Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Утре ждреб за 1/4 финале Куп на Македонија. Се мислам и да ни се паднат Арсими или Детонит, прашање е нив дали ќе ги поминеме.
 
Ако ни се паднат некои од тие значи е местено... да не биде го освојуваме купот ко што го освоивме последен пат против победа... тогаш ни еуфорија ни радост немаше сите со ливчињата од кладилница навиваа, сигурица
 
Ако ни се паднат некои од тие значи е местено... да не биде го освојуваме купот ко што го освоивме последен пат против победа... тогаш ни еуфорија ни радост немаше сите со ливчињата од кладилница навиваа, сигурица
Ќе видиме на крај на сезона... Ако Вардар опстане во лига и го освои Купот, сите ќе се сомневаат во тоа.
 
За опстанок и не треба да се мести да се земат 2-3 ОК играчи да се создаде добра атмосфера и со бараж може реално да се избори опстанок, цела среќа тиквеш беса воска се исто ретардирани ко нас али освојување на куп апла ќе се види дека е местенка....се виде цела полусезона дрва дека сме
 
Лично сметам дека Масар нема воопшто да се замара да му помага на Вардар. Ќе си брка работа во негова корист. Единствено што му оди во корист на Вардар е тоа што има криза и кај други екипи. Брера и Шкупи немаат исплатено плати и има најави за заминување на многу играчи. Посебно кај Брера. За доаѓање на нови играчи во Вардар не сум сигурен колку има капацитет ова раководство. Во смисла носење на вистински појачувања кои ќе прават разлика.
 
Речиси сигурно е дека брера и воска ќе се распаднат. Останува да состават подобар тим од Беса или Тиквеш за да излезат над баражот. Сериозен проблем е што странците ќе мора да ги исплатат во целост ако сакаат да ги избркаат. Во таа ситуација, парите од новоматик во целост ќе бидат потрошени, па останува да видиме дали ќе влезе свеж капитал за нови засилувања. За да обезбедат опстанок, со се досега потрошените, сезонава ќе не кошта околу 2 милиони евра. Алал да им е, нешто што лани го направивме со 500к, годинава кошта *4 од тоа.
 
Само дечкиве што водат страниве на Вардар се ажурни, точни и професионални. Другото е све башибозук во клубот, селска задруга. Доказ за тоа е дресот на Закариќ во Кратово

Што се однесува до ждребката, тежок противник, но минлив ако се работи во паузата како што треба. После уште да имаме среќа да ни падне некој од двојката Брера/Арсими...
 
Следи пауза (фала богу), а следи и одговор на многу прашања... Да почекаме, па да видиме што ќе биде со наш Вардар.
 
Кратка пауза ќе имаат нашите играчи со оглед дека ќе тренираат до 20-ти (веројатно под казна) а почнуваат на 8-ми. Од она што се збори, ќе имаме и нов голман веројатно, а и Словакот од Шкупи не е далеку...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom