Играта според очекувањата, првото полувреме преголем респект за противникот, кои делуваше мошне стабилно , но без посериозни шанси за гол.
Второто полувреме гледавме друга Шкендија на терен. Со влегувањето на Ибрахими, Шкендија доби на контрола на играта. Буба се ослободи малку повеќе, како и Алими кој почна колку толку да се раздвижи (иначе крајна оценка мног слаб денес - наместо тој да превземе дел од товарот, тој се криеше). Слаби страничните бeкови, Абдула и Тодоровски. За Абдула, па ни очекувам нешто повеќе од него, не знам како уште е во комбинација на првиот состав (можеби голот против Вардар минатото првенство кога ја издриблира целата одбрана на Вардар му носи уште бонус

). Тодоровски ја немаше таа сигурност, како да беше занесен од атмосферата, а рака на срце и Шкотите беа по јаки во оваа страна.
Демири, скопјанецот е злато од дете, црвст како камен, безобразен, него ќе го бидује.
Положани, кои многумина го сметаа како стара канта, изненади позитивно денес, можеби еден од најдобрите. Цуцули стандарден, Јуфо не се истакна многу, како и Вручина, иако овој вториот беше еден од ретките кои што држеа топка во првото полувреме.
Жуниор, како и Демири, без респект кон противникот, и хараше по левата страна често. Буба малку препотентен но сепак има уште квалитет во неговите нозе.
Марко - што да кажам за него, еден од најомилените играчи во последните години кај нас, тивок, сигурен, одамна не сме имале ваков голман.
Кировски - дефинитивно стана нашиот Оле Гунар Солскер. Тој беше златната резерва на МУ, овој нашиот уште поопасен, секое влегување гол.
Дуро - дефинитивно е стратег, кој далеку одскокнува од поранешните тренери, Кознику, Ференцина... Ќе видиме како ќе се покаже во првенството.
...На крај навивачите. Балистите прекрасни, 90 минути без престанок, иако беа рамазанските постови. Обичната публика во Север, како на театар.
Колони, колони сегде низ Скопје, инвазија на секаде. Пред Сити Мол, во Ѓорче, буквално се блокирано.
Многу добри успомени оваа ноќ, па и да изгубиме во Шкотска со повисок резултат.