Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Заврши и оваа тажна сезона, се мислев ќе играме ЛЕ, оној да ти било некое ново натпреварување слично на Интерното со екипи како Лудогорец фаворити на хартија:facepalm:

Вајда Мурињо тука ќе игра со млади играчи од примавера, се надевам..



Демек ветени му биле 80мил евра за трансфери, плус парите од продажба на играчите кои ќе си заминат, така да сумата може да дојде до некои 120-130мил..



Затрупани сме со истрошени играчи до големи плати, незнам што ќе се прави со Педро, Шарави па и Пасторе, тројцата заедно зимаат 12мил евра нето по сезона, додај го Џеко, испаѓаат 20мил евра. На сметка на овие може тимот да се освежи со 3 екстра играчи кои би земале по 7мил по сезона или еден 9-10 другите двајца по 5-6мил евра, значи можат да се изменаџираат работите подобро.



Се враќаат и Ундер и Клајверт, незнам на кого од Хуан Хесус, Сантон и Фазио договорот му истечуваше оваа година а на некого следната, како и да е и тројцата треба да ги нема, пошо тројцата заедно зимаат над 7мил евра нето плата...





Незнам за овој Кумбула дали има иднина во голем клуб, му изгледа многу спор и тромав, незнам како се излажаа да дадат толку пари за него, доколку Мурињо се изјасни дека не му треба, значи стварно не го бива.. Манчини и Ибањез се многу подобри и покрај Смолинг вајда затоа има шпекулации за штопери, вајда на Кумбула не се рачуна од следната сезона..



Незнам и со Мајорал што да се прави, реално заслужи да се откупи, со лимитирана минутажа и број на настапи успеа да стане најдобар стрелец на тимот, севкупно оваа сезона даде 17 гола и 7 асистенции. Али со напомена дека ги решеташе малите екипи, нигде го немаше во големите натпревари. Головите повеќето му се од групната фаза на ЛЕ и другите против слабите екипи од дното на табелата во Италија. Но за 15мил опцијата што ја имаме мислам дека вреди да се земе, секако тие пари можат да се извадат за него, секако доколку Мурињо рачуна на него, доколку не рачуна, имаме опција да го држиме уште една сезона и да го вратиме на Реал..



Фонсека официјално си заминува, му посакувам се најдобро во иднина и успеси доколку тренира екипа надвор од Италија, а не ми е ни проблем доколку ја земе Фиорентина, па и Наполи..

Незнам колку му се можностите, но во Рома покажа дека не може да добие дерби во овие две години и тоа за нас навивачите беше ептен фрустрирачки, сме имале и послаби ростери со други тренери па сме добивале и појаки екипи. Дамка му е караницава со Џеко на сред сезона, незнам што се случило, на да проблемот е решен, потврдено и од Џеко и од Фонсека, на крај испаднаа џентлмени..



Останува да си гледаме Македонија на европско, јас лично и Италија си ја симпатизирам, да видиме дали Мурињо ќе земе некој од Самуел и Де Роси во стручен штаб, да видиме Пинто како ќе го изменаџира преодниот рок и да видиме каков ќе биде развојот на Заниоло, поготово на психички план дали ќе му останат траги од повредата.. и најинтересното, да се види што имаат ветено газдите на Мурињо, па овој се залета да дојде кај нас, според платата што ќе ја зима, видовме дека тоа не е пресудниот фактор да дојде во Рома :)
 
Каква хемија има во Рома не верувам да има во друг голем клуб од топ 5 лигите, редно е тоа да се искористи за големи дострели,а менаџер кој подобро работи во такви средини од Мурџо нема, ајде белким ќе дојдат нашиве пет минути.

 
Каква хемија има во Рома не верувам да има во друг голем клуб од топ 5 лигите, редно е тоа да се искористи за големи дострели,а менаџер кој подобро работи во такви средини од Мурџо нема, ајде белким ќе дојдат нашиве пет минути.

Му викаат еден поздрав до Италија а тој завикал "Форца Рома засекогаш" :love:
 
Рудигер ми беше од по омилените играчи во последниве години.. Респект за него!!

Иначе клубот официјално го напуштија Бруно Перес, Хуан Хесус и Миранте.. Сите како слободни играчи..
 
Рудигер ми беше од по омилените играчи во последниве години.. Респект за него!!

Иначе клубот официјално го напуштија Бруно Перес, Хуан Хесус и Миранте.. Сите како слободни играчи..
Останаа Фазио и Сантон по една година, а Пасторе има уште две, на да денес во интервју кажа дека доколку има клуб што ќе му ги плати тие две години од договорот, ќе си заминал.
 
Михитријан го продолжи договорот со Рома, овој трансфер период чувствувам ќе биде најинтересниот за нас од кога навиваме за клубот, нема лабаво.
 
Последно уредено:
Еден куп шпекулации, има такви како Роналдо, Бејл и Хазард :D
Од порелевантните за Џака од Арсенал е понудено 14+3мил во бонуси, за Белоти е понудено 15мил + 5мил во бонуси и за Руи Патрисио се спрема понуда од 7мил...

Компеинерс од Аз Алкмар, средњак, на 23 години капитен на клубот и дете од нивната академија бевме заинтересирани, сега гледам Аталанта близу до потпис со него. Дечкото има 17 гола и 7 асистенции во изминатата сезона, после ќе се чудиме кога ќе избувне во Аталанта како оној Малиновски и ќе си викаме од каде ги наоѓаат, наводно 20мил понудиле...
 
Наводно сме пратиле понуда до С. Рамос, две годишен договор, 7.5мил евра по сезона.
Ако го донесат Рамос секоја им чест, ма да многу тешко..
Автоматски споено мислење:

 
До сега играчи на кои им истече договорот и си заминаа се Миранте, Хуан Хесус, Бруно Перес. Се работи на раскинување на договорите со Пасторе и Сантон, а и на Фазио ќе му се бара решение...

Пау Лопез многу близу до потпис со Олимпик Марсеј, позајмица за 2мил и 15мил евра откуп кој постанува обавезен по одреден број одиграни натпревари. Марсеј исто така се заинтересирани за Ундер.

Што се однесува до пристигнувања, за Руи Патрисио имаме понудено 6мил евра, со него сме договорени на три годишен договор и плата од 2.5мил по сезона, играчот прави притисок да дојде во Рома.
Истата ситуација е и со Џака од Арсенал, договор имаат постигнато со играчот, 2.5 мил евра плата и тој врши притисок на клубот, понудени се 15мил евра, Арсенал бара уште 3мил евра во бонуси за кои најверојатно ќе пристапиме.

Пинто исто така ќе го продолжи договорот со Пелегрини кој има воља да остане во Рома иако има многу екипи заинтересирани за него кои веднаш би искеширале 30мил евра.
Исто така се работи на продолжување на договорите со Кристанте и Манчини кои имаат исти агент.
Мурињо се очекува да пристигне на 3ти јули, а презентација да има на 5ти. Побарале нашиве да го претстават во Колосеумот, Али не им било дозволено од градската управа.

Иначе Мурињо ги решил несогласувањата со Мхтаријан, затоа Ерменците и потпиша нов договор. И секоја чест за него, не секој потпишува по една година договор два пати по ред, кога ја минеш 30ката, секој сака да си се обезбеди со долготраен договор и да си свирка, што не е случај со Мхтаријан,уште повече после толку добра сезона каде можеше да извлече повеќе.

Евертон е заинтересиран за Смолинг, но Англичанецот сака да ги закопа секирите со Мурињо и да продолжи со Рома.

Олсен по одличното европско можеби ќе остане како солуција за втор голман, иако има огромен интерес за него од англиски екипи.

Џеко е вистинска енигма, ништо не се знае во врска со него, дали ќе си оди или дали ќе остане.

Тоа е за сега нешто поконкретно, шпекулациите од типот на Серхио Рамос и други не се вредни да се споменуваат, а ги има многу :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom