Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Тие пари што ги дал Масар не се негови... ај да не се праиме мутави сеа. И сето тоа е само крпење на дупки, ништо повеќе. Нити па има капацитет човекот за да го среди хаосот во Вардар.
 
Каков Омерагиќ,нас не вади само некои Арап/ Шеик од ситуацијава со долговиве. Омерагиќ за ваше знаеше и лани фрлаше пари во клубот, син му без пари игра во клубот за да крева форма :) .Не си правете бајрам на памет вакви ликови како Омерагиќ најмалку одговараат во тимот.
Може за член во управа има знање човекот ама за газда никако.Треба стабилен газда на долгорочно...по мене ова со газда долгови нема да се среди за брзо може ќе треба уште време
Која форма да ја крене !?Дечкото колку и да се труди појма нема од фудбал, не го разбира ни фудбалот како поим, ова сега што го игра му е врв, у маало да игра нема никој да го избере.
 
Која форма да ја крене !?Дечкото колку и да се труди појма нема од фудбал, не го разбира ни фудбалот како поим, ова сега што го игра му е врв, у маало да игра нема никој да го избере.
Го пишав тоа како сарказам, затоа имаше и :),од авион се гледа тоа.
 
Па знам нормално, секој што го изгледал 1 утакмица барем ќе знае за што се работи
 
Најтрагично е што и со таква никаква игра е најдобар наш напаѓач.
Па да, ама и нема некоја конкуренција :D. Многу повеќе очекував од Кеба Сусо, башка и добро почна на припремите и на пријателските во Анталија...
 
Да не испадне на крај „Многу бабици (заинтересирани инвеститори), килаво дете“ работава. Се знае каде и од кого е интересот, а сега за сега од таму повикот е на чекање.

Повикот?


IMG_6291.jpeg


Пред само 12 дена имаа иста објава, за иста соработка со Неуромедика за медицински услуги, сега баш Систина…
 
Толку да нема еден газда у МК со муда да рече еве јас ќе го спонзорирам Вардар ко што имаат албанскиве тимови(трим љум, шкендија, слога, воска). Нашиве се пичкици со мисла па ако сум на Вардар овие ќе ми прават сопки од овие па од оние. А не дека нема газди што имаат кеш.
Од нашиве нема заинтересирани да перат пари преку Вардар, овие другиве што ги спомна за брзо ќе ги видиме колку муда имаат за спонзорирање.
 
Полека со носење заклучоци. Како што и беше напоменато, ПРВ И ОФИЦИЈАЛЕН спонзор за медицински услуги на Вардар е - Неуромедика. Оваа одлука беше донесена принципиелно, затоа што не смее да се заборави нивниот фер пристап и помош кога на Вардар му беше најтешко.

Систина е само партнер, како што убаво и си пишува. Ова е само одлика на функционирањето на клубот во овој момент, а тоа е - не одбиваме помош или спонзорство бидејќи секако немаме константен прилив на средства, но мора да се знае и да се почитува кога некој со години помагал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom