Лани сите знаевме каква е ситуацијата во Вардар и кој што е во Вардар, и сите застанаа позади таа идеја и дадоа поддршка.
Оваа година ништо не се знае, кој е газда, кој е спортски директор кој е директор, каква улога имаат Комити. И луѓето одма препознаваат дека нешто не се работи како што треба. И нормално коа има толку прашалници ретко кој ќе даде поддршка на тоа.
Неизвесноста е најлоша од се' и не знам зошто не се говори гласно за работи кои горе-доле на сите упатени им се познати. Луѓето мислат уште Комити го водат клубот и плукаат по нас.
Газда секогаш е ОК колку и на хартија да не е он, Миленко е спортски директор и заедно со Иди и разни менаџери околу нив решаваат за играчите и практично за се' во клубот. Новоматик дава пари, како единствен спонзор кој се најде, со услов Козарски да е главен.
Комити имаат член(ови) во управен одбор и имаат надзор на трошењето пари, договорите кои се потпишуваат за да нема нови долгови во иднина, ги водат социјалните мрежи и толку. Не решаваат за тоа кои играчи ќе се потпишат, какви дресови ќе се набават, каде ќе се оди на подготовки...
Нема еуфорија затоа што сите се свесни дека тие што го водат клубот немаат три чисти и со овие играчи само за опстанок може да се бориме. После 3 годишна борба каде што луѓе од Комити од свој џеб издвојуваа пари да преживее клубот, сите очекуваа дека барем пристоен состав ќе имаме.
Вака ќе треба да се молиме да кореецот и Канте да научат да играат фудбал преку ноќ, да се крстиме дека со враќање на Најдо и Брда ќе заличи одбраната на нешто, дека некој младинец ќе изненади на крило итн.
Ситуацијата е безизлезна, затоа е живо мртвило. На основа на што ќе повикаш на масовност? Да гледаат луѓето умрени играчи како губат од кого стигнат?
Не постои клуб кој играл во прва ЈУ лига порано и бил главен репрезент на државата што толку допрел дно како Вардар. Од 30+ сезони во мак фудналот, во 10 едвај плаќаме котизација за да играме во лигата.