Ја имав честа да му правам интервју пред 3 години некаде, за жал за последниот излезен број од Пивска конверзација.
Отидовме до Волково со прашања кои ги спремив претходно и му ги имавме пратено да ги разгледа. Он се воодушеви од прашањата и не покани во живо да ги одговараме. Ако ви се верува едно 5 саати човекот зборуваше без престан. Не можевме до збор да дојдеме. Му требаше друштво, му требаше да си отвори душата

Ако не станевме да си одиме, уште една недела ќе зборувавме. Ништо конкретно не одговори на прашањата, ама успеав да запамтам голем дел од работите и ги составив одговорите. Му ги пративме да ги види, човекот беше воодушевен и се запна да му ја пишувам автобиографијата

Го одбив, дека немам толку слободно време и некој новинар требаше да му ја пишува, ама не знам што направија.
Инаку имаше мнооооогу пикантерии за бивши фудбалери и тренери кои ги кажуваше, ама на крај остана меѓу нас и не ги објавивме. За многу луѓе што ги сметаме за големи вардарци, немаше добри зборови. Мора да признаам дека уште тогаш човекот имаше доста мака и едвај издржа овие години.
Во прилог ќе го ставам цело интервју. За мене можеби и нешто најдобро извадено во списанијата, иако не е дел од навивачкиот свет.
Не се подредени по ред

Го има доле бројот на страната, па може да го читате интервјуто по редослед.















Васе, почивај во мир.