Фан Клуб: Валенсија

Би сакал да ги избегнеме Челзи и Баерн, другиве о кеј се...па и да бевме прво место може ќе налетавме на Интер, Милан, Рома, Арсенал,Лион...мада се е во среќата да се надеваме дека во ждрепкава ќе имаме среќа
 
Zdrepka.png


На ждрепката следната недела Валенсија ќе добие некој од горните екипи како противник во осмина финалето. Валенсија може да ги победи сите екипи, но „најслаба“ од сите на прв поглед е Шалке 04.

Тотенхем игра перфектно во ЛШ, што неможе да се каже за игрите во Премиер Лигата. Во ЛШ играат премотивирано бидејки им е прва сезона во натпреварувањето, и ќе сторат се што можат за да стигнат што подалеку во натпреварувањето.

Истото може да се каже и за Челси кој во моментот се наоѓа во мала криза, но осминафиналниот натпревар се игра во февруари, па така до тогаш можат да се вратат повторно во одличната форма од почетокот на сезоната. Ќе биде интересен евентуалниот дуел со Челси, за да им вратиме за елиминацијата од пред неколку години. :)

Германските екипи исто така се други кога играат во Европа. Баерн Минхен би било интересно да го добиеме и да се пласираме во 1/4 финалето на пенали. :)
Шалке иако изгледа како најслаба екипа од ривалите, може да изненади во ЛШ, најмногу поради Германското во себе.

Шахтјор е најголемото изненадување оваа сезона и никако не би биле лесен залак за Валенсија, имајки во предвид дека Валенсија веќе беше елиминирана од Украинска екипа - Динамо Киев но овојпат во Лигата на Европа пред две години.

Иако сметам дека Валенсија може да ги победи сите горенаведени екипи, би сакал да се паднат според овој редослед: Шалке, Шахтјор, Тотенхем, Баерн Минхен, Челзи.
 
63903_10150100264431672_644871671_7249727_5855590_n.jpg
.

Стрипчево значи во целост го отсликува натпреварот со Реал во саботата:pos2:.А што се однесува до ждрепката и јас би сакал да го извлечеме Шалке мада кој и да ни се падне со сите можеме да се носиме.
 
^ Зa ситуацијата во Шпанската федерација и нејзиното милениче Реал Мадрид, говори денешната одлука за казна на Албелда од два натпревари за непостоечкиот црвен картон на мечот со Мадрид! :nesvest::tapp:
А да не зборуваме за Серхио Рамос кој за инцидентот на Ел Класико доби забрана за настап на само еден натпревар...:kesa:
 
Тешко ќе им биде на Валенсија со Шалке. Јас мислам дека Шалке ќе биде понасочен кон ЛШ одколку Бундес:pipi:

Моја прогноза е дека ќе отпадне Шалке:toe:
 
Па мајку му ј***м време беше среќата да се заврти малце и на наша страна,првин Шалке:pos2: сеа и победа во 88+ минута,ваљда работите ќе тргнат во нагорна линија и во наша корист од сега па натаму.Околу играта нема што многу да се коментира прилично израмнето (бледо) издание и на двете екипи но на крајот на денот сепак бодовите се битни :smir:.
P.S Que golazo de Tino Costa!!!:vozbud::vozbud::zver:-иште

Слики и хајлајтс од натпреварот:

1292716065391_enviofotografos_20101219_002031.jpg

1292716065391_enviofotografos_20101219_002305.jpg

1292716065391_enviofotografos_20101219_002246.jpg

1292716065391_enviofotografos_20101219_002328.jpg

1292714510741_enviofotografos_20101218_231118.jpg

1292716065391_enviofotografos_20101219_002637.jpg

1292716065391_enviofotografos_20101219_002753.jpg

1292716065391_enviofotografos_20101219_002614.jpg


 
Французинот Адил Рами ќе потпише со Валенсија

n_valencia_fichajes-2406110.jpg


Играчот на Француски Лил, Адил Рами ќе биде нов играч на екипата на Валенсија. Според Францускиот весник Л’Екип, одбранбениот играч има постигнато договор со тимот од Местаља за следните три сезони и половина, а трансферот би ја чинел Валенсија околу 6 милиони евра. Договорот беше постигнат од Мануел Љоренте претходната недела, кога претседателот на Валенсија не присуствуваше на натпреварот против Осасуна на Местаља.

Престижниот Француски весник тврди дека на крајот од сезоната Адил Рами ќе го напушти Лил и ќе замине во Валенсија каде ќе остане се до 2014 година, иако не се исклучува можноста играчот да се придружи на тимот на Унаи Емери и во зимскиот преоден рок. Како и да е, Французинот ќе биде првото засилување за Валенсија за новата сезона.

Се’ се случило пред точно една недела. Претседателот на Валенсија, Мануел Љоренте, не присуствуваше на натпреварот против Осасуна на 13 декмври, и по многуте шпекулации за неговото отсуство се потврди дека Љоренте бил во Париз каде го склучил договорот за новиот играч на Валенсија.

Се работи за централен дефензивен играч, кој се истакнува со својата височина (190 см). Има Мароканско потекло, а целата негова кариера е поврзана со тимот на Лил. Минатата сезона го посети стадионот Местаља при одигрувањето на натпреварот од рамките на Лигата на Европа.
_________________________________________________

Одлична зделка на управата на Валенсија која успеа да стигне до Французинот кој го бараа во многу европски клубови. Рами е еден од најдобрите млади дефанзивци во Франција, има 24 години, висок е 1.90 и игра за Француската репрезентација. Што да се каже повеќе :)

Исто така се зборува дека Валенсија ќе потпише и со играчот на Мајорка Чори Кастро кој има дадено 4 голови оваа сезона, на местото на Висенте Родригез кому според многумина нема да му биде продолжен договорот со Валенсија.
 
ова сакав да го пишам ))) супер вест за Валенсија
иначе Висенте е легенда треба да му се продолжи договорот ако сака со помала плата и така кој и да дојде ќе биде замена на Мата па нека биде Висенте ) легендааа е
 
Еве и официјално: :vozbud:

n_valencia_los_jugadores-2453453.jpg

Валенсија и официјално постигна договор со екипата на Лил за трансферот на Францускиот дефанзивец Адил Рами. Фудбалерот кој ќе остане како позајмен играч во Лил до 30 јуни 2011 година, ќе се приклучи на тимот од Местаља во првите денови од јули годинава.

Иако клубот сеуште официјално не го објави износот на трансферот, Французинот би требало да пристигне за околу 6 милиони евра, а ќе потпише договор со Валенсија до 30 јуни 2014 година.

Адил Рами кој штотуку наполни 25 години, има Мароканско потекло иако одбра да настапува за Француската репрезентација, каде е стандарден играч откако Лорент Бланк ја презеде селекцијата.

n_valencia_los_jugadores-2453520.jpg

Новиот играч на Валенсија по објавувањето на трансферот, преку официјалната веб страница на Валенсија изјави дека е среќен што го исполнил својот сон да игра во еден од големите Европски клубови. Според него Валенсија е доста позната во целиот свет, како и во Франција, а тој успеал да исполни една од целите кои секој фудбалер си ги има поставено.

Рами исто така изјави дека сака добро да ја заврши сезоната во Лил, на кој му должи многу бидејки тоа е екипата во која поминал голем дел од неговата професионална кариера. Сепак од јули ќе даде се’ од себе за својата нова екипа.

За својата нова екипа, Французинот изјави: „Ми се допаѓа проектот на Валенсија, со млади фудбалери, со амбиција да сторат големи нешта, во екипа која секоја сезона има за цел да биде што повисоко на табелата. Оваа година Валенсија покажа дека е една од најсилните екипи во Лигата на Шампионите, и се надевам дека ќе стигне што подалеку.“
__________________________________________________

Инаку еве ги гестовите на Унаи Емери вчера против Еспањол; Роки :pos2:

 
Жонас: „Веднаш се јавив дома за да им кажам на моите колку сум среќен“

n_valencia_los_jugadores-2593683.jpg


Жонас Гонсалвез засекогаш ќе го памети овој датум во својата кариера. Во просториите на Леванте Мотор Сеат, кој е еден од спонзорите на клубот, се оддржа денеска и официјалната презентација на Бразилецот како играч на Валенсија.

Бразилецот пресреќен пред многуте новинари кои се појавија на презентацијата, изјави дека сето ова претставува остварување на неговите соништа.

n_valencia_los_jugadores-2593994.jpg

„Мојата најголема желба ми беше да бидам дел од големите европски екипи, и еве ме сега во Валенсија. Не очекував таков прекрасен пречек. Веднаш се јавив на моите во Бразил да им кажам што се случува и колку среќен се чувствувам овде.“ – изјави Бразилецот.​

Со самото пристигнување во градот, Жонас ја покажа својата скромност и желбата да биде дел од клуб каков што е Валенсија. Му се допаѓа Местаља, му се допаѓа градот…но тоа што најмногу му се допаѓа е екипата.

n_valencia_los_jugadores-2593998.jpg

„Иако имам голема желба да настапам во дресот на клубот, знам дека ќе морам малку по малку да се вклопувам и да покажувам што знам.“ – призна играчот. Слоганот Амунт Валенсија се слушна повеќе пати од страна на Бразилецот кој не ја криеше среќата пред присутните.

„Никогаш во животот не сум видел толку камери и новинари околу мене, ова е неверојатно.“ – одговараше Жонас на присутните новинари. Еден од најемотивните моменти за Жонас беше кога во позадина течеше видеото направено од клубот како тој пристигнува на Местаља, остварувајќи го својот сон, а притоа слушајќи ја неговата омилена песна „Meteoro“.

n_valencia_los_jugadores-2593970.jpg

„Ќе играм кога така ќе одлучи тренерот. Подвижен сум во нападот и играм слично како Робињо.“ – изјави Жонас запрашан за неговата игра.

По прикажувањето на головите на Жонас во Бразилското првенство, Браулио Васкез одговорниот за неговото ангажирање изјави: „Жонас ги поседува сите можни карактеристики бидејќи тој е различен играч, кој знае да постигнува многу голови.“

n_valencia_los_jugadores-2593968.jpg

Најголемото изненадување за Жонас беше присуството на Бразилецот Валдо, легенда на клубот од 60 те години, кој лично му го предаде неговиот нов дрес со бројот 18.

Претседателот Мануел Љоренте пак, изјави: „Очекуваме дека Жонас ќе ни ја донесе магијата на Бразилскиот фудбал. Со присуството на Жонас и Валдо овде, го имаме со нас минатото и иднината на клубот.“

n_valencia_los_jugadores-2593675.jpg


Бразилскиот напаѓач веќе тренираше заедно со своите нови соиграчи во Патерна, каде беше придружуван од Португалецот Мигел кој го претстави на останатите играчи од клубот. Подоцна се запозна и со капитенот на екипата Давид Наваро кој му посака добредојде во клубот.

Жонас во Бразил е попознат како „ел детонадор“, иако неговите соиграчи го нарекувале и „ел маестро“. Најдобриот стрелец во Бразилската лига потпиша договор со Валенсија до 30 јуни 2015 година.

 
Се надевам дека Жонас ќе пуни и во Валенсија како што го правел тоа и во Бразил.
Неможам да најдам за Фегули, знам последните денови од преоден рок беше поврзуван со трансфер во Алмерија. Незнам дали остана или е позајмен до крај на сезона.
Ме зачуди и тоа што Јувентус сакаше да го позајми Чори на 31ви. Среќа Аргентинецов беше доволно паметен за да не направи трансфер од посилен во послаб тим.
 
Се надевам дека Жонас ќе пуни и во Валенсија како што го правел тоа и во Бразил.
Неможам да најдам за Фегули, знам последните денови од преоден рок беше поврзуван со трансфер во Алмерија. Незнам дали остана или е позајмен до крај на сезона.
Ме зачуди и тоа што Јувентус сакаше да го позајми Чори на 31ви. Среќа Аргентинецов беше доволно паметен за да не направи трансфер од посилен во послаб тим.

Сите се надеваме за Жонас. :) Постигнал 42 гола во 2010 и ја добил златната копачка во Бразил. На постигнатите 23 гола во Бразилскиот шампионат треба да му се додадат и други 19 во првите 6 месеци од 2010. Вкупно 42. Плус три после први јануари.

Фегули замина на позајмица во Алмерија до крајот на сезоната но без опција за откуп на договорот. Веќе играше цел натпревар во Алмерија против Барселона, а со оглед на тоа што тренерот на Алмерија Олтра е од Валенсија, сигурно ќе добива доста минути за докажување.

А Чори остана во Валенсија бидејки не беше постигнат договор со Јувентус.

Моменталниот напад на Валенсија кој ветува. :vozbud:

o_valencia_varios-2601957.jpg
 

Проектилот на Тино Коста :vozbud::vozbud::vozbud:
Човекот нема постигнато лош гол сезонава. :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom