Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
Честитки за трофејот момци.....се надевам дека ова ви е само почеток!:smir:
 
Имаше Комита на ограда кај Војводи во второ полувреме, ама ни водеше навивање, ни ништо само да биде виден изгледа се качи:)
 
А ти демек знаеш дали бил Комита. Ај пошто се правите паметни јас ќе ви одговорам. Нашите воџи си седеа на страна и само закачивме еден транс горе. Имаше над 50 Комити, ама ниту сме изигравале воџи нити ништо. Си дојдовме да им направиме чест на војводи, па кој сакаше си навиваше кој не си седеше од страна. Никој од нас не водел навивање, ама еден период како што забележав еден од нашите (не е воџа) чукаше на тапан :)
 
Не реков дека тој на ограда е ваш воџа!
А го знам дечкото пошто е од Хром, и е роднина на другар...само кажав, без провокација пошто се отвори муабет за тоа;)
 
Eпа јас ти тврдам дека кај што беа воџите на Војводи немаше ниеден наш, освен тој што чукаше мал период на тапанот. 90% седеа на секторот од страна (тука беа воџите кои се поздравија со нивните воџи и си седнаа од страна и доста наши членови), и горе седевме луѓе од Пржино, Црниче ,Тафталиџе, Карпош и некои други можда :) Е једино од Кисела Вода затоа што дојдоа покасно седеа најнапред, ама повеќето имаа маици војводи :)
Битно Војводи си навиваа сами и ние немавме никаква улога тука. И не бевме таму за да се докажуваме туку да одадеме чест и да навивамеза Тетекс :wink:
 
A-C-A-B не заебавај ја сум дел од Комити и бев на утакмицава и не видов никој од нашиве да се качи на ограда и да им изиграва воџа:toe:!!Они си имаа нивни и се мењаа колку што видов али од Комити не видов ја искрено,можда се качил некој само од нашиве на ограда али да изиграва воџа не!!Иначе некој спомна горе дека сме биле 20 души Комити:nenene:,над 50 не имаше сигурно пола седеа а пола навиваа одма до вас!

Ало ало добро само прашав бидејки така ми кажаа мене,ми одгоровија фино лепо на прашањето и крај на муабетот :smir:
 
2djc7tc.jpg
 
Да беше неработен ден и навечер да се играше:vozbud: пола АРЕНА ФИЛИП 2 наш ќе беше :)
Сеа се чека утакмицата со шкендија:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: чим моевмо олку у скопје да идемо, со нив дупло ќе бидемо :)

--- надополнето ---

http://www.fcteteks.com/2010/05/2.html
Можни противници меѓу кој и циганиве олимпијакос :vozbud:
 
Освен со првите 10 со сите останати може рамноправно да се носимо со 2-3 добри засилуења летово :)
 
Чекавмо 16 године да влеземо у 1-ва лига,а тоа се деси у “дебито“ одма да се пласирамо и у Европа ! :vozbud::vozbud:
Од можните противници би сакал да ни се падна:Баку,Зрински,Спартак Суботица,Лаузане и Острава.Мислим дека со овие би имале шансе за понатака да се пласираме.
 
Ајде сега треба да очекуемо нови засилуења у тетекс ни требаа играчи у средината и мислим дека ќе ни треба подобар голман супер е марко ама прае многу киксоој а да и подхитно треба нов тренер :smir:
 
Нов финален СРАМ...
*Сосема очекувано Тетекс славеше, за првпат во својата историја освои титула, и тоа куп титула. Работнички не се обиде ниту да "одработи" еден посилен тренинг
2F3932619B405C448E8432E00C5B04A9.JPG

Тетекс е победник во 18. финале во Купот на Македонија. Вчера, во пресметката со Работнички успеа да слави со 3:2 и сосема "заслужено" да стигне до својот прв трофеј. Велиме сосема очекувано зошто се оствраија "приказните" на фудбалската чаршија дека Тетекс ќе биде тој што ќе го порази Работнички во Скопје. Пукна нов финален СРАМ...
Срам од кој нашиот мак - фудбал тешко дека ќе се дигне, ако и пред тоа имаше каква било шанса за такво нешто.
Тетекс слави, с$ ќе се заборави за недела - две. Во историјата ќе биде запишано дека "штофарите" ја освоија својата прва титула, но на каков начин. Само да се потсетиме дека во првиот круг ја минаа Шкендија без одигран натпревар. Во 1/16 финалето го совладаа Превалец со 4:0. Во следното коло Беласица немаше шанси. Потоа во 1/4 финалето дојде на ред Македонија ЃП. Во Ѓорче "тетовци" загубија со 0:2, но откако "лавовите" беа избришани Тетекс победи со службени 3:0 и така му отиде на нозе на Скопје. Дома беше 0:0 за на Автокоманда во еден скандал меч да победи со 2:1. И еве вечера успеа да го победи апсолутниот фаворит, тимот на Работнички, кој во некои други околности сигурно дека ќе победеше без проблем и без мака со најмалку 3-4 гола разлика. Но во некои други околности. Вчера Работнички не одигра ништо. Дури не "одработи" ниту еден посилен тренинг. Но така е тоа, кога некои работи во мак - фудбалот не се расчистуваат на време.
Вака сите задоволни освен Силекс. Кратовци излегуваа во Европа, но само ако Работнички славеше. Ете тоа не се случи. Тетекс слави за пехарот, но Тетекс го слави и првото излегување во фудбалска Европа. Значи сите задоволни освен Силекс и оние неколкумина фудбалери на Работнички кои не успеаја да ги скријат солзите што не влегоа во историјата. Третпат по ред да го освојат куп трофејот.
Некои велат дека најскандалозно финале беше она во 2007 година меѓу Вардар и Победа. По тој натпревар сите се согласивме дека не може да се одигра едно полошо, едно посмешно финале. Ова вчерашното н$ демантираше, но не до крај. Имено, не сме сигурни дена наредното 19. по ред нема да биде карикатура.
И сосема за крај. Во изјавата подолу претседателот на Работнички истакнува дека неговите играчи пред натпреварот биле изложени на невидена пресија од страна на некои бандити. И дека случајот ги пријавил до МВР и до ФФМ. Е сега ајде да видиме што нашите челници ќе преземат...
З. Ѓоршоски

РАБОТНИЧКИ - ТЕТЕКС 2:3 (0:0)
Стадион: Национална арена "Филип Втори" во Скопје. Гледачи: 4.000. Судија: Владимир Кипријановски (Скопје). Помошници: Зоран Стефанов (Кавадарци) и Љупчо Ристески (Прилеп). Делегат: Иван Анастасовски (Куманово). Стрелци: Глигоров 69', Петковски 84' (РАБ), Захариевски (п) 47', Исени 49', А. Стојановски 64' (ТЕТ). Ж. Картони: Муарем (РАБ), Белчев (ТЕТ).
Играч на натпреварот: -
РАБОТНИЧКИ
Наумовски -
Бојовиќ -
Димовски -
(78' Тодоровски -)
Б. Божиновски -
(61' Петковски -)
Фернандо -
Муарем -
Адем -
Фабио -
Глигоров -
Туневски -
Брњарчевски -
(46' Синковиќ -)
ТЕТЕКС
- Мар. Јовановски
- Д. Јовановски
- Ристов
- Мишковски
- Б. Ристовски
- Белчев
- Д. Ристевски
( - Д. Савевски 65')
- Захариевски
- Пеев
(- А. Стојановски 46')
- Радоњиќ
- Исени
(- Мир. Јовановски 77')

РАБОТНИЧКИ - ТЕТЕКС
5 корнери 6
7/3 удари/во 7/6
13 прекршоци 17
2 офсајди 2
/ пенали 1/1
1 ж. картони 1

Минута по минута...
20' - Добра комбинација на "романтичарите", топката дојде до Б. Божиновски, кој од само 10 метри шутираше право во противничкиот голман
28' - Пеев се заканува од околу 22 метри, шутира под пречката, но Наумовски избива во корнер. По изведувањето на корнерот мешаница пред голот но Димовски, на среќа ја исфрла топката во поле
32' - Исени сам, го мина и Наумовски, но се најде веќе на гол линијата и немаше шанса да погоди
36' - Муарем шутира од далечина, но високо над голот
39' - Сега Туневски се обидува, но и неговиот шут заврши крај голот
0:1 - 47' - Конечно гол. Исени упати удар со глава, но топката удира во рака на еден фудбалер на Работнички. Кипријановски покажува на белата точка, а Захариевски погодува
0:2 - 49' - Во следниот напад домашната одбрана заспа, а на Исени не му беше тешко да погоди за зголемување на водството
0:3 - 64' - Исени повторно со глава упати удар, Наумовски одбива, а натрча А. Стојановски и погодува за 0:3
1:3 - 69' - Н. Глигоров од слободен удар од 20 метри шутира и ја тресе мрежата на тетовци
2:3 - 84' - Петковски од само пет метри еден отпадок го спремува во голот
90' - За малку сензација!!! Синковиќ очи во очи со Мар. Јовановски, и кога требаше да шутира тој намерно се сплетка и не го израмни резултатот

Стратев не стана од клупата!?
Стратегот на Работнички, Зоран Стратев, (не)очекувано воопшто не диригираше од клупата со своите фудбалери. Имено, тој во текот на сите 90 минути буквално не стана од клупата. Само неговиот помошник Туш Зефиќ еднаш стана, но само со нога да ги исшутира шишињата со вода кои беа пред него, веројатно од голема нервоза.

Скандалозен крај на скандалозната сезона
Скандалозен крај на најскандалозната сезона во историјата на мак - фудбалот. Повеќепати пишувавме што се случуваше во нашата Прва лига. Почнувајќи од бојкотот, потоа дисквалификацијата на Македонија ЃП и Слога Ј. Потоа дисквалификацијата на Победа. Па двапати прогласувањето за шампион на Ренова и капак на с$ дојде едно вакво куп финале. На здравје нека ни е.

Сите титули во Тетово
Сите три титули заминаа во градот под Шара. Ренова стана шампион во Првата лига, Тетекс го освои Купот, а Шкендија, пак, титулата во Втората лига. Не Прилеп, не Битола, најмалку Скопје, туку Тетово е најфудбалскиот град во Македонија. Нека им е честито на тетовци, најјаки се.

Репрезентативците "избегаа"
Не можејќи да гледаат што с$ се случува долу на теренот репрезентативците предводени од селекторот Мирсад Јонуз на 15 минути "избегаа" од "Филип Втори". Беа сместени во новинарската ложа и не прашуваа нас, новинарите, во што е работата. Дали гледаат фудбал или сонуваат...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РАБОТНИЧКИ ОТКРИВА СКАНДАЛОЗНА ТАЈНА

Поповски: Финалето немаше да се одигра!!!

Дека нешто чудно се случувало во вторниот попладнето, вечерта и вчера во текот на целиот ден ни потврдува и претседателот на Работнички, Драган Поповски.
"Искрено слободно можам да кажам дека немаше договор. Од мене лично моите играчи имаа дури и специјални премии, покрај оние задолжителните. Но ова ќе го кажам зошто јавноста мора да го знае. Имено, на само два часа пред натпреварот имаше можност финалето воопшто да не се игра. А зошто? Но сепак и покрај с$, и покрај сите глупости што се случуваа јас лично одлучив и им реков на фудбалерите дека мора да одиграат. Срамно ќе беше за мак - фудбалот да не се игра. Велам немаше да се игра поради тоа што нашите играчи во изминатите два дена добиваа смртни закани по телефон од анонимни лица, од бандити. Нашиот капитен во вторникот доцна попладнето беше и физички удрен во едно кафуле. Им се закануваа дека ќе им ги тепаат децата, им се јавуваа на сопругите и девојките. Јасно е дека нашите играчи беа под неверојатен психолошки притисок. И јас лично со знаење и поддршка на УО на клубот решивме целиот овој случај да го пријавиме. Испративме пријава до МВР, истата пријава до челниците на ФФМ и се разбира до комесарот за натпревари на ФФМ Миле Спиркоски. Едноставно ги запознавме со сите овие настани што се случуваа на ден - два пред натпреварот. Па нека се занимаваат сите тие со овие работи. Ќе повторам, од моја страна немаше договор. Мене не ми се потребни пари. Јас го сакав Купот. Сосема за крајот да кажам дека имавме барем неколку состаноци со играчите, инсистиравме да се игра максимално. Но ете, ги сфаќам и тие се само луѓе од крв и од месо", истакна првиот човек на клубот, Драган Поповски.

извор
 
Новинариве од Мак.Спорт и А1 ако не изеда гомна нема кој да изеде друг:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom