Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
Aj kako maticen klub na Toshevski ke zemete nekoja para od negoviot transfer !
 
Нешто ново??
Има добри новости ама додека нема на официјалните страни односно на ФБ страната ФК Тетекс 2016 и на Напред Тетекс ќе се воздржим од коментирање. Воедно клубот почнува со тренинзи од 13 Јули и најверојатно во теков на наредниве 10 дена клубот ќе излезе со официјално соопштение
 
ТЕТЕКС СО УЛТИМАТУМ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАВА: ИЛИ ИГРАМЕ НА ГРАДСКИ ИЛИ СЕ ОТКАЖУВАМЕ !!!

Очигледно на ФК Тетекс му прекипе. Во пресрет на новата второлигашка сезона, клубот испрати допис до Фудбалската Федерација на Македонија, односно до Општина Тетово, во кое се вели дека доколку не му биде дозволено следната натпреварувачка сезона да ги игра домашните мечеви на Градскиот стадион во Тетово, ќе се откаже од натпреварувањето. Со оглед на фактот што минатата година Тетекс ги играше своите мечеви како домаќин на игралиштетот на Агенцијата за спорт и млади во Тетово, очигледно дека му здодеа да биде “бездомник” во сопствениот град, па реши да пресече. Или и тој ќе игра на Градскиот стадион, како што го прават тоа Шкендија и Ренова, или пак воопшто нема да се натпреварува. Со ова клубот ја префрла топката кај надлежните институции, кои секако пред стартот на оваа сезона, бараат од него да пријави терен кој ќе го носи како домашен.



ОД 1 ЈАНУАРИ СМЕЕ ДВА НАТПРЕВАРИ НЕДЕЛНО


Од Тетекс напоменуваат дека не постојат законски пречки клубот да не игра на Градскиот стадион. Односно до 31.12.2016 година било важечко правилото на еден стадион да може да се игра само еден меч неделно, а сега тоа правило повеќе не постои. Тоа значи дека и Шкендија и Ренова, како прволигаши, но и Тетекс, како второлигаш, имаат право да настапуваат на стадионот, секако со финансиски надоместок. Според последните информации еден натпревар на стадионот во Тетово ќе го чини Тетекс 500 евра.


ФИНАНСИИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ. СЕ ТРГНУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ


Од друга страна, пак паралелно со ова прашање, Тетекс решава и други тековни проблеми. Околу финансиите за следната сезона, обезбедени се дел од нив и екипата ќе почне со подготовките. Енис Дервиши замина во Работнички а Беким Реџепи во шкендија и тоа се единствените двајца што ќе ги нема на прозивката. Од друга страна пак, како прво засилување е најавен Мирослав Јовановски. Подготовките се закажани за 12 Јули.
 
20229055_1890028824592325_8859730419426897284_n.jpg


20031836_1890028947925646_5257276327741262034_n.jpg
20032097_1890029124592295_2182801898140062359_n.jpg
20108371_1890029104592297_2057755485878915795_n.jpg


20046744_1890029091258965_1410378438015758132_n.jpg



ТЕТЕКС СО ЗАДОЦНУВАЊЕ, НО СО ЗАСИЛУВАЊЕ !!

Eкипата на Тетекс денеска, во домашни услови, конечно ги стартуваше годинешните подготовки за следната второлигашка сезона. Под водство на тренерот Ивица Јовановски, кој и минатата сезона беше на кормилото на клубот “штофарите” ветуваат дека она што се случуваше минатата сезона е за заборав и дека следната ќе направат се за екипата да биде стандарден второлигаш, наместо да се бори за опстанок. Од стариот состав речиси и да нема заминувања, освен Беким Реџепи, Енис Дервиши и Кристијан Апостоловски, останатите се појавија на вчерашната прозивка. Од друга страна, пак, новитети се Мирослав Јовановски, староседелец во Тетекс, што се вели, затоа што родениот тетовец и фудбалски потекнува од Тетекс, и Михајло Јакимовски, кој е засилување од нападот.

Извор: Мак. Спорт
 
Инаку Марио е син на популарниот ГМГМ и по потекло е од Тетово така да може да се каже како наше дете :).
 
Инаку Марио е син на популарниот ГМГМ и по потекло е од Тетово така да може да се каже како наше дете :).
Затоа на фан страницата (фејсбук) на Напред Тетекс беше насловот:
Добродојде дома во Тетово!!
Детево е наше кое е израснато на Поток воедно и вкук на познатиот Мато што го држи музејот за Тетекс ;-)
 
Затоа на фан страницата (фејсбук) на Напред Тетекс беше насловот:
Добродојде дома во Тетово!!
Детево е наше кое е израснато на Поток воедно и вкук на познатиот Мато што го држи музејот за Тетекс ;-)

Го знам многу добро, Мато ми е чичко и за многу слики му помагам да ги најде и направи. Можам да се пофалам дека поголемиот дел од сликите му ги имам средувано и вадено а нешто и наоѓано на интернет. Инку Марио ми е внук од братучед на кого сум девер.
 
Тетекс 3:2 Зајази

Прва победа за тетекс. Поведоа со 1-0 па изедначија зајази на 1-1, потоа пак тетекс поведе со 2-1 па 2-2 и на крај 3-2 со погодокот на новиот играч Марио Станкоски кој има потенциал но треба добро да се искали. Само не ми е јасно зошто Ике не го стави и Нинослав од Копанце. По 3-2 требаше да појача одбраната. Капитенон Пупе не е во форма или таков играч е млитав. Има физичка предекспозиција ама мора малку поагресивен да е. Вака тимот изгледаше добро на терен освен малку одбраната да се подобри.

И не ми е јасно што е проблемот да се плати 50 денари? Неколкумина чекаа пред врата да влезат беспаре и тоа повозрасни не се деца па ај немаат. Стварно срамота, едно кафе немора да пијат. Сите се праат се лупаат у груди демек војводи тетекс а 50 денара им е тешк оза да платат. А на трибина после купуаат лименке кока кола и семенке. На врата беше чичко ми и можев да влезем без проблем ама си платив. Или пак некои ги гледам од надвор гледаат. Стварно смо бедни кога несакаме да платиме 50 денара за тимот кој се правиме дека ни е нешто свето. Па и 100денара карта е смешна сума. Се на се 2 пати во месецот играат дома до толку ли се нема, до толку ли сме утепани и сиромашни? Во кафиќ на излагање не сме испод 500 денари. Па едно пиво помалку ако се испие нема да се умре. Затоа неможе да биде ништо од нас.
 
Одлична утакмица пружи Тетекс со мала замерка што голман мора да се најде иначе све другото е одлично одбраната солидна, среден ред може имамо најдобар у цела лига а нападот ефикасен ме радуе што доста млади деца играја у прв тим ланската борба за опстанок ги напрае децава играчишта сега игра доста поопуштено немајќи толкав притисок каков што имаја лани. голојте ги постигнаја 18 годишните Шериф Реџепи и Филип Јовановски и 17 годишниот Марио Станковски кој што у првиот допир со топката постигна гол све на све одлична партија убоо е кој ќе се крене со 3 бода[DOUBLEPOST=1503899733][/DOUBLEPOST]
Тетекс 3:2 Зајази

Прва победа за тетекс. Поведоа со 1-0 па изедначија зајази на 1-1, потоа пак тетекс поведе со 2-1 па 2-2 и на крај 3-2 со погодокот на новиот играч Марио Станкоски кој има потенциал но треба добро да се искали. Само не ми е јасно зошто Ике не го стави и Нинослав од Копанце. По 3-2 требаше да појача одбраната. Капитенон Пупе не е во форма или таков играч е млитав. Има физичка предекспозиција ама мора малку поагресивен да е. Вака тимот изгледаше добро на терен освен малку одбраната да се подобри.

И не ми е јасно што е проблемот да се плати 50 денари? Неколкумина чекаа пред врата да влезат беспаре и тоа повозрасни не се деца па ај немаат. Стварно срамота, едно кафе немора да пијат. Сите се праат се лупаат у груди демек војводи тетекс а 50 денара им е тешк оза да платат. А на трибина после купуаат лименке кока кола и семенке. На врата беше чичко ми и можев да влезем без проблем ама си платив. Или пак некои ги гледам од надвор гледаат. Стварно смо бедни кога несакаме да платиме 50 денара за тимот кој се правиме дека ни е нешто свето. Па и 100денара карта е смешна сума. Се на се 2 пати во месецот играат дома до толку ли се нема, до толку ли сме утепани и сиромашни? Во кафиќ на излагање не сме испод 500 денари. Па едно пиво помалку ако се испие нема да се умре. Затоа неможе да биде ништо од нас.
Капитенот Пупе од една страна има године од друга излеа не му беше денот иначе знаел доста поагресивно да игра али од друга страна е добро што прв тим средина играа Иво,Пупе, Брња а на клупа ги имамо Блашко,Меритон, Ирфан таке што има кој да освежи. а Нинослав од Копанце кој што дефинитивно лани беше откритие на годината у Тетекс малце ќе одмори од прв тим или само ќе тренира со него заради мал конфликт не е за по форуми

Иначе тоа за картата незнам што те чуди 50 денара е стварно смешна сума и неможе некој да рече еј немам затоа што свите са пред утамица по кафиќи, кафане, кладилнице. А работата да биде на чисто управата на Тетекс треба да ги известуе фан странете дека ќе се наплаќа карта (мада тоа се знае и лани се наплаќаше) али чисто информативно да не биде "еј незнаевмо дека има карта" и ако све са тоа празни изговори
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom