Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе даде повеќе голови од Алтипармаковски и Омерагиќ, тоа е сигурно :D
Е да, заборавив дека се е апгрејд во однос на тоа напаѓачко дуо.
 
Според МН, треба уште еден странец да стигне, плус кондициони тренери од Аргентина... Ова ми е малку чудно (n)
 
Според МН, треба уште еден странец да стигне, плус кондициони тренери од Аргентина... Ова ми е малку чудно (n)
Утре потпишува другиот. За кондиционите тренери прво беше кажано Швајцарија, ако не се лажам, а сега вика Аргентина (n)
 
Исто така, тоа што брера се откажува од него после 1 недела е многу индикативно. Дај боже да грешам, ама иди и миленко досега се без компас.
Minatata nedela Milenko imaše staveno slika od Pandev i Omeragič na koja pišuvaše idniot pretsedatel i sekretar u FFM ili taka nešo beše. Sorabotka e nekoja, dogovor napraven, ima stvari što ne znaeme. Pa taka sugurno so dogovor e prebacen ovoj kaj nas.
 
Исто така, тоа што брера се откажува од него после 1 недела е многу индикативно. Дај боже да грешам, ама иди и миленко досега се без компас.

Пуштен е само поради што не е доволно физички спремен, информација директно од клубот
 
Ќе се погоди овој Дианеси, сигурен сум, школа на Тулуз, пред две сезони играл во втора холандска лига и бил главен играч на екипата, избориле пласман во прва лига, тука се заебал јако, место да игра прва лига со екипата направил трансфер во втора француска лига, имал повреда на лигаментите и од тој момент почнала кариерата да му оди во надолна линија.
Млад е 28 години, ќе има мотивација кај нас за докажување, сега му е последна шанса да си ја извади кариерата, мислам дека има уште фудбал во него, ако нема сериозни последици од повредата во нашава лига ќе се истури од голови.

Тоа што Пандев се откажува од него не значи ништо, големи пријатели сме сега со него, веројатно и во иднина ќе имаме уште соработки, јасно е на која страна дува ветерот, доаѓаме од исти борбени редови.:D
 
Ич не ја сфаќам поентата на ваквите засилувања, односно на "преземањето" играчи на овој начин. Да е некоја класа, далеку од тоа, дека може да се најде играч со слични квалитети без да се игра на овој начин - повеќе од сигурно дека може. Типично покажување на партиско-маалски курч налик "види кој сум јас", а во суштина неписмен кадар кој не знае ни од која година е независна државава.

Досега, според мене, катастрофа избор на играчи, па дури и Николов кој се споменуваше и слични на него ќе бидат далеку од адекватни засилувања. Во боранија лигава може и да бидат од некоја корист бидејќи сме на ранг на лигите на Сан Марино и Андора, но во прва прилика Вождовац или Јединство ќе ни направат фабрички рестарт и ќе не вратат во прво одделение.

Повеќето од овие засилувања може да се наречат засилувања доколку е 2016-17 година, во овој случај се рекреативци. Порано носевме Ерменци, Грузијци, но сите беа стандардни во нивните клубови, кои по квалитет беа горе-доле колку и Вардар.

Околу дресовите, мене овие дресови ми се подобри од оние претходните кои беа исти со оние на Пелистер и Тиквеш. Сепак, везено лого би било целосен погодок.

Со овој состав очекувам пласман на средина на табела, сепак Воска, Пелистер, Работнички и Беса мислам дека ќе бидат позади нас, иако во нашава лига ништо не се знае.
 
Освен Најдо, сите овие другиве имаат помалку фудбал од мене изиграно последниве години. Сигутно кондиционо се спремни како братот Шушњара. Три минути на терен и мислиш ќе испушти душа во секој момент.
До душа кореецот сигурно трча бајаги, прашање кај него е колку знае да игра со топка.
 
Јако е за овој Дианеси што лани на полусезона потпишал за Горица од Словенија и одма си заминал, што се вика после сликање, демек ради проблеми со регистрација.
 
Голман неаме, Боби не доаѓа изглеа у Кипар ќе оди од засилувањава што дојдоа ваљда некој ќе се погоди.
Што е тука е наше е да го напуниме Градски у првите 3-4 кола да се даде максимална поддршка!
 
Долго преговаравме со овој играч бидејки сакавме да го донесеме во нашите редови, изјави Пандев.
 
Голман неаме, Боби не доаѓа изглеа у Кипар ќе оди од засилувањава што дојдоа ваљда некој ќе се погоди.
Што е тука е наше е да го напуниме Градски у првите 3-4 кола да се даде максимална поддршка!
Не е проблем што не се засиливме соодветно. Со такви луѓе на функција, толку може да се очекува.
Проблем е што се направи слика дека ќе бркаме титула годинава, а со ваков тим реално може да се стравува и за опстанок.
Ајде што немаме играчи за една постава да направиме, туку и тие што ги броиме за прва постава, долго време не се во натпреварувачка форма. Резерви не постојат, млади играчи кои тешко би фатиле место и во втора македонска лига.

Многу е тешко да ги натераш луѓето да одат на стадион, кога ќе видат каков очобол не чека на терен. Ние што пратиме фудбал знаеме дека единствено од Воска сме подобри, ама другите мислат дека ќе газиме во лигава.
Друго е кога бркавме опстанок, па и 5 порази по ред на домашен, не ти менуваат многу. Друго е кога си зацртал дека ќе бркаш титула или Европа, а на терен ќе те плеска кој стигне.
Исто така, ти ќе направиш хемија со играчи од Македонија, со овие суртуци кои одговараат пред козаров, правење хемија многу тешко.

П.с. Миленко си најмил приватно обезбедување да го чува на утакмици. Од што стравува? ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom