Фан Клуб: Славија

  • Креатор на темата Креатор на темата zak
  • Време на започнување Време на започнување
Умрена работа е тоа,тренирав 4 години тамо зборам пред 12г,имасе барем мотив кој беше негуван,сега не можам да разберам како и кој има желба да оди да тренира во марулите??
 
Pa neznam za kakvi ekipi mislis,jas koga trenirav bese Cementara,Slavija (JSP) zboram za golem fudbal,a sega neznam
 
а дали знаеш кое други екипи играат во општинската Кисела Вода?
Стандардните екипи.
Знам дека играа со Текстилец, со Победа Долно Лисиче и со ССК (Нова или Младинец, зависи како си ги викаат екипите Драчевчани :D).
За останатите немам никакво инфо.
 
зборев неколку пати со луѓе од ССК и упорно ми тврдат дека сега имало една ССК без додавка. арно ама во ФФМ црно на бело стои дека Нова е во трета лига, а Младинец во четврта. иначе имаат и ново лого, само ССК стои.

Pa neznam za kakvi ekipi mislis,jas koga trenirav bese Cementara,Slavija (JSP) zboram za golem fudbal,a sega neznam

мислам на оние што играат сезонава заедно со Славија :)
 
Не знам за сега јас ти кажувам пред 15г и екипи од цело Скопје ,Ален напредок,Слога,Македонија Ѓорче,Скопје Орка,Металург итн
 
Денес се играше четврто коло на ОФС Кисела Вода.

Во дербито, Славија ја совлада екипата на Аеродром со 2-0 и им го нанесе првиот пораз.
Гостите беа целосно надиграни, иако Славија имаше неколку играчи на возраст меѓу 42 и 55 години :D Пресуди искуството, а младите гостински играчи не беа подготвени за острите стартови кои преовладуваа во мечот :icon_mrgr:
Аеродром е фаворит во лигата и единствена екипа со амбиции за трета лига, но во секој случај убаво е што изгубија во Пржино :icon_mrgr:

Во лигата уште се натпреваруват Победа Долно Лисиче, Кул, Вардар 75, Цементарница и уште една екипа на Славија.
Имено, стариот Мандар формирал своја екипа, со слично име :icon_mrgr:
Двете Славии играле пред некој ден и мечот бил прекинат уште во 5-та минута откако и стариот и младиот Мандар барале да се прегледаат регистрациите на играчите од противничкиот тим. Според тоа што чув, Славија на стариот Мандар (не Пржинската) го добиле дуелот со службени 0-3.
Во меѓувреме Славија Пржино тепале со некоја екипа од Цементарница или Кул со резултат 5-2.
 
Досегашни натпревари:

Славија Пржино - Цементарница 5-2
Славија 19 - Славија Пржино 3-0 (службено)
Славија Пржино - Аеродром 2-0
Победа Долно Лисиче - Славија Пржино 1-2

До полусезона остануваат гостински дуели со Титан и Вардар 75, како и домашен дуел со ССК.
 
Славија - ССК 4-1 (3-0)!

Гостите дојдоа со 10 играчи и веќе по 10-тина минути губеа 2-0. До крајот на полувремето резултатот беше 3-0., а гостите имаа само една убава шанса за гол. Во вториот дел, ССК намали на 3-1, откако Славија не реализираше неколку шанси. Како што му наликува на ова дерби, се разгореа страстите и после два остри старта, падна и црвен картон за Славија. Наместо гостите да нападнат при израмнет број играчи на теренот, Славија имаше уште 3 шанси од кои реализира една (гол од пенал) за конечни 4-1.
 
Втора полусезона:
Цементарница-Славија Пржино 2-0
Славија Пржино-Славија 19 5-2
Аеродром-Славија Пржино 2-0
Славија Пржино-Победа Долно Лисиче 3-1

Славија го загуби првото место од полусезона, а со тоа и шансите за пласман во трета лига.

Табела од лигата нема никој, но се верува дека Цементарница е прва со само еден пораз, Аеродром е втор со 2 порази, а Славија трета.
 
Сите резултати досега се:

Есенска полусезона:
Славија Пржино - Цементарница 5-2
Славија 19 - Славија Пржино 3-0 (службено)
Славија Пржино - Аеродром 2-0
Победа Долно Лисиче - Славија Пржино 1-2
Вардар 75 - Славија Пржино 2-3
Славија Пржино - ССК 4-1

Пролетна полусезона:
Цементарница-Славија Пржино 2-0
Славија Пржино-Славија 19 5-2
Аеродром-Славија Пржино 2-0
Славија Пржино-Победа Долно Лисиче 3-1

Остануваат уште два дуели до крајот.
Билансот засега е 7-0-3 со гол-разлика од 24-16.
На крајот ќе завршиме како трети во лигата.
 
Славија Пржино - Цементарница 5-2
Славија 19 - Славија Пржино 3-0 (службено)
Славија Пржино - Аеродром 2-0
Победа Долно Лисиче - Славија Пржино 1-2
Вардар 75 - Славија Пржино 2-3
Славија Пржино - ССК 4-1

Пролетна полусезона:
Цементарница-Славија Пржино 2-0
Славија Пржино-Славија 19 5-2
Аеродром-Славија Пржино 2-0
Славија Пржино-Победа Долно Лисиче 3-1
Славија Пржино - Вардар 75 2-0
ССК - Славија Пржино 1-3

Со биланс 9-0-3 и гол разлика 29-17, Славија ја заврши лигата зад Цементарница која е шампион, на делба на втората позиција со Аеродром.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom