Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Секој ќе рече посреќна да ни е, дали воопшто може повторно да доживееме вакво филмско сценарио од соништата времето ќе покаже...Се започна со ракометниот клуб, сите бевме со огромна желба да се најдеме на тој фамозен Ф4 како прв македонски клуб кој ќе испише историја за нашиот ракомет, а подобро не можеше и да биде запишана...Можеби нема да ја памтиме цела сезона, но напнатоста, адреналинот, емоциите и она чувство кога мислиш дека срцето ќе ти излета нема никогаш да се заборават од Ф4 и кој знае дали може повторно на сличен начин да се доживеат...Во еден пеколен натпревар кој што го пратиш како животот да ти зависи од него, каде што се исклучуваш од се и постојано со огромна доза на страв гледаш и се плашиш од најлошото она што ни се случува секогаш на било кој македонски спортски колектив и.....дами и господа ЛУКА ЦИНДРИЌ ИМ СЕ СЛУЧУВА...
И тука како што би рекол Коњаникот, натпревар кој само на маалското игралиште можеш да си го изрежираш, промашуваме напад за титула, овие се враќаат во игра си викаш немој барем сега, не пак, остануваат 7 незаборавни секунди, 7 секунди живот вредни, очекуваш или со фаул да не акнат од земја или од паника да им испадне топката, или не дај боже и шанса да им направиме, оди топката на крило, позиција од каде што мислам дека имаме убедливо најмногу промашувања во клучни моменти ииииии.........ГОООООООООООООООООЛ, ГООООООООООООЛ И ТРЕТ ПАТ ГОООООООООООЛ ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛААААААА ИВААААААН ЧУПИЌ 



Но, што се случи Вардар изгледаше како европски гигант спрема реномираниот Фенербахче и победи со 2:0, не 2:0 и 4:0 не беа гаранција за влез во ЛЕ, знаејќи што ни се случи со Копенхаген, големината на Фенербахче и што се може да се случи во фудбалот и зошто е најинтересен и најнепредвидлив некогаш за среќа некогаш за жал...И што се случи таму?




но чувството да го гледаш Вардар во ЛЕ во четврток на ТВ како гостува во фудбалски храмови далеку во Европа, како Фелипе во стил на Марадона дава гол вреден за 5, како Шиле постигнува волеј еврогол во стил на најдобрите фудбалски мајстори, како Розенборг се спасува од пораз во Скопје, Како се пее Ја излези Ѓурѓо, како се навива цело трето полувреме и покрај катастрофалните порази, како гостинските навивачи со полн респект го скандираат името на Вардар, како си правиш фешта по дома и покрај тоа што губиш...Дечки и од РК и од ФК фала ви и засекогаш ќе бидете наши херои 



нека земат и жениве ЛШ време им е
Да имаме уште подобра дружба на трибина и надвор од неа, ВАРДАРСТВОТО да продолжи за нас, да живее Вардар и Македонија


Одлично засилување би бил, за играње фудбалче на сони плејстејшн.Марко Симоновски завршил со Лахти (Финска), па би бил добро засилување за нападот. Максимов не е ништо подобар од него.
Според тебе кој би било добро да се потпише?Одлично засилување би бил, за играње фудбалче на сони плејстејшн.
Не се заебавајте со вакви играчи.
Солзи ми течат кога читам дека сме ги потпишале играчине набројани погоре кои доаѓаат од Пелистер.
Се изјаснив пред некој пост, реално нема потреба од носење на играчи со ист квалитет како оние кои ги имаме.Според тебе кој би било добро да се потпише?
Подобро да игра некој како Матеј него некој србин од Чачак за кого нема место ни во Борац.
Znaci i vardar so 5 igraci...so ToshevskiПрегледај го приврзокот 183023 Spored angliski portal
