Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Ова изгледа симпатично, Манчини како средњак со дефанзивни карактеристики на сметка на Пасторе и неговите офанзивни карактеристики, одлично се надополнуваат.

Заниоло е на некој дроги, 4ти натпревар, 4ти гол, секоја чест, така да продолжи!!


Мерт Четин лоша утакмица во второ полувреме, фрлен е во оган како стартер, али треба да му се даде повторно шанса, рано е за заклучоци, ипак дебитираше како централен бек против Наполи.


Полека се оправаме, заличуваме на тим во период кога имаме највеќе повреди во ростерот, чудна е оваа Рома. Исто и Фонсека учи од грешките, со Аталанта постави дефанзивна формација и згреши, сега не ја повтори грешката против Наполи, затоа и победивме. Смолинг секоја чест :cuc:
Пасторе од милина да го гледаш, со малку враќање на физичката подготвеност, дојдоа до израст неговите способности, вака ако продолжи ќе ни биде од огромна корист.
 
Важна победа :vozbud:

Победа која во голем процент одат кај Фонсека и Верету..
Фонсека полека се прилагодува на Серија А тоа се гледа во последните натпревари.. Само така нека продолжи и само со муда а не како дунда..
Верету.. Овој човек буквално сегде го има.. Ора дечкото по целиот терен.. Вистинско освежување денес надополни со гол..
Пасторе е играч кој после Тоти го имаме што знае што треба да прави со топката.. Да е само физички ок он многу може да помогне на овој тим.
Манчини, Заниоло и Смолинг одлични..
Ја застанувам во одбрана на Четин..
Братот не е крив што брзиот Лозано си направи толкав простор крај спориот Коларов.. Да можеше да реагира подобро ама можеше и автогол да даде.. Тешка ситуација милион вакви голови паднале на далеку по искусни играчи..
И фаулот и црвениот картон е потег за поздрав.. Па Љоренте тука излагаше сам на сам со Пау 90% гол ќе беше тоа.. Четин направи фаул на време..
Е сега пред фаулот премотајте неколку секунди и барајте ја грешката кај тој што ја рокна напамет.. Тука лежи грешката..
И да увек Четин пред Хуан Хесус..
Ме зачуди само Фонсека што го уфрли Сантон место Флоренци да брка и крши акции..
3 победи по ред па ова одамна не го имаме осетено.. Уживајте момци во викендов..
Форца Рома...
 
Би било убаво да се изваде наредна недела позитивен резултат со Парма во гости, иако сме там дека ќе е тешки и потоа да одморат дел од играчите за време на репрезентативната пауза.
Инаку за вчера мислам дека повторно најголемиот плус оди за тренерот кој со крпен состав успева да извлече максимум. Горе-долу е познато кој ќе си оди од Рома и за кои позиции се потребни играчи. Не сум сигурен дали зимава ќе испазарат нешто, ама потребни се и тоа како играч од средина и напаѓач.
Калинич и Запакоста ги отпишав, а исто така ЈЈ ќе пали патиките.
Сега не очекува во четврток со Менхенгладбах натпревар во глупото натпреварување. Искрено, ме боли петелот што ќе направат таму. Ебиветер натпреварување. Најважно е никој да не се повреди.
Четин си изигра солидно со оглед на возраста и тоа што ова му е втор натпревар ако не се лажам и прв како стартер.
Има дечкото потенцијал. Позитивно ме изненадува себичниот Клајверт. Прераснува во пргав играч. Потсеќа на татко му :)
 
Никој не пишал за креативноста на Мансини на овој натпревар ...
Долгата топка кон Спинацола за голот на Заниоло, и после тоа имаше уште неколку добри топки, една кога ја копна за Пасторе или Џеко не ми текнува...
Супер тактички натпревар, Четин и според мене ќе биде одличен, се надевам ЈЈ веќе нема да го гледам дури ни на пријателска...
Друга работа што ме нервира е преголемата себичност на Заниоло и Клајверт... Одлично се развиваат, меѓутоа мора да почнат да соработуваат, уште 2-3 чисти гола заебаа поради себичност на крај кога имаше уште 2 јца играчи слободни во подобра позиција они сами шутираат...
И уште една работа што ја заприметив е позиционирањето на Џеко... Се повлекува многу назад, ќе ги проигра крилата по страна кој што нафрлаат во празен шеснаесетник.
Уште на малку работи останува да се поработи и се ќе си дојде на место... Штета што на почеток изгубивме глупи бодови (Каљари и т.н), ни останува уште константност во играта да фатиме.
 
Диавара се вратил да тренира со групата. Ова е супер вест. Очекувам и Мктаријан скоро да се појави на терен. Ундер мислам дека ќе игра од прва во Германија.
Како и да е зимава мора да се земе играч за на средина.
 
Се осеќа заморот, иста постава да ти игра веќе 5-6 меча по ред...

Незнам Фонсека зошто не испадна со оние кои не играат често, ова многу ќе ги кошта за мечот со Парма
 
Ај што не искомбинира ама ни резултат немаме од Германија..
Паднавме на 3 место исто бодови со Гладбах..
Наредна со Башакшехир во гости...
Јебемти ЛЕ да се победи Парма па насочисе на купот боље за 10та титула и звезда..
 
Нека не се замараат со ова глупаво натпреварување. Само можи по селскиве стадиони да се повреди некој и да го кркаме.
Болен е секој пораз во 93 минута. Се надевам дека нема да паднат психички со Парма. Парма е многу незгоден противник. Тоа го докажа често пати сезонава. Мора мудро да се изигра.
Инаку на Рома Балкан читав една информација за Манчини. Детето после секој натпревар одел кај тренерите и се интересирал за тоа како тактички изиграл, за неговите недостатоци во текот на натпреварот. Исто така, постојано прегледувал снимки од претходните мечеви за да ги уочи грешките и да работи над нив.
 
Во јануари можна е трампа Флоренци за Весино од Интер..
 
Нема да се почувствува отсуството на Флоренци, со оглед на тоа во каква форма е.
Човекот тешко дека би напредувал. Јас не сум против ако го продадат или ако го трампаат.
Во однос на Весино немам некое мислење изградено. Неколку натпревари што сум го гледал лани и оваа сезона со Интер и не е нешто за фалење, но со оглед на тоа што во средина сме тенки, би се нашол за покривање и одмарање на останатите.
 
Многу лош натпревар. Не смееја да изгубат денес од геријатријава Парма. Како бе онаков пристап. Себичност, незалагање, па и среќа немавме да заводиме 1-0.
Сѐ на сѐ добро ќе дојде паузата.
Диавара изгубен влезе. :) Сантон не ми се прави муабет. Дечкото не е фудбалер едноставно. Аматер е. И ова се однесува на Флоренци значи колку треба да си очаен од 0 до Сантон за Сантон да игра пред тебе фудбал.
Мизерии.
 
Ги стаса заморот, не им замерувам, Џеко и Коларов дел од утакмицата одмараа, дел играа, оној Верету пак ан место истото да го прави, се исцеди до крај, на крај неможеше да стое, али секоја му чест за се до сега што прикажа, Клајверт е сеуште зелен али има надеж за него, Заниоло исто го фати замор. Диавара све да му ебам, влезе свеж, на место да освежи средината, тој поуморен изгледаше од Верету, изгледа се работи за тежок просек, мислам дека се заебавме со него, за разлика од Верету кој испаѓа топ појачање сега за сега, прав мотор е на екипата.

На толку повредени играчи добро го поминавме овој период. Поразот не заслужен, не одигравме лошо, али дојде во вистински момент, ако требаше пораз, сега требаше да се случи. Нека одморат две недели и тие што се со репрезентации да не се повредат, па полека ни се враќаат и Кристанте и Пелегрини, а еве и Ундер полека фаќа замав. Таман да бидат во ритам за Интер,Јуве и Фиорентина
 
Николо Заниоло оваа година има 17 настапи за Рома и Италија, а неговиот скор е 7 гола и 3 асистенции.

Можни се некои промени во Јануари, како што гледам ќе има промени во играчкиот кадар.

Покрај тоа што сакаат да ги вратат Калинич и Запакоста кои се повредени и некорисни и да го откупат Смолинг, се работи и на донасање на замена за Калинич, а веќе е сериозна работата со Мојсе Кин од Евертон. Големи се шансите момакот да се врати во Италија, во игра се и Милан, но агентот негов кажал дека повеќе ги преферира Рома ради Фонсека, другар му Заниоло и ради лошата ситуација на Милан. На Петраки е ред да ги обработи Евертон со позајмица и право на откуп, пошо дечкото е ризичен, колку што е талентиран толку е и проблематичен.

Има уште неколку шпекулации, дека ќе го продавале Флоренци кој не влегува во ниту еден есап на Фонсека. Во последните година две како десен бек почна да пружа многу лоши партии, еден Сантон игра пред него, незнам што е работа.
Рома демек би го дале за 20-30мил, можна е и замена со Милан за Франк Кесие.
Исто така се работи и на продажба на Пероти.
 
Можно е и Хисај зимава да дојде..
До сега паметно работаат на пазарот и со овие чекори јасна е целта топ 4 по секоја цена..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom