B
Beck's
Гостин
„Среќен сум што погодив против Абердин. Доби шанса во финишот, откако го примивме голот и бев максимално мотивиран, затоа што сите бевме свесни дека не заслуживме да загубиме. Реагирав отсечно на нафрлената топка и таа отседна во мрежата. Ме понесоа емоции, тргнав кон трибината и се случи таа прослава. Сакам да им се заблагодарам на навивачите што го скандираа моето име. Тоа е единствено чувство, со пари не се купува. Но, најважно е што успеавме да израмниме и сега со 1-1 секако имаме пореални шанси за да се пласираме во следната рунда“, вели Христијан Кировски, стрелецот на израмнувачкиот гол за Шкендија на синоќешниот прв дуел со Абердин
