Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Кировски Џери ставен за тренер на пионери. Овој не би му дал да припари до Вардар :D
Има ли некој критериум за бирање тренери во младиве категории?
Фали уште Попов на петлиња и Тони Мицевски како булдог маскота и да се комплетира тимот.
 
На два тренинга го гледав и морам да кажам дека остави позитивен впечаток. Ќе видиме во сабота на првиот негов натпревар како ќе биде, Вардар против Брегалница во пионерската супер лига. Инаку изборот на тренери е многу лимитиран посебно на сред полусезона воопшто и да нема избор.
Не знам за стручноста, туку секогаш имаше потценувачки однос кон Вардар како фудбалер на Скопје. Како голем навивач на МЗТ, има фаќано страна контра Комити и коментирано на социјални мрежи.
 
Јас зборам за сега како тренер, и не знам колку од вас знаат ама пред да ја земат Комити младинската школа децата наши тренираа во дупка во Ново Лисиче, значи маалско игралиште за фудбал, со по едвај 12 играчи во генерација, со една замена, едвај ги игравме натпреварите затоа не треба да се коментира многу. Се работи да не речам се гине за да децата ги имаат сите услови за тренинг и нивни напредок. За 3 години школата е многу напредната, може многу повеќе меѓутоа условите толку дозволуваат. Изборот на тренери е одличен, сите тренери се на место.
 
НЕ сме ние криви што вие сте пред 2 ра лига.Ви смета што судијата "свири за нас" а не ви смета што кој стигна му направи проблеми на фк Вардар?
Мене лично баш најмалку ми е некој друг крив за ситуацијата , јас сум и за да испаднат втора лига и да се скратат на минимум средствата од општина и да се игра втора лига со минимална поддршка од општината.

Доста е овде со општински пари да се прави забава со години , а и на сама ффм демек еве враќаме старите центри :)))

Шо е до мене не требаше да се отвора насила тогаш како беше трибината колку да има утакмица со две навивачки групи , наместо да си гледат дворот тие пак правеа забава , вештачки спектакл без самопочит ама тоа ти е кога во партија се договара што и како да биде.

Во врска со мак лига од кога дојде Масар и компанија не ни пратам многу , имам изгледано 4-5 утакмици на Пелистер и плус Вардар со искра толку (каде за разлика од вчера утакмицата изгледате ептен ептен добро ). Инаку ваква лига и провидни игри нема ќеф да се гледа се е јасно што се прави .
 
Филип Деспотовски не е можеби добра опција? Откако си замина од Кожуф минатата сезона мислам дека уште е без ангажман.

Има ангажман во Емирати моментално, а пред тоа ја водеше кадетската екипа на МЃП која важи за најдобра моментално во државата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom