Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Неможев да ја гледам од оправдани причини..
Некој да искоментира што очобол играле..?
Што смислил “феноменот” овојпат! Истата тактика како и против Бодо Глимт!?
 
Баш заболеа очите од играта, од теренот кој беше како останува, у мкд стадионите имаат подобра трева, ова на секое подавање одрипнуваше топката. Болеа очите и од камерманот кој го вршеше преносот, многу пати кадарот не му беше на место.

Светла страна е шансата на Бове што му ја даде у второ и добрата негова игра и оној Камара не беше лош. Малку и на местенка ми личеше утакмицава, Али ај не е важно. Битно е со Емполи да тепаат.
 
Подобро што не си ја гледал утакмицата.. Мурџо запнал како вол у купуз со Брајан и Немања у почетен состав.. Бове и Камара ја размрдаа средината одкако влегоа во игра.. Зборим ја цело време мора да се дава шанса на младите нека изгорат нека иде и некој пораз одколку да се мучиш и да губиш со тандем кој нема никаква продуктивност ни во напад ни во одбрана..
И ја си помислив еднаш да не е наместена..
Победа со Емполи мора да дојде иначе ќе почнат гласините за смена на Мурџо..
 
Подобро што не си ја гледал утакмицата.. Мурџо запнал како вол у купуз со Брајан и Немања у почетен состав.. Бове и Камара ја размрдаа средината одкако влегоа во игра.. Зборим ја цело време мора да се дава шанса на младите нека изгорат нека иде и некој пораз одколку да се мучиш и да губиш со тандем кој нема никаква продуктивност ни во напад ни во одбрана..
И ја си помислив еднаш да не е наместена..
Победа со Емполи мора да дојде иначе ќе почнат гласините за смена на Мурџо..
Сите го велиме тоа дека мора да ги игра децата…! Никој нема да замери пораз во тој случај! Прав си!

А искрено, Мурџо или го сакаш или го мразиш…
Е јас сум од овие вторите. Јес да има импресивно CV , ама последниве 10 години не знае кај тера.

Знам дека е рано, а би рекол и залудно за вакви муабети, ама чисто да се знае дека јас најрадосен би бил кога “Феноменот” би си заминал.
 
Вечерва против Емполи! Утакмица во која сите не гледаат како фаворити!
За жал идеме со исповреден тим и два срамни порази зад нас. Шанса да се покажемо во добро светло(или стварно ќе го пцујам Мурџо! :D)
Челик во прва постава на местото на Карсдоп, друго мање-више исто!
3-4-2-1
Телевиса Презента >> Руи Патрисио :D
Ибањез-Смајлинг-Манчини
Спинацола-Матич-Кристанте-Челик
Пелегрини-Диабала
Абрахам

Ваљда Шоморудов е опоравен, а очекувам(и посакувам) повеќе минути за Бове па и за Камара.
Форца Рома
 
Челик дефинитивно треба да му го земе местото на Карсдорп! Блеска во споредба!
Инаку убав фудбал за око(па и пиво :D), ама дефинитивно далеку од перформанси за топ тим!
П.С. а баш убаво ќе му влијаеше пеналот на Пелегрини на самодовербата… се вложи максимум денеска!
 
Потполно се согласувам.
Мурињо апла дефанзивна ја поставува играта и тоа не кошта многу.
Постојан притисок се прави над одбраната и се очекува да има грешки.
 
Потполно се согласувам.
Мурињо апла дефанзивна ја поставува играта и тоа не кошта многу.
Постојан притисок се прави над одбраната и се очекува да има грешки.
Епа не може со Матич и Кристанте да се ослонува на одбрана…
Трагичното е што тимов е створен за офанзивен фудбал!
 
Мучење..
1-2 кај Емполи и нови 3 бода едино тоа и Дибала се светлата точка од вечерва..
Зошто Мурџо мој зошто да се браниш кога имаш играч повеќе и ставаш касапи?
Абе нема одбрана што толку ќе се брани и нема да попушти.. Значи нема!
У ред е да се браниш ама братов се брани ка ракометна екипа.. Сите позади черга и без пресинг и агресивност. Па што да праат дефанзивците кој немаат поддршка од спорите Матич и Кристанте?
Пак иста грешка пак почнува со нив двајцата.. Дај покрај толку повреди да се помолиме Брајан да се повреди.. Боже ми прости..
Абрахам воопшто не работи за тимот огромна е разликата од лани за жал..
Пелегрини пак со промашен пенал.. Место да ја затвори утакмицата тој пречка.. И лани со Јуве таму промаши пенал.. При Дибала, Абра пенал шутира он..
2 сезона му е на Мурџо а го критикувам, искрено не се надевав на ова.. 13 бода и не е така лошо на - 1 сме од првиот ама со вака слаби противници едвај тепаме што кога ќе дојдат посериозни екипи? Среќа у гз имаше до сега Рома..
Да видиме што ќе извади чичо Мурџо у четврток со Хелсинки,после тоа ни следи Аталанта.. Победа со нив ќе биде супер таман иде реп. пауза..
И да Заниоло ваков таков себичен каков и да е детето фали!
 
Најдобрата изиграна утакмица оваа година ја изгубивме :)

А на навивачите на Олимпико им нема рамни :love:
FB_IMG_1663578081018.jpg
 
Олимпико стана бетер од нивана на која игра Арсими во Чегране..
Бедотија.. 20 године пројдоја ајде Франко бог да го прости не можел да изгради нов мал стадион ама Бенедето, Палота и сега Фридкин ништо ново околу тоа.. Им го понудија оној старион кај што играла некогаш Рома.. Стои така заглавен со бетонски трибини измеѓу пораснале грмушке и коприви кој тие да не се човек би помислил стадионот се наоѓа во Чернобил.. Па да му ебем матер.. Спинацола со Италија на Олимпико се повреди... Карсдорп некни со Хелсинки исто на Олимпико и сега Дибала на загревање со Аталанта.. Пауло може и Интер да го пропушти додека Рики мора да иде под нож и ќе се врати онаму на пролет,март месец..Оној тревник ни компири не раџа..
 
Карсдорп отиде под нож, за 2-3 месеца ќе се врати. Дибала и Пелегрини отидоа со репрезентациите, вајда за со Интер ќе бидат спремни
 
Генерално лошо одигравме, ама ете ни се врати за Аталанта што игравме добро а не освоивме бодови.

До голот на Дибала не постоевме, си викав пиши пропало, од како го дадовме првиот гол почнаа да играт и да сврзуваат акции.

Мора подобра игра, Мурињо нека не ми измислува тактики без шпиц, зошто ги имаме Абрахам и Белоти? За да го гледам капитенот како изиграва лажна 9ка? Односно оваа утакмица не беше лажна 9ка, тука лажен играч.

Следуваат две полесни утакмици со Лелче и Самдорија мора да се тепаат, па потоа со Наполи да видиме до кај сме, ова денес не ми се допаѓаше
 
Не го гледав натпреварот.. Ќе фатам снимка по арените деновиве..
Важна победа против важен противник.. Да видат пред се дека можат против големите.. Со Интер бевме во црна серија но ете дојде победа и против нив.. Како што кажа Шака Лака ни се врати за она изгубеното со Аталанта..
Од хајлајтсот што видов на лето мора да се бара нов голман.. Од Патрисио толку е.. Фаќа некои топки не викам не но она од Ди Марко не смееше..
Уште неколку грешки има сезонава направено..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom