Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
kaj gledas ova tocno uste kolku karti se ostanati .
pusti link ako e od ticket plus
Треба да ги собереш расположливите карти од сите блокови на ticketplus за да ја добиеш бројката :D
Моментално има 19.453, но со оглед на тоа што некои не се пуштени во продажба, не им се знае точно.
 
Кога веќе во таканаречениот фан шоп имаш избор ко у селска бакалница, има некој да ми препорача кај би можел да си направам знаме Вардар или најдобро да си нарачам од Али Експрес?
 
Добра организација од Комити, блок карта на запад за трите домашни натпревари е 600ден, плус гратис мајца. Во опција е давање и на сезонски за запад! Одлично се работи, дај боже да грмне запад како што доликува на 14ти.
 
Кога веќе во таканаречениот фан шоп имаш избор ко у селска бакалница, има некој да ми препорача кај би можел да си направам знаме Вардар или најдобро да си нарачам од Али Експрес?
Игла и конец у рака брат и плети.

п.с Само немој да се навлечеш на игла :D
 
Кога веќе во таканаречениот фан шоп имаш избор ко у селска бакалница, има некој да ми препорача кај би можел да си направам знаме Вардар или најдобро да си нарачам од Али Експрес?
Си правиш дизајн каков што ти душа сака и одиш во Унипрес (кај Универзална).
 
Штета за Максимов :(. Па ако сме толку во право и нема никаков проблем што не изреагиравме до Уефа и не средивме работа??
 
На тикет плус има уште 19 600 карти, не се пуштени блок 11,12,16, 22, а највероватно и некој други редови од блоковите, пошто така правеа и со Фенербахче, купив за блок 2 имаше само 4карти останати после отварам гледам имаше уште 300плус пуштени.. Така да за блок картите со оглед на нашиот менталитет и не иде лошо продажбата до сега иаку може подобро, само за поединечните ќе има многу малко време да се купат после од 11 до 14ти, а ништо чудно до тогаш да се продадат само уште 2/3000 блок карти, што е малку за да биде барем добро пополнет стадионот.. Според мене не се искористи ниту мал дел од можностите кој ни ги нуди Лига Европа, квалитетни утакмици, квалитетни противници и голема еуфорија.. па можеше емисија за Вардар во ударни термини на МТВ, реклама за натпреварот, добар маркетинг со картите за да се привлечат барем мал дел од публиката и на првенствени натпревари, да се обои градот во црвено - црна боја.. Сето ова би придонело главна тема да е Вардар, да се дигне клубот на повиско ниво, да пораснее еуфоријата до максимум. Би можеле и легендите да поделат по некоја карта на дечиња во средно или основно учииште.. Абе идеии има еден куп, проблем е што ние симпатизерите/навивачите гледаме многу поразлично на клубот, како нешто наше, блиско, свето, а они повеќе како на работа и обврска која мора да се заврши не битно дали е квалитетно, иновативно и успешно завршена, и жално е што овој клуб има потенцијал да прерасне во голем клуб, има име, традиција, историја, свој стадион се наоѓа во главниот град,сега плус и игра во елитно натпреварување, само треба паметно да се работи, сега за сега се чека се само од себе да се направи.. Едино што ме радува е оној потег со Комити ги намлија цените за блок билети, и како што гледам они тоа добро го користат..
 
Штета за Максимов :(. Па ако сме толку во право и нема никаков проблем што не изреагиравме до Уефа и не средивме работа??

Тракаи прави проблеми и го пријавија трансферот како нелегален, сега ќе се чека на ФИФА, ако испаднеме во право би требало да може да го регистрираме и за домашно првенство и за Европа Лига, ама за Зенит нема време такво нешто да се случи.. Штета ќе биде да ја преспие цела полусезона, бар во домашно да игра..

Иначе, околу картиве.. Според мене далеку од солидно иде продажбава, во некои други времиња, пред само 4-5 години, гарантирам дека цел стадион ќе беше распродаден со блок-билети, па и поскапи да беа картите.. Каква само еуфорија имаше за со Бате, и целата таа сезона, првата утакмица со Работнички имаше скоро 10 илјади на Градски, после све некако спласна. Не знам што се случи за ваков пад, и кај Комити и општо кај луѓево, никаков интерес за спорт воопшто, кошарка исто какви само дерби утакмици имаше, фул сали, навивачки групи, сега како да не се игра воопшто. Ракомет.. да не беше успехот на Вардар и таму уште повеќе ќе тоневме, па требаше да дојде 1/4 финале со Фленсбург за полна сала. Колку и да се неписмени во управа за привлекување гледачи, маркетинг, ама да збориме реално, подобра реклама од резултатите летово и групна фаза во Лига Европа, нема. Трубевме за европски Вардар, за добар фудбал, епа еве, и пак ништо. Јас лично сум ептен разочаран, треба да гори Скопје оваа есен, а ние тука се плашиме дали бар 20 илјади ќе има..
 
Ќе биде полн стадионот луѓе полека на сите ќе и текне вторник среда абе да гледаме Зенит,такви сме Македонче во 15 за 12.А и не е крив народот,во Скопје незнам како е кај нас на Истокот до 15ч си на работа и може во 14 и 30 да ти каже денеска до 18 ке работеме и незнаеш дека да тераш.Така да полека.Велковски и Муслиу искинаа страшни играчи се така да има Вардар одлични дефанзивци,ме изненадија и двајцата со играта шо ја покажаа и во двата натпревари.Во Четврток ќе квиче Зенит.[DOUBLEPOST=1504797744][/DOUBLEPOST]Ердон Даци потпишал за Коњаспор од младинците
 
Последно уредено:
Абе не сме ние Хајдук па со блок карти ке пуниме , не сме навикнати ние на вакви работи и народот ке си купува поединечно за секој натпревар ..
Друга работа , многу си викаат зошто да се купи блок и да се трошат кога пример може мечот со Розенборг да нема значење ..
Ок е ова од управа со блокови , не се криви оно што народот не е навикнат ..
За инфото од Комити браво , потег кој треба да донесе поголема бројка бидејки 600 ден е стварно одлично , има деца што не работат и не можеа да си дозволат , вака супер !
 
Незнам вие што очекувавте, али ако се стигне до бројка од 10 000 продадени блок билети би било одлично. Не секој може да си приушти толкава сума на пари да ги даде наеднаш.
Башка добар резултат со Зенит на првиот натпревар, на кој очекувам полн стадион, гарантира полн Градски и на следниот натпревар.
Слаб е маркетингот, тоа милион пати сме го дискутирале на темава али секој што му значи Вардар, бар во денешно време може лесно да се информира за се околу тимот и натпреварите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom