Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
ДДР па ќе почне, а и јас сакам Гоналон да го видам оти на припремите беше подобар од Де Роси
 
На конференцијата за новинари изјави ЕДФ дека Гоналон ќе започне од прва минута, Флоре ќе биде на клупа. :)
Е сега со кој ќе игра Гоналон во средина ќе биди интересно. Ако ги стави со ДДР и Стротман ондак самоубиство ќе изврши. Сите деструктивци. Мора еден од Пелегрини или Жерсон да игра. :)
 
Гоналон и Пелегрини вајда играат и големи се шансите Стротман да почне. Мене ме интересира дали Ундер ќе почне прва, сакам Пероти, Џеко и Ундер да почнат, малку да се растерети Пероти, оти човекот ни е најстандарден игра одлично, индивидуално најдобар во напад
 
На Џеко флопон вчера пред почетокот на натпреварот му ја доделија наградата за најдобар стрелец од минатата сезона. Арно шо флопна :)
21751815_10155143393909200_6352213103540942621_n.jpg

Па видел сиротиот дека за отварање простор не се доделувало награди :')
 
Рутински против Беневенто. Екипата играше со 50% од силите. Деконцентрирани и мрзливи беа денес голем дел од фудбалерите.
Добро е што има фудбалери за ротација да можат да се одмораат главните играчи во вака тежок месец, каде што имаме натпревари среда-сабота.
Беневенто и Верона се многу слаби. Типични второлигашки екипи.
 
Очекував вакво сценарио со детево, дај Боже да ме демантира, ама ако по утрото денот се познава, најскапото засилување на Рома во историјата може да испадне и најголема превара.
Ајде дете демантирај ме!
 
Се виде ефектот на ЕДФ со онаа висока одбрана кога го примивме голот во 90та, влезе Морено играч донесен за ваков стил на висока одбрана, али ете се виде ефектот, голема НУЛА. Сега поминуваме добро со слабите екипи, али со јаките ваквата висока одбрана скапо ќе не кошта, посебно кога Фазио ќе биде во игра, нашата одбрана е таман по мерак за екипи како Наполи, а и Јуве во пријателската со голот што ни го даде и во два три други наврати ни покажа што ќе ни се случува цела сезона
 
За неговиот стил немаме играчи. Мора да е пофлексибилен со формации.
Не знам за вас, ама мене ми се допадна како Пероти изигра на десно крило :)
 
За неговиот стил немаме играчи. Мора да е пофлексибилен со формации.
Не знам за вас, ама мене ми се допадна како Пероти изигра на десно крило :)
Па не изигра, ама пред некоја утакмица па Шарави му беше играл десно, а тоа беше уште полошо.

Дефрел пиши пропало и за шпиц не го бива, која кражба човече, 20+ милиони за неспособен играч
 
Дефрел е дефинитивно флоп ала Итурбе. Уште кога видов колку пари му дадоа одма ми стана јасно. Овај играч вреди под 10 мил. Сѐ над 10 е чиста кражба.
Мислев дека на позиција шпиц ќе покажи нешто, ама јок.
Шарави се гледа дека само на лево е ограничен. Пероти е пофлексибилен играч. :)
 
Првите 6 кола со Спалети лани и со ЕДФ оваа сезона.
22007464_10155167014344200_8628940732334702739_n.jpg


Згора на сѐ со Спалети отпаднавме во баражот за ЛШ.
Ќе видиме во кој правец ќе се одвива сезоната, ама ова за сека е добро. Се случувало да губиме бодови од слаби екипи, а во првиве натпревари од оваа сезона добро се држат. Би било добро да се сите здрави за да може да видиме до каде и што сме. Ако еден Карсдорп се врати, сметам дека Флоре ќе оди на крило. Во дефанзива е послаб. Би било добро да си игра на таа позоција, бидејќи до сега слабо се покажаа останатите таму. Ако се покажи и Чехов таму ќе има мн. фудбалери за ротација.
Што се однесува до повредените и Морено им се приклучи. Има повреда на мускул или сл.
Инаку вчера на пресот Мончи изјави дека во јануари да очекуваме 2-3 нови фудбалери од Франција и Шпанија. Кој има предвид никој не знае.
Голем оптимизам за со Милан меѓу навивачите. Се очекува неколку илјади да отпатуваат за Рим. Голема побарувачка за карти.
Што се однесува за натпреварот со Карабах утре во нападот ќе играме со Дефрел на десно крило. :) Ел Ша лево и среде Џексон. Средина Строки, Раџа и ДДР, назад со ЖЖ и Бруно.
Мора да лупнат 2-3 гола прво и да си го ладат после. Важен натпревар за Рома со надеж да се победи против Челзи или Атлетико еднаш и после сѐ е во игра. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom