Хах, се навредил : ))) Беше прашање на време кога ќе се деси ова. Се шушкаше уште од лани дека сака да ја спрашти кога виде колку е саат. Факт е дека клубскиот спорт и дефинитивно ќе поцрка сега. Незнам кој би се нафатил да инвестира освен ако не е пак перење пари, ама па што би била во тој случај разликата? Школите не верувам дека се развиле до тој степен да бидат основа за инвестиција.
Па во спортот (и уметноста) секогаш се вртеле сомнителни пари... Демек на друго место се морални пуританци ги водат клубовите, лигите, меѓународните федерации.
Нема спорт без да се вмеша државата (директно или индиректно), да се мотивираат финансиски моќни групи или поединци, или тие моќни финансиски групи да пробаат да пронајдат свој интерес... да се оствари влијание преку спорт, за таа, а и друга цел да се завртат и пари кои тешко ке се завртат на друг начин. Од држава до држава само зависи колку е во се вмешана државата, а колку некои други (финансиски или не знам какви) групи.
Спортот секогаш бил повеќе од обична борба на терен...