Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
1606858_922971411052438_1884046285113258739_n.jpg


СООПШТЕНИЕ НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА ВОЈВОДИ-ТЕТОВО
“Ѓорче“ еднаш не’ испадна, а како тргнала работава ќе не испадне уште еднаш. Овој состав и овие играчи на ТЕТЕКС имаат квалитет за многу повеќе од еден бод во два натпревари и секоја сезона играње падни-стани, само им фали едно нешто - ВЕТЕР ВО ГРБ. Оној ветер во грб кој го даваат навивачите и поддржувачите на овој клуб, оној ветер во грб кој што можат да им го дадат само ВОЈВОДИТЕ и никој друг, а најмалку оние десеттина души што доаѓаат во “Ѓорче“ како во театар. Меѓутоа, ВОЈВОДИ ќе ја дадат својата безрезервна поддршка во борбата за опстанок, а можеби и за место погоре, можеби во плеј-офот, само доколку клубот се врати онаму каде што природно припаѓа, а тоа е ТЕТОВО, МАКЕДОНСКО ХЕРОЈСКО ТЕТОВО и никаде на друго место, бидејќи ТЕТОВО е нашиот дом, а и дом на ФК ТЕТЕКС. ТЕТЕКС е гордоста на ТЕТОВО, нераскинлив дел од нашиот град и бренд по кој ТЕТОВО е познат не само на Балканот, туку и пошироко и навистина е преседат единствената македонска светла точка во овој град да игра во “Ѓорче“ или на некоја друга ливада во некој друг град или село.

Затоа, Навивачката Група ВОЈВОДИ останува во бојкот на “домашните“ натпревари на ФК Тетекс, се додека клубот не се врати во ТЕТОВО. Бојкотот ќе важи и за натпреварите со ПК шкендија. ТЕТЕКС - ТЕТОВО Е ТВОЈОТ ДОМ !!!.....СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ
 
Случајно налетав на Чварка додека чекав у форум пица, и он таму им збореше на едни дека газдите на Тетекс више не планираа ништо у Тетово, зашто цела управа или администрација на клубот са од Скопје, играчите у главно са од Скопје, само што има ваке 2-3 како Чварка и компанија од Тетово па им плаќаа за пут. Таке да се додека не се смена газдете вакваа песна ќе се пее
 
Тетекс нема никаква врска више со Тетово едино тиа 3-4ца што са у управа са Тетовчани нејќем ни името да им го спомнемм.. прашајте у централен регистар од кј е ФК Тетекс и колку време се води дека е од Скопје и ќе ви се разјасна некој работе на нас ни е џабе да ставамо слике на ФБ соопштенија и чуда.. однапред го знаем одговорот на газдете ни го имаа кажано неколку пута "Земите го клубот најдите спонзор" е сеа бујрум кој сака да го земе Тетекс нека плати 80.000 евра дугоој што ги имаа напраено сегашниве газде за жал немоќни смо..
 
Oва е срамота што се прави со Тетекс. Радикални мерки преземете ама клубот да си го вратите во Тетово. Вие ако не го вратите никој нема да ви го врати. Тетекс мене ми стана поим за смут и намештаљки а не како македонска светла точка во Тетово. Репрезент на Тетово и расадник од кој излегле толку многу тетовски фудбалери. Вака на муабет и со соопштенија ништо не правите.
 
управата одвај чека на бојкот од навивачите. затоа што без публика на стадион можат да прават што сакаат со клубот. ич не ги боли дали некој ќе навива или не. подобро отидете нареден пат во Ѓорче направете инцидент па да ги казни ФФМ 10 натпревари да играат на 100 км плус парична казна. нека биде зијан управата, нека не игра во Ѓорче.
 
Колку е управата крива, толку се и Војводи криви кога ќе видиш. Да не се отвораат некои теми на форумов, али нема потреба да се обвинува само управата верујте. Баш ќе видиме дали сите ќе застанат позади соопштениево.
 
управата одвај чека на бојкот од навивачите. затоа што без публика на стадион можат да прават што сакаат со клубот. ич не ги боли дали некој ќе навива или не. подобро отидете нареден пат во Ѓорче направете инцидент па да ги казни ФФМ 10 натпревари да играат на 100 км плус парична казна. нека биде зијан управата, нека не игра во Ѓорче.

Добар моабет само што тешко тоа поради што факт е дека има премногу интернет хулигани а не реални....
 
Токму поради тоа што некои од Војводи претежно постари може да се каже дека се врзани со управата и земаат пари од нив, затоа и тешко им оди на Војводи да го вратат клубот во Тетово.
Токму тоа разединување кое постои во самата група веќе неколку години наназад, разединување кое води само во пропаст и уништување на една во минатото добра група.
Верувајте дека на таа управа не и може никој ништо, ниту пак ги засега нив дали Војводи се тука или не. Парите им се во прв план затоа и ФК Тетекс е најсомнителниот клуб во Македонијава и го губи стариот сјај.
Надеж за подобри денови.
Тетовчани и Тетекс го заслужуваат тоа!!!
 
Работнички-Тетекс 3-1, со тие играчи толку, башка и тактички не утепаа. Имаше 2-3 грешки на одбраната, средината незнае една топка напред да пренесе, нападот исто, незнае една топка да прими ко што треба иако бразилчето покажа нешто у второ полувреме. И кој се надевам дека све е у ред со него пошо се онесвести негде 90 минута, али докториве го вратија у нормала. (y)
 
Наредна утакмица со Металург, конечно Тетекс се враќа у Тетово!
Е сега да видимо дали ќе не зал'жа пак, или конечно ќе го врата клубов кј што припаѓа.
Мене поќе ме интересира дали тие шо ви се сликаја со картоните ќе дојдат на стадион. :cool:
 
Све супер, ќе има еуфорија сеа малце, па ќе има доста народ со Металург па после се игра и со Шкендија. Само да не биде дека вака прават само поради тоа што играме со Шкендија следно коло на "гости" па им текнало изгледа дека нема да можат без нас тогаш на стадион.
 
Све супер, ќе има еуфорија сеа малце, па ќе има доста народ со Металург па после се игра и со Шкендија. Само да не биде дека вака прават само поради тоа што играме со Шкендија следно коло на "гости" па им текнало изгледа дека нема да можат без нас тогаш на стадион.

Многу им е гајле. Да им беше гајле немаше да им е гајле што ја губат публиката...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom