Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
И да, Мурињо го известил Заниоло дека за него припремите ќе почнат порано за разлика од останатите. Значи Заниоло ќе биде присутен една недела порано од другите во Тригориа. Мурињо често разговарал со него, му кажал дека ќе биде главна карика во овој тим што се прави. А што гледам на Инстаграм, Заниоло цело време е во теретана и работи кондициони вежби, ретко да видиш слики од забави и од одмори по плажи, доста е ослабнат и целиот е мускул, да видиме уште менталната бариера како ќе ја помине ради повредите, се надевам дека ќе биде еден од ретките кои после вакви повреди ќе се врати посилен и ќе продолжи со неговиот развој.


Ја заборавив и шпекулација за Филип Костиќ, офанзивен бек, кој реално кај Мурињо ќе игра лево крило, има огромна работна етика и одлично би се надополнувале со Спинацола, ме бендисува овој трансфер..
 
Џака под водство на Мурињо ќе гази на големо во Рома, дај Боже само да го донесат во клубот.
 
Јас се надевав на некој подобар во средниот ред да земеме, Џака ми е некако сумљив, не сум сигурен дека ќе гази..
Од економска гледна точка е исплатлив трансфер, само 2.5мил евра по сезона и оштета за него околу 15мил евра..
 
И јас сум за Џака или сличен на него..
Може и Нандез од Каљари.. Немаме фајтер на средината све плачипичке ни се во средниот ред..
 
На Верету што му фали, човекот е фајтер, трча напред назад, секаде го има,дава голови, асистира, одзема топки.. мислите Џака е бољи?? Можеби добро ќе се надополнуваат двајцата и ќе создадат добро партнерство, ама во никој случај Џака не е подобар
 
На Верету што му фали, човекот е фајтер, трча напред назад, секаде го има,дава голови, асистира, одзема топки.. мислите Џака е бољи?? Можеби добро ќе се надополнуваат двајцата и ќе создадат добро партнерство, ама во никој случај Џака не е подобар
Секоја чест за Верету, па он одигра најдобро сезонава што измина.. Супер е за око немам ништо против..
Џака е крвав нешто као Наинголан незнам да ме сваќаш?
Џака и Верету би се надополнувале убаво.. Со Виљар и Диавара не се држи средина..
Ќе видиме како Му би ги користел и во која формација.. И да не е купен уште да не биде џабе вергламе :)
 
Јас се надевав на некој подобар во средниот ред да земеме, Џака ми е некако сумљив, не сум сигурен дека ќе гази..
Од економска гледна точка е исплатлив трансфер, само 2.5мил евра по сезона и оштета за него околу 15мил евра..
Џака тие фајтер кој исполнува задачи, со добар тренер гази, погледни го што прави во Швајцарија кога го води добар тренер, Мурињо има да го направи воин во тандем со Верету ќе газат се живо и диво во италијанското првенство.
 
Дај боже да сте во право за Џака, реално апгрејт е во однос на Кристанте, Диавара, и Виљар, Али во однос на Верету не е.. и кажав од економска гледна точка одличен филм.. вајда ќе видиме аир од него штом Мурињо толку го сака...


Мене Верету повеќе ме потсеќа на Најголан одколку Џака
 
Мурињо пристигна во Рим, хаос на аеродром од навивачи и огромна еуфорија :D
Јбг, од Капело 20 години не сме имале тренер од ваков калибар. Капело велеше во Рома само цврста рака и строг карактер може да успее и да донесе титула, кажува како после Скудетото 2001 година, се славеше 6 месеци, наместо да се сконцентрира на освојување на уште едно во низа и тоа го наведе како главен проблем што следната година не го освоивме Скудетото а бевме многу блиску.


Дан Фридкин нашиот газда го земал Мурињо од Лисабон со неговиот сопствен авион кој што лично го пилотирал :D
 
Спинацола со убедливо најтешката повреда, од 6 месеци до година дена аут, каков малер од клуб сме ние :tapp::tapp::tapp:.
 
Не ни очекував полесно да пројде.. Таков си е..
 
После толку време, повторно на редовен тренинг, цело време е во тренажен процес, немаше одмор, немаше забави и лудории, да се надеваме ќе биде еден од ретките случаи, после такви повреди да се врати посилен :)

FB_IMG_1625773146910.jpg


Читав за Алиоски, ако го земеме, ќе му одам во прилепско село Црнилиште да му земам дрес :D

Денес официјален прес на Мурињо, зборуваше доста.. јас би го одвоил делот на Пинто што зборуваше, кога кажа дека иако се тешки времиња ради короната, ќе се потрудат да му склопат респектабилен тим на Мурињо, по негова желба.. доста амбициозна изјава на Пинто, ќе видиме што ќе биде..

Еве не ми се допаѓа што Руи Патрисио ќе го платат 10мил плус бонуси, а од друга страна го даваат Пау Лопез за пола милион позајмица и 12 мил откуп доколку одбрани 20 утакмици за Марсеј..

Не ми се допаѓа што од сите крила, прво што се откачија е Ундер, можеше прво да се погрижат да најдат клубови за Педро, Карлес Перез, Шарави или Клајверт..
 
Еве не ми се допаѓа што Руи Патрисио ќе го платат 10мил плус бонуси

Напротив знаејќи колку англискиве екипи ги пумпаат цените на играчите, земавте одличен голман за малце пари...
 
Напротив знаејќи колку англискиве екипи ги пумпаат цените на играчите, земавте одличен голман за малце пари...
Знам дека после Олсен и Пау Лопез ќе осетеме некоја си сигурност на голот, ама во времиња на корона, нели е многу 10-13мил евра за 33 годишен голман...
Една добра работа во договорот е што нема да зема голема плата...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom