S
SSS-Stolica
Гостин
Tрифун Костовски заедно со вториот колективен член од Собранието на клубот предводен од Орце Камчев се низ разговори со неколку домашни и странски компании кои треба да го зацврстат идниот финансиски изглед
Трите колективни члена од Собранието на ФК Вардар деновиве се низ активни меѓусебни разговори околу начинот на трансформација на најтрофејниот македонски клуб за следната натпреварувачка сезона.
Желбата кај трите страни актуелни одлучувачи за иднината на "црвено-црните", групацијата "Гофи", компанијата "Мода & спорт" и Иницијативниот одбор за спас на клубот, е недозволувајќи да се повторат зимските случувања до крајот на месецов комплетно да се разгледаат сите модули за реорганизација на клубот и дефинитивно да се донесе конечна одлука според која ќе се крои раководниот, организацискиот, но и финансискиот изглед на тимот за следните четири натпреварувачки сезони.
Едногласни се размислувањата дека најтрофејниот македонски клуб не може да функционира во иднина согласно пролетниот длабоко редуциран буџет кој не дозволува воопшто никакви шампионски амбиции, не соодејствувајќи воопшто со реномето и рејтингот на клубот. Токму поради тоа во тек се разговорите за зголемување на буџетот, а како што и претходно објавивме, основната идеја е трансформација на ФК Вардар во акционерско друштво, најблиску согласно начинот на трансформација на сплитски Хајдук со што ќе се привлечат и други финансиери заедно со актуелниот главен финансиер, Трифун Костовски.
"Желбата е да се избере модел на акционерска трансформација кој ќе ги привлекува, а не оддалечува, евентуалните инвеститори. Затоа и течат меѓусебните разговори", велат од раководството на "вардарците".
Според нашите информации, Трифун Костовски сосема извесно и натаму ќе остане дел од тимот од "Градски" иако официјалната одлука за формата и висината на неговото финансирање ќе зависи од одлуката за моделот на трансформација. Согласно најавите Костовски е подготвен да се откаже и од сопствените побарувања од поодамнешни спонзорства на "вардарците" во висина од околу 360.000 евра со цел преку вистински издржана форма на правна реорганизација клубот да се трансформира во акционерско друштво.
Но, повеќе од јасно е дека тешко изводливо во извонредно краток период, некаде до 15 јуни, ќе може комплетно да бидат исполнети плановите за трансформација во акционерско друштво кое, посебно во домашната фудбалска средина, е процес не така лесно остварлив.
Па затоа, меѓу разгледуваните варијанти останува и онаа сепак Трифун Костовски и Орце Камчев да ја продолжат пролетната соработка на начин со што само за следната сезона постојниот буџет ќе биде зголемен со влез на два до три нови финансиери. Во таа насока Костовски и Камчев наредниот период треба и да ги активираат разговорите со неколку домашни и странски компании кои би требало да го зацврстат и финансискиот изглед. Не се тајна ни желбите, во обидот да се донесе секој значаен денар во касата на тимот од "Градски" да се оди низ следниот преоден рок на продажба на некој од стандардните првотимци кои се под договор со клубот.
СЕРИОЗНИ ПОНУДИ ЗА НЕКОЛКУ ФУДБАЛЕРИ
Поискусните првотимци пред заминување
Неопходноста од итно решавање на идниот начин на функционирање на најтрофејниот македонски клуб ја налага и потребата од разговор со актуелниот играчки кадар, како и со членовите на стручниот штаб кои не смеат да бидат оставени низ постојана неизвесност и пред следната натпреварувачка сезона.
За поголемиот дел од поискусните првотимци договорите со Вардар завршуваат во јуни. Не е тајна дека за Пачовски, Глигоров, Марковски, Ристовски, Ѓошевски, Емурлаху, Јанчевски веќе има понуди за промена на средината..., при што кај дел од нив желбата за продолжување на кариерата во странство е пресудна. Едногласен е ставот на сите нив дека доколку останат во Македонија, Вардар во секој случај е нивната единствена опција, но не под финансиските услови под кои настапуваа оваа пролет.
Инаку, на последниот состанок на членовите на Собранието на Вардар, Трифун Костовски назначил дека деновиве треба да се разговара со сите фудбалери и стручниот штаб на кои им истекуваат договорите со клубот за да се случнат и нивните услови за продолжување на соработката со што би се креирал и идниот буџет.