Јутјуб кај оној што му се гаси постојано, ќе има ли на друго место?
 
Каков иритирачки и неартикулиран глас има ова копилето што коментира не е нормално
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom