Фан клуб: Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Abe neznam ...Pupovic ne igral.Bogojo izveduval nesto,kako sto izveduvase deneska,ama za tava Ivan go posera prva i vtora cetvrtina.
 
Сега оваа недела ќе има ли уште некоја пријателска ?
 
Во сабота играме со МЗТ ФОН Скопје, па ќе биде многу интересно кога ке ги згазиме со 30 разлика.
 
СТРУМИЧАНИ ГО ЗАБАВИЈА ТЕМПОТО, НО ЛЕСНО ГО ПОБЕДИЈА ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ

И бавен ритам - и сигурна победа

СТРУМИЦА - ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ 77:61

(24-18; 15-13; 20-12; 18-18)

Сала "Парк"- Струмица. Гледачи: 100. Судии: Пиљафов - Стоилков - Михајловиќ - Струмица

СТРУМИЦА: Богоев 12, Цветков 3, Д. Соколов 15, Караманолев 3, Тасовски, Грнчаров, Крстевски, Бошњак 5, Пуповиќ, Грујиќ 8, Латовиќ 24, Заев;

ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ: Саздов 9, Илиќ 6, Кочов 1, Совковски 3, Кралевски 5, Симоновски 12, Даскаловски 4, Трифуновски 2, Мариќ 4, Накиќ 3, Блажевски 4, Митиќ 10;

И без помошта на Миљан Пуповиќ и Тони Грнчаров екипата на Струмица беше многу подобра во веројатно последната проверка пред почетокот на вториот дел од сезоната.

Против Вардар Осигурување "зелено-белите" одиграа во нешто побавен ритам, но и тој беше доволен за убедливи 77:61 и реванш против "црвено-црните", кои ја добија првата "контрола" во Скопје (86:82) во овој подготвителен период.

Уште една добра игра прикажа Дамир Латовиќ, кој средбата ја заврши со 24 поени. Добра соработка имаше со Соколов, кој застана на 15, и капитенот Богоев, кој впиша 12 поени.

На другата страна тренерскиот тандем Матевски-Милевски комбинираше доста, па во вториот дел ги "седна" на клупата најискусните, Блажевски и Митиќ.

Своето деби, иако неофицијално, за "зелено-белите" го имаше српскиот интернационалец Михајло Грујиќ.

Во првиот натпревар за Струмица силното крило реализираше осум поени и покажа дека ќе биде "поен плус" во центарската линија на струмичани.

Б. Радуловиќ

Пуповиќ на седумдневна терапија

Првиот центар на актуелнииот шампион, Миљан Пуповиќ во наредните неколку дена ќе биде надвор од тренажниот процес на екипата.

Еден од најдобрите во првиот дел кај "зелено-белите" има проблеми со грбот, поради кои, на препорака на лекарите, ќе мора да одмори извесен период.

Поточно Пуповиќ мора да оди на седумдневна интензивна терапија со цел да биде максимално подготвен за првото коло од вториот дел од сезоната.

www.sport.com.mk
 
Е ви реков јас за Пупович дека грбот е во прашање, ама никој не веруваше.
 
Напишано од Lozar_So_Tapija
Еј а може ли некој да ми објасне кои беа причините што изгубите од вардар во скопје?
Несериозност во пристап, беше почеток на подготвителен пeриод...иначе Скопје, Вардар се именки се пишуват со со голема буква...
Imam samo edno prasanje,dali moze nekoj da mi odgovori kade otide StrumMiks?
Струмикс е моментално многу зафатен..не е во можност да се логира толку често...
Да тепа Г'лбе.
Пази само да не му заличеш и ти на г'лб....такво младо пиле... :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom