Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно лига шампиони :vozbud:
Немам многу надеж, ама па тогаш нај позитивно ме изненадува Рома..
Не сме воиграни уште.. Не сме фатиле ритам саглам..
Нешто позитивно е тоа што викендов не игравме а Атлетико имаја тежок натпревар кај Валенсија...
Гаден фудбал играат чисто касапски без пардон.. Мора да пазиме од контри доколку им ја наметнеме нашата игра,и доколку они ни дозволат за такво нешто..
Имам само пофални зборови за нивниот тим..
Средниот ред ќе одлучи кој тим ќе ги собере 3 бода..
 
Дами и Господа, официјалниот состав:
Alisson,
Peres Manolas Jesus Kolarov,
Nainggolan De Rossi Strootman,
Defrel Džeko Perotti.

Тимот што победува не се менува! :)
Ако бил строго по негово барање Дефрел, тогаш потполно го разбирам зошто го форсира толку. Ама џабе е, нема да можи да ги оправда 20 милиони фрлени в дупка. Подобро Флоре и Ундер таму да играат.
За жал не очекувам позитивен резултат. Најмногу нерешено.
 
едноставно немам доверба ни во ЕДФ ни во неговиот Дефрел што го форсира пред Шарави и Ундер, али ајде барем машки нека одиграат[DOUBLEPOST=1505245332][/DOUBLEPOST]Не е лошо, да имавме уште десно крило
 
Последно уредено:
Првово не изиграа лошо. Играат со срце и мотивирано. Средината мора уште повеќе притисок да прави.
Не знам како не свирна Мазич пенал за Рома кога очигледно со рака играше тој од Атлетико и му го смени правецот на топката. Ама ајде. За друго немам замерки.
Браво за манолас за тоа што го спаси од на гол линија. Сума сумарум реален резултат. Рома ме изненади позитивно, но ќе видиме во второ. Мн. ме плаши тоа што клупата на Атлетико е многу посилна од нашата и има играчи што можат да направат разлика на терен.
Можеби тоа ќе е пресудно на крај. :)[DOUBLEPOST=1505251959][/DOUBLEPOST]Рома-Атлетико крај 0-0.
Можам да кажам дека во второто полувреме Атлетико беше подобар противник. Рома среќно остана непоразена.
Факт е дека Атлетико има поквалитетни играчи, но мораше и требаше да се изигра похрабро во вториот дел.
Дома 1 бод во ЛШ ништо не значи. Мора да се оди на победа, ако се сака да се мине во средно коло.
Сметам дека на оваа екипа макс би му била ЛЕ, а не ЛШ.
Дефрел, кој иако го ругам цело време не одигра лошо денес и со Алисон и Пероти беа најдобри на теренот. За пофалба се и Манолас и Жезус.
Очекував повеќе од Раџа. ДДР два катастрофални киска направи, коишто не смее да ги прави и му отвори шанса на противниците. Стротман исплашено, како без душа. Додавањата млаки и лесни за пресекување.
Џеко во оваа формација нема никогаш да се снајди. Тој е за 4-2-3-1, каде што цела екипа би играла за него. Подобро Дефрел да го прекомандаше на средина а Флоре да го ставеше да игра на десната крилна позиција, ако толку сакаше да не се менува формацијата.
Со ставањето на Фазио на место на Дефрел пробуваше да игра 3-5-2/5-3-2. Со оваа формација малку го измести системот на Симеоне и се ослободи притисокот на Атлетико.
Следна е со Карабах во гости, кадешто очекувам три бода. Ако евентуално сум на исток тоа време не е исклучено да ги гледам во живо. :)
Искрено гледам мн. се плука на нет од балканциве по ЕДФ и екипата. Јас сум задоволен со бод. Не очекував повеќе, со оглед на тоа што оваа екипа е доволна само за трето место во група со Челзи и Атлетико. Да се надеваме дека нема да се изглупираат со Карабах во гости и дека ќе му тртниме 3 гола за раат да си бидиме. :)
Еве статистика од вечерва.
Форца Рома!
21730838_1273305606148264_4384201111926063694_n.png
[DOUBLEPOST=1505253969][/DOUBLEPOST]
21751915_10155799482439797_4573059472685000143_n.jpg
 
Последно уредено:
ЕДФ најавил дека против Верона ќе стартува со 4 нови фудбалери. :)
Не би било лошо да проба и други формации.
 
Пријателска со овие.
Многу слаба екипа оваа Верона. Нема никаков жар кај играчите освен Пацини и Верде, другите туристи во Рим. Ајде и голманот фати неколку добри топки.
Рутинирано победа.
Браво за ЕДФ за составот што го изваде и за измените. Можеше 10-15 мин порано да ги направи. Ундер ќе биди одличен фудбалер. Штета што не влезе една од шансите негови, посебно зицерот. Најпозитивно ме изненади Пелегрини. Машина е детено. 90 минути напред назад на терен спринтој прави. Жерсон класа фудбалер. Мора да му се дава повеќе шанса на децава, па и во ЛШ.
Гоналон нареден натпревар очекувајте да влези.
Ако ја уигра екипата ЕДФ, би имал одчични резултати, бидејќи има голем потенцијал во фудбалерите.[DOUBLEPOST=1505595349][/DOUBLEPOST]
21462741_1275852122560279_3694348994563937092_n.png
 
So vide dobro vo gerson? Od ko vleze ama bas nisto ne napraj ne se ni potrudi da pokazi deka zasluzva prva pistava...pelegrini igraciste under i flo topoj..shik slabo
 
So vide dobro vo gerson? Od ko vleze ama bas nisto ne napraj ne se ni potrudi da pokazi deka zasluzva prva pistava...pelegrini igraciste under i flo topoj..shik slabo

Жерсон игра со мозок, како ретко кој друг играч во моменталнава Рома, а згора на сѐ е технички поткован. Не знам колку го пратете движењето негово и без топка.
 
Добро е вака без многу напор победивме... Во вистинско време дојде натпреваров со Верона.. Следни ни се Беневенто во среда од 18часот..
Конечно тренер кој го искомбинира составот и им даде шанса на помладите и новајлијете..
Се надевам дека со Беневенто на теренот ќе го видиме и Гоналон..
Ако не се лажам уште 3-4 натпревари имаме во септември и потребна ни е оваја ротација на играчи..
 
Инаку што се однесува до Жерсон, имал инцидент после завршувањето на мечот со Бруно Перез. Наводно Перез му удрил шамар во соблекувалните пред почетокот на мечот, за на крајот од мечот дискусијата да продолжи на теренот после свирежот на судијата.
Се замешале соиграчите за да спречат поголем инцидент.
Ја би казна за двајцата.
 
Да точно видов сега на фб.. Мора една дисциплинска на двајцата, клошарана...
 
И Раџа се жалел на повреда. Можно е да остане на клупа за овој натпревар. Средина очекувам да излезат со Пелегрини, Стротман и Гоналон. ДДР и Жерсон како замени.
Напред со Ундер нека си почни. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom