Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Како шлаг на тортата победата на Рома по ракометот, одлична игра, нема што повеќе да се коментира, чекор по чекор напредуваме во ЛЕ, а во Недела по секоја цена мора да се добие Парма.
 
Лацио и Аталанта победија, па утре ќе чувствуваат поголем притисок играчите.
Патем, остана незабележано тоа што овој период се продолжуваат договорите со многу некои фидбалери.
Најпрво со Ибањез кој сега со новиот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра. Нема веќе продавање за маслинки како во време на палота.
Втор е Карсдорп кој потпиша до 2025.
Се очекува истото да го направат со Вилар, Манчини, Верету и др.
На почетокот бев за тоа да си оди Диавара, но со игрите последниов месец некако ми стави сомнеж. Се гледа дека ево форма и придонесува многу за екипата.
И Пау не знам зошто планираат да го продаваат. Солиден е. Јес да има некои дупки некогаш, ама па колку зицери спаси сезонава.
Чудно е како ќе се одвива трансфер политиката.
Од тие што ќе си одат сигурни се Пасторе, ЖЖ, Фазио, Сантон, Џеко и Бруно Перез. Платите на овие се вкупно околу 15-20 милиони .
За другите е енигма.
Мислам дека и карлез перез е на праг да си оди, а можеби и педро.
Сигурно ќе ни треба еден лев бек. Таму ќе го имаме само Спинацола. Ќе треба и еден централен бек, бидејќи со заминувањето на жж и фазио немаме бек ап опции. Ќе останеме само со Манчини, Ибањез, Кумбула и Смолинг.
Средината би ја оставил и сезонава со мала надградба. Значи покрај Верету, Кристанте, Вилар и Диавара би требало да се земе уште еден искусен централен бек. Имаше шпекулации за Мата што и не е така лош избор.
Напред ќе ги имаме ЕлШа, Мики, Пелегрини, Заниоло, Педро?, Карлес Перез?. Остануваме со еден шпиц. Тоа е Мајорал.
Мора да се земе класа шпиц кој ветува над 20 голови по сезона. Е сега од тие што се спомнуваат сите се мачка во вреќа.
Значи нема да имаат многу работа.
 
Јувентус - Наполи одложен е за во април негде.. Што ли прават од федерацијава? Требаше да играат во среда па со нас за викенд а вака ќе имаат 7 дена одмор а нашите после долг пат од Украина дерби натпревар..
Ајде да се победи прво Парма утре па ќе видиме после..
 
Не треба тоа да ни биде алиби. Нека се мотивираат и нека ги победат.
 
Сопствениците веќе пратиле писмо до федерацијата, да дадат образложение зошто е поместена утакмица. Не може секогаш да се штима кога на Наполи му одговара, 100 пати се одлага утакмицата по нивно барање
Автоматски споено мислење:

Смолинг ептен немаше среќа оваа година со повредите, сега ќе ја скокне Парма,да се надеваме дека не е ништо сериозно..
 
Нека ги репнат наредна недела, па ако сакаат наполи нека играат за Митровден.
 
Јалова игра. Без идеја. Лошо изведени корнери. Немаме играч за да шутне од слободен.

Овие парма ако отпаднат ќе ми биде мерак.

Единствено нешто што е добро ако не фатиме ЛШ е тоа што фонсека ќе си оди и на негово место можно е да дојде Алегри.
 
Јалова игра. Без идеја. Лошо изведени корнери. Немаме играч за да шутне од слободен.

Овие парма ако отпаднат ќе ми биде мерак.

Единствено нешто што е добро ако не фатиме ЛШ е тоа што фонсека ќе си оди и на негово место можно е да дојде Алегри.
Иста игра како со Беневенто, со разлика што овие ни збрцаа два гола.
 
Иста игра како со Беневенто, со разлика што овие ни збрцаа два гола.


Потполно. Се гледа дека ако некоја екипа игра екстра затворено се нема идеја.
Да имаме играч што може да погоди од слободен ќе е полесно.
 
Кој ќе му се надитри на Фонсека, денес тактички добиен натпревар , а против јаките екипи во дербињата ама ниту еднаш не поставил добра тактика.
 
Не можеа ли против Парма да играат вака?
Чудна некоја Рома. Од натпревар до натпревар разлика небо земја.
 
Ибањез по сударот со главите со Кумбула не се сеќавал на многу работи од утакмицата, се надевам не е некоја сериозна повреда и дека ќе биде океј.
Не можеме никако да се стабилизира е во одбрана и тој и Смолинг никако да заредат некоја утакмица по ред заедно..

Незнам што им требаше оваа година во ЛЕ да даваат гас, кога има шкрипи во првенството за 4тото место..

Или можеби ќе атакуваат на ЛШ преку ЛЕ :icon_lol:

Али најчесто не испаѓа добро кога седиш на две столчиња :)
 
Нека пробаат да изиграат до крај на двата фронта без калкулации, па шѕо биде нека биде. Можеби ќе завршат 6 место и ќе отпаднат од ЛЕ, а можеби ќе завршат во први 4 и ќе освојат и ЛЕ.
Најважно е да не се калкулира, туку да се игра фудбал и да нема повредени, а последниве месеци мака мачиме со повредени.
За наредните натпревари од ЛЕ се надевам дека ќе се вратат Смолинг, Верету и Заниоло.
Дома си ја искомплицира Фонсека позицијата последниов месец. Со Беневенто нерешено, порази од Милан и Парма. Од девет можни, тој освои 1 бод, а според мене можеше и мораше да освојат 9 бода.
Сега ќе ја бркааат Аталанта, па и Наполи. Јувентус, Интер не ги сметам тука, а Милан неизвесно е дали ќе одолее да остане толку високо на табелата до крај, иако до сега успешно се справува со притисокот и тоа е за респект.
Патем, Пау некое време веќе си брани зицерчиња и делува многу стабилни (со еден кикс протв Милан). Мисоам дека не треба да го продаваат и да лупаат нови 30 мил. на некои други голмани и пак да биде работата мачка во вреќа.
 
Да беее Верету заборавив дека е повреден ц ц ...

А Пау Лопез за мене е сеуште некомплетни, талентиран е, но како да нема фудбалска интелегенција.. излава од шеснаесетник кога не треба, кога треба да одигра до дефанзивец да подаде со нога тој ја шутира кон шпицот, а обратно кога треба да ја избие кон шпицот, тој тогаш ја закомпликува и ја додава до дефанзивецот, што знам, некако ни мириса ниту смрди...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom