Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
ЛШ останува само сон за сите нас..
Тешко дека Аталанта ќе направи 2 кикса згора на тоа и Милан треба да кикса..
За Милан уште со Фиорентина наредно коло мислим ќе се лизне :D
Тоа вчера недопусливо беше дефинитивно.. Многу ќе боли исто како она водство од 2-0 па 2-2 со Киево, испуштање на водство со 11 на 9 во последни секунди против Каљари а да не зборим 2 пати исшлакани од Спал и итн..
Нека ги освојат преостанатите 9 бода па што биде биде...
Доколку не фатиме ЛШ а со тоа отпаѓа Конте, Мурињо и компанија и доколку не влезе чика Насер нека го остават Ранко уште 1 сезона сигурен сум дека би биле во топ 4.. Секако со добра работа летово...
 
Само Насер за нас. Сѐ друго е мачкање очи. Треба една лопата играчи купување. Вака со овие курац.
 
Конте официјално ни даде корпичка.
Фала богу, испаѓаме од ЛШ, нема ни Мурињо да се нафати, изгледа ќе си останеме со Раниери. :)

Единствен спас е газдата на ПСЖ, али тоа се минимални шанси кои постојат, реалноста ни е Палота и нови продажби на лето на главните играчи.
 
Салам менаџер не ти доаѓа во екипа, каде што газдата ги продава најдобрите играчи секое лето, без разлика на успесите од претходните години.
 
Нови имиња за тренерската позиција откако Конте кажа НЕ, Сари не стави на стенд бај, а за Мурињо немало до сега ништо конкретно. Во прашање се Пол Фонсека од Шахтјор кај кого проблем би бил договорот што го има со украинците, ќе треба оштета да се плаќа, потоа Арсен Венгер(лично моја најголема желба:rolleyes:), али бил во преговори со ПСЖ за функцијата спортски директор и трета опција како резерва Лорен Блан.

Изгледа Палота не сака веќе да експериментира со тренериве и сака искусно тренерско име.

Реално со ростерот што го имавме требаше до сега да имаме обезбедено пласман во ЛШ:toe:
 
Од горенабројаниве, најреално име е Лорен Блан, што и не е така лоша опција.
 
И Гасперини да не го заборавиме..
Што бидна со Насер се откажа или што? Згаснаа пишувањата..
 
Од горенабројаниве, најреално име е Лорен Блан, што и не е така лоша опција.
Блан и Фонсека во ист кош ги ставам по квалитет. Мурињо и Венгер скалило погоре се.
Кога е во прашање достапноста на сите 4ца Венгер,Мурињо и Блан немаат ангажмани, Фонсека има договор и ако се заинатат украинциве нема ни да го пуштат.
 
И да видиме што ќе се продаде и што ќе се купи. :)
 
Dobar e blan...licno zadovolen sum od izborot..ali ke treba seriozno da se pristapi na marketo...prvo sd da resime pa posle trener
 
Секогаш е убава победа над Јувентус, ама џабе е се, треба да имаме огромна среќа у гз, за да играме ЛШ. Затоа и ме нервират вакви победи кога тимот лажно се окуражи дека ги бива, а Јувентус не се замараа, освен она препотентното гомно и симулант, Роналдо кој беше очаен да даде гол, за да одржи шанси за најдобар стрелец во лигата. Али ако му е, ништо не му тргна, се силеше без потребно на Флоренци, овој врати со гол, претходно срамно падна за да му судат пенал и наместо да наведне глава се чуди и негодува зошто не му дадоа пенал. Никој не ги оспорува квалитетите негови, али понашањето му е нула, и Тоти го помина:D
 
Што одлучуваше во Италија во случај на исто бодови со Милан и Аталанта? Меѓусебен дуел или гол разлика?
 
Што одлучуваше во Италија во случај на исто бодови со Милан и Аталанта? Меѓусебен дуел или гол разлика?
Меѓусебен.. Така да најмизерни сме..
Со Аталанта имаме две 3-3 но имаат подобра гол разлика..

ДДР на крајот од сезоната си оди :place:
 
Гомна смрдени и Де Роси го избркаа. Мислам дека ова веќе преминува на лична војна. Нека не спаси некој арап од оваа мизерија.
 
Можам само да му посакам најголема среќа во иднина, бидејќи ја заслужува и бидејќи претрпе многу во животот, посебно со првата жена, кога имаше и закани по животот на неговите деца, тоа потоа и се одрази на неговата кариера, пред некои 5-6 години,баш кога можеше да игра врвен фудбал во зрелите години. Потоа се ожени се смирија работите и како старееше како да ја враќаше формата, лани на пример имаше сезона каква што немал во последните 3-4, за оваа да не зборам, здрав Де Роси беше подобар од сите средњаци заедно.
Проблемот е што се почесто беше повреден, иако тоа не ја оправдува нашата смрдлива управа што не му даде договор на уште година две, верувам дека ќе се нафатеше да игра за значително помала плата, доста е само да го имавме неговото присуство во соблекувалната.
По Тоти отиде уште една легенда, останавме со "младите" недопечени Флоренци и Пелегрини. Ниту еден од нив не можат да нивото на Даниеле, Тоти не го ни спомнувам. Едно е сигурно, клубот во две години изгуби многу, нас треба да ни е мило што ги фативме времињата на овие две легенди и останува да се надеваме дека оваа традиција и овој идентитет ќе постојат уште многу време да го красат клубот.

За година две Даниеле ќе биде испратен како што треба и Олимпико по втор пат ќе биде облеан во солзи, а не очекувам ништо помалку трогателно да биде и на утакмицата со Парма, последниот меч на Даниеле во дресот на Рома:place::place::place:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom