Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дали си сериозен со прашањето зошто е тоа така? Друже уринираат врз клубот, ја го сакам Вардар, го пратам уште од дете сега сум 30години човек, имав страници со преку 5к фанови, уште пред Лико да направи страна, сум пишувал, објавувал сум замислувал дека некогаш ќе дојде време кога Вардар ќе биде клубот на народот, и таа приказна почна и "најголема патриотска партија" не растури, ја сјеба приказната за тоа што не им одговара. И зошто да имам желба да идам на стадион, ја треба да се организирам од Куманово да дојдам у пон у сред пладне да гледам фудбал.. затоа што на нив им се може.. сум давал придонеси, можеби не нешто специјални и големи, ама сум давала, за што? за кого? Да дојде свињата и да не дупи у здрав мозок? Не фала, нека си гледат они, ја ќе си маштам за некои времиња кога Македонија живееше за Вардар, до тогаш, ќе седам на страна, љубовта никој не може да ми ја земе.
 
Се заборава дека навивачите пред се сакаат да гледаат залагање , гинење за дресот, како и добар фудбал. За разлика од тоа добиваат фудбалери со две леви нозе кои ги заболе кур за клубот, не трчаат, се им е рамно. Така не можеш да натераш луѓе да дојдат на стадион. Ја мислам дека македонската лига е најслабата лига во регионот , тука негде може со Црна Гора. Гадливо е за гледање. Кога гледав Вардар -Шкендија , гледав само дека е Вардар , ама едвај чекав да заврши. А пази , загорен сум за Вардар од мали нозе , сум идел на стадион која имало по 10 луѓе. Многу години ќе требаат да за да се промени бројката на стадион.Прво навивачите треба да препознаат искрена приказна , луѓе кои искрено го сакаат и водат клубот. Играчи кои вредат и знаат фудбал , а не пациенти кои рогаат само напред и не знаат топка да водат. До тогаш мака ќе мачиме и со публика, а богами како тргнало и ќе се укине фудбалот во вукојебинава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom