Само да се појаснам, немав намера да провоцирам некого со мојот пост.
Е сега, мое гледиште, не мора да се сложувате со мене.
- Пуповиќ одлична подвижност, одличен играч, тежок за чување, солидна полусезона, еден од подобрите центри во лигава.
- Гоцевски, само бледа сенка од тоа што беше, да не речам незабележителен
- Станковиќ, според мене најдоминантниот центар во македонската лига од Фрејзер Џонсон навака. Страв и трепет во рекетот. Според мое гледиште го дели првото место за најдобар центар оваа полусезона
- Митиќ, на 40 години игра подобро од сите свои колеги, 100% шут од поле, да не се заморуваше при крај на утакмиците, би го ставил на првото место на мојата листа, вака само го дели

- Бол, најстандардниот играч во Мзт, 20 поени просек, ама далеку е од најдобар центар во лигава
Знаете и сами дека многу ви треба центар, не дека Латовиќ и Пуповиќ се лоши, далеку од тоа, ама за бранење на титулата ви треба уште еден добар центар или евентуално крилен центар.