Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
http://fkvardar.mk/article/vesti/po...tprevar_so_mladost__carev_dvor_-8964-7299-122

Конечно некоја објава од управава скапана, ништо чудно намерно да ги снема пред утакмициве со Пелистер и двеве со Шкендија што следат.

Иначе, играчите кои настапиле против Младост Царев Двор: Павловиќ, Најдоски (Илиески), Грнчаров, Бојовиќ (Велковски), Љамчески, Темелков, Серафимовски (Личина), Деспотовски (Ацевски), Петров(Апостоловски), Ф.Ивановски (Сулејмани), Распашковски (И.Ивановски).

Кои се новиве имиња па сеа, од младинци некои или ? И што е со Миранјан, влезе само два или три пати по 10-15 минути, гледам утакмицава не играл а и на официјалната веб-страна го нема во составот?! Според текот на кариерата делуваше доста надежен, бар за нашево првенство треба да биде одличен и да се форсира. Ваљда не го зимаат и за Ерменија за сениори туку така.. а играл и за младинските категории на Украина (скоро сите) и бил капитен на Шахтјор лани во младинската ЛШ ...
 
Сега апсолутно нема никаква причина да не се иде на стадион. Клубот е стабилен, има спонзорства, кадарот си добива редовни, а и високи плати за ова подрачје, прв е на табелата, така да ви преостанува само да си работете на бројката на стадион без оглед на тоа каква е ситуацијата на другите клубови во Македонија.
 
Миранјан беше повикан за Ерменија.

Знам дека беше, не си ме сфатил убаво, поентата ми е зошто во Вардар нема никаква минутажа, еве играа пријателска а ни таму не играл, а е во составот за Ерменија веќе редовно, иако сеуште не игра. Туку-така во Шахтјор не се стигнува до младинска школа, а Артур ако не се лажам беше капитен лани за младинската екипа на Шахтјор која настапуваше во младинската ЛШ..
 
Значи нема износ на спонзорството, некој од поврзаните со клубот таква информација да не има?
 
Му треба време на дечкото а инаку нз дали стигнал од Ерменија за мечот со Царев Двор.Како и да е ако се развива добро овој играч може да стане лидер на тимот а се рабзира и достојно да се заработи од него кога ќе дојде време.
 
Му треба време на дечкото а инаку нз дали стигнал од Ерменија за мечот со Царев Двор.Како и да е ако се развива добро овој играч може да стане лидер на тимот а се рабзира и достојно да се заработи од него кога ќе дојде време.

Ау колку се испомешав, знам дека беше повикан за репрезентација и упорно се чудам зошто не играл со Царев Двор :icon_lol:
 
И што викате, публика на стадионите немало, а?

Вардар и Шкендија реванш осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија ќе го одиграат идната среда со почеток од 15 часот на арената „Филип Втори“ поради барањата на Македонската телевизија за директен пренос од дерби-дуелот.

„Ние сакавме мечот да се игра од 16 часот, но поради барањето на МТВ да има пренос од средбата, прифативме да биде од 15 часот“, вели извршниот директор на Вардар, Самоил Симев.
 
Грозданоски: Се надевам дека во Тетово нема да се повторат сцените од Белград!
DD1_9733-624x468.jpg

Офанзивниот играч за врска на Вардар, Влатко Грозданоски, очекува дека на големото дерби од Првата лига, против Шкендија в недела во Тетово (14.30ч.) нема да има политички провокации.

Тој верува дека немилите сцени кои се случија на квалификацискиот меч меѓу Србија и Албанија во вторникот во Белград нема да бидат пример и за навивачите на дербито и се надева дека нема да има никакви инциденти.

„Се надевам дека нема да има такво ништо. Тоа што се случи во Белград е срамота, нема никаква врска со фудбалот. Воопшто не е во ред кога се меша политика во спортот. За такво нешто треба да има ригорозни казни бидејќи местото не му е на стадионите“, категоричен е Грозданоски.

