Еве го долгиот хајлајтс од Најденов:
Има ли инфо кои други играчи се планирани да дојдат?
Шпекулации беа само за Најденов, ништо конкретно засега, зависи и од евентуалниот трансфер на Спировски во странство, иако според мене одлично би било да го задржиме Спировски и плус да го земеме Најденов, со оглед на тоа што Бабунски не верувам дека е возможна опција
Иначе, според тоа што се пишува по медиумиве поблиски до Вардар (мак. спорт, спортмедиа, па и Црвено-црно семејство на фејсбук

), планираат да земат шпиц којшто најверојатно ќе биде странец. Не поврзаа со еден куп имиња, доста квалитетни играчи се спомнаа, ама на крај ко по обичај ќе потпишат некој скроз десетти. Не знам дали носењето на везњак зависи од евентуалното заминување на некого, според мене секако треба да се носи играч за таму, освен ако не го планираат Демири за во среден ред.
Можно е и да се одлучат за нов штопер, Мијушковиќ си отиде, а пред некој ден екипа.мк пренесоа дека агентот на Новак наводно во странски медиум дал изјава за можен трансфер. Овие не се многу за верување, ама со оглед на ограничениот број на странци, носењето на грузиецот и плус Барсегјан ако се врати, може да значи дека и Новак ќе си иде, а на негово место би се земал штопер македонец. Муслиу највеќе се спомињаше како опција, и најверојатно ќе завршиме со него.
Отприлика, тоа би било тоа, уште 2 до 3 нови играчи, шпиц, везњак, штопер се позициите кои би се засилувале, и едино ако си отиде Брдаровски да донесат десен бек како бек-ап опција.