Не го видов црвениот на Јовановски ај некој нека каже зошто доби?
Доби два жолти. Првиот стартуваше остро, ама стартот беше на топка и неправедно доби жолт картон. Вториот старт му беше оправдано санкциониран. Спречи акција на Брегалница со старт на половина од теренот во 87-ма минута. Милевски ептен се изнервира кога виде

Си коси Мики, ако нешто е позитивно кај него, само таа одлика ми се допаѓа

Инаку треба да сме многу среќни што победивме. Иако мечот почна некако приспивно сепак заврши како доста интересен меч.
Штипјани се палеа дека местено било, ама од она што се случуваше во последните минути никој не може да ме убеди во тоа

Одма се виде што значи Деспотовски кога го имаш во составот. Царуваше на средината, одлични топки делеше и пред се одлично затвораше. Еден куп акции им спречи, што со одземање на топката, што со тактички изведени фаули. Знае да исфаулира во клучен момент а да не биде тоа остро како Мики на пример што прави и да добие картон...
Не знам од која причина игравме без Таневски. Бојовиќ и Дади стартуваа, со Рељиќ и Цикарски како бекови.
Најслаб играч на теренот беше Стојков на лево крило. Хименез солиден, Адемовиќ во рамки на можностите, Темелков очаен...
Голот падна по една убава акција, кога Деспотовски испрати добар пас до Хименез, овој убаво нафрли, Адемовиќ одлично ја прими и биеше за 1-0.
Брегалница брзо се консолидираше. Христов нанижа неколку наши играчи, биеше топовски од раб на шеснаесетник, Захов беше совладан, но не спаси стативата

Брегалница почна да напаѓа, но ние ги имавме шансите.
Стојков два пати се посрамоти.
Еднаш доби топка во празно, искочи сам но биеше над голот

Вториот пат, му додадоа во шеснаесетникот при еден корнер, и му се сплетка топката во нозе иако беше во одлична позиција за гол.
Едноставно е мртов на теренот, не се труди и не се враќа наназад како Хименез на пример. А пошто и Цикарски оди напред, левата страна одново ни беше кршоина...
Петров заработил повреда со Турново, а и Георгиев беше на трибините, се здобил со повреда против Ренова.
Второ полувреме ептен бевме крш. Паднавме кондиционо. Темелков беше тотално изгубен, затоа лесно ни се шетаа по средината. Ептен бевме повлечени, само Адемовиќ беше на нивна половина. Антиталент е типов човече, може даде гол, ама се надевам дека освен како резерва, нема да заигра како стартер друг пат

Првата шанса во вториот дел ја имаше Брегалница. Имено еден нивен играч со рака (судијата не виде) ја смири топката пред нашиот гол, но во последен момент некој од нашите дефанзивци го блокираше шутот. Брегалница напаѓаше, ама многу ја врткаа топката пред голот. Имаа и еден убав шут од далеку кој заврши до стативата.
Вардар ја имаше најголемата шанса преку Хименез. Деспотовски му даде топка во празно, Хименез истрча пред голот, биеше со надворешна но топката мина до стативата.
Во второ полувреме комотно можеа црвен да добија и Штипјани откако неколку пати го сопираа Хименез со стартови откако ќе ги поминеше.
Не ми е јасно само како може антиталент ко Темелков да ги изведува прекините

Место Адемовиќ влезе Асани. Кажав овој мора да е од Батинци и стварно погодив


Играше како лев бек и имаше една добро украдена топка, добро изведен корнер и една добра акција. Одличен прв впечаток

Последните 10 минути беа најмачни. Целосно се повлековме, а само Темелков беше најистурен

На трибини околу 500 гледачи, од кои повеќето Штипјани, меѓу кои и 80-тина членови на Фаланга. Се палеа цело време, пееа за 63-та, за Миравци, и некои многу лоши препеани верзии од Скопските навивачки групи. Ужас жив

Имаше и членови на УГЕ кои по мечот се сликаа со играчите на Вардар и се пееше Гелзенкирхен-Скопје

После мечов не ми е јасно само што е со Симјановски???

Заревски бил толку дрво што сите се крстат околу тоа кој го донел во Вардар

Се очекува да дојде Бујчевски и реално со него во тимот, со фит Георгиев, и обавезно со уште еден средњак, Спироски по можност би можеле да се бориме за титула...
--- надополнето: 29 август 2013 во 00:52 ---
Не сме биле ние што се палиш

Го знам од друго место детево, ми го имаат спомнувано некој од младинците на Вардар, сигурно не е од инцидентов