Минатото дерби меѓу овие две екипи во Тетово не помина без проблеми, откако по завршувањето на осминафиналето од Купот на Македонија со камен во главата беше погоден голманот на Вардар, Игор Павловиќ.

„Се надевам дека овој пат ќе биде сѐ коректно, на „Филип Втори“ секогаш Шкендија била пречекувана коректно, никогаш немале поголеми проблеми, па се надевам дека така ќе биде и во Тетово. Овој меч ќе биде пекол за нас, бидејќи очекувам да има полн стадион, нешто што не беше случај минатиот пат зашто дуелот се играше во текот на неделата“, објаснува Грозданоски.

Двата ривали ќе се сретнат уште еднаш идната среда, кога се игра реваншот од осминафиналето на Купот, во кое Вардар на „Филип Втори“ ќе брка негатива од 1-2 по првиот натпревар.

„Таа средба ќе биде сигурно потешка зашто имаме негатива, но сѐ уште не размислуваме за неа. Прво мислиме и сме сконцентрирани само на оваа в недела, а од понеделник ќе мислиме на Купот“, вели Грозданоски.



Поише ќе му се исполнеше да кажеше: - Се надевам дека утре сонцето ќе изгрее на запад.
 
Спортска среда со нова двојна програма!

По двонеделната пауза поради репрезентативните настапи, ФК Вардар одново ќе биде активен на Македонската фудбалска сцена. Викендов го играме дербито во Тетово против шкендија, но одново од домаќините нема дозвола за гостински навивачи. Нашиот обид да гостуваме ненајавено пред месец дена заврши со кривични пријави за сите Комити кои беа дел од гостувањето, па не ни преостанува ништо друго освен добро да се подготвиме за куп мечот против истиот овој противник. Шкендија во среда доаѓа на Градски со предност од 2-1, предност која мора да биде анулирана. Вардар веќе им покажа како се игра на нашиот стадион, овојпат сите посакуваме реприза од првиот наш годинешен меч. Веќе долги сезони Вардар нема успех во Македонскиот куп, затоа време е сезонава да атакуваме на двојната круна. Гостите на неспортски начин го завршија првиот дуел од купот на нивни терен, и се тоа помина не казнето од ФФМ. Додека за Вардар следуваат казни за скандирање ФФМ мафија, за Шкендија казните се минимални дури и за удар на противнички играч со камен. Сите заедно да направиме еден навивачки пекол за играчите на екипата која е миленик на ФФМ, затоа што овојпат не смее да излезат со кренати глави од Градски како што беше случај во полуфиналето на купот пред две години, кога полицијата без причина удри по Комити.
Како најава за овој меч, ќе има дефиле со автомобили кое ќе започне во вторник (22.10.) во 19 часот од "АВИОНЧЕ" во Ново Лисиче. Крајната дестинација ќе биде последна 19-ка кај Сити Мол. Апел до сите кои имаат автомобили и се во можност да бидат присутни, задолжително да дојдат на дефилето со цел да се направи што е можно поголем караван.
Разбудете се Скопјани, разбудете се Македонци, на ФК Вардар во среда му е потребна голема поддршка!
ШКЕНДИЈА САКА РЕПЕТЕ!
Собир за утакмицата: ФОНТАНА 13 часот
Цена на картите: 100 денари (блок карта, фудбал+ракомет, нема поединчено продавање на карти!)
Дрес код: Сите во црно

После фудбалот следува дуел од ракометната СЕХА лига. Сефтето во Аеродром од ова натпреварување го имаме против Раднички кој е еден од послабите тимови во лигата. Тоа сигурно не значи, дека никој не треба да иде на оваа утакмица бидејќи очигледно нема да биде интересна колку ЛШ дуелите. Напротив, навивачите треба да се крај тимот во секој меч. Токму на фудбалскиот и ракометниот дуел во среда се гледаат вистинските навивачи, а не на мечевите во кои има тепачка за карти само затоа што се работи за мечеви од Лига на шампиони.
Од фудбал се продолжува директно на ракомет, собирот е кај МАЈЧИН ДОМ во 17 часот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom