Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Спалети го сакал Фазио, појма немам зошто. :)
Сигурно ќе дојде уште еден бек деновиве и најверојатно играч од средината. Мислам дека Хесус ќе го игра лево.
Онај Сек како бизон е басиму спечалот.
 
Сек ми изгледа недозреан, али Емерсон Палмиери какво откровени ќе биде оваа година, не за џабе Спалети инсистираше да биде откупен уште зимото кога дојде на кормилото.. Палмиери кога играше и во средина изгледаше одличен, воодушевен сум од играчот!!
 
Се убаво си кажавте, да додадам дека никаков Диавара не ни треба..
Паредес ќе биде играчиште, со правилна работа и дисциплина гледам во него светла иднина!!
 
Паредеш има кочница во мозокот, не игра така самоуверено како во Емполи, тука има притисок и гледа да не згреши, додава топки до дефанзивците или до Раџа и Стротман, а понекогаш пушта долг пас точен, почесто тоа треба да го прави и треба побрзо да се отвара и да трча без топка, понекогаш и на памет одигра во напад.

Се гледа дека без Пјанич ќе изгубиме на креативност доколку не донесеме креативец или доколку Герсон не експлодира уште првата сезона(чисто сумњам), прва сезона му е, само што наполни 19 години, треба малку и да созрее и да окрупне за средњак. Али затоа средината сега ни е многу цврста, посебна со Стротман, машина е човекот, класа играч, вчера некој требаше да му каже дека е пријателска, а тој напротив кине за секоја топка, оди таму да се тепа со Емре Чан. Можеби ја нема креативноста на Пјанич, ама е далеку од ограничен средњак, секогаш знае што да прави со топката, има осет и за асистенции, со еден збор, шампион. Заедно со Раџа Наинголан прават да имаме многу цврста средина, сега ќе видиме кој најдобро ќе се вклопи со нив од Де Роси, Паредес или Герсон.
 
Мислам дека ни треба еден креативен везњак. Не Диавара и јас не сум за него да дојде, ама треба некој што може да ја игра улогата на Пјаниќ. Можеби тоа ќе биде Жерсон, сепак времето ќе каже. Млад е и перспективен се виде, а како ќе се развива во иднина ќе видиме.
И покрај заминувањето на Пјаниќ средината не е ништо послаба од лани. Сезонава ги имаме Стротман, Паредес и Жерсон како нови имиња. Одбраната е таа која чкрипи, мора да се реагира таму. Ако донесат десен бек Флоре ќе биде прекомандуван понапред.
Засега го имаме следниов состав:
....................................................Шчешни/Алисон/Лобонт...............................................
Флоренци/Торосидис/Нура+.....Манолас/Ѓомбер.....Х.Хесус/Ридигер+.......Марио Руи+/Емерсон П./Сек
.............................Де Роси/Паредес........................Стротман/Ванкер......................................
Салах/Итурбе/Ричи..............Раџа/Жерсон/Х`Маидат..............Шарави/Пероти.....................
.................................Џеко/Тоти/Садик Умар/ Понче............................................................

Овие се сега за сега тука и башка од младиве неколку што претендираат да останат.
Инаку Де Роси со изјавата дека на крајот на сезоната ќе не напушта малку зафркна. На сите им е познато дека ќе продолжи Америка, ама не требаше сега тоа да го изјавува.
 
кој е овај бе???:D:D

И Понче нели отиде ан сува позајмица во Хихон??

И Фазио го број веќе, вечер стига во Рим на прегледи :D[DOUBLEPOST=1470145273][/DOUBLEPOST]Со Интер ќе играат пријателска или откажана е??
 
Последно уредено:
Х`Maидат е земен од Асколи и важи за голем потенцијал. Изгледа ќе оди на позајмица во Холандија (Твенте).
http://www.transfermarkt.com/ismail-hmaidat/profil/spieler/257160

Понче мислам сеуште не е отиден, уште стои како наш играч. Фазио нека тури потпис и одма го ставаме во составот. За пријателски знам дека со Монтреал ќе играме задутре, а со Интер не сум слушнал дека ќе ги одмериме силите.
Вака-така немаме лош состав.
 
Што да ви кажам дечки ми се исполни сонот да го видам Тоти во живо барем еднаш :) Уште не ми се верува дека бев таму. Имав карта одма до навивачите на Ливерпул, а видов на спротивната страна имаше и организирано навивачи на Рома.
За утакмицата нема што да зборувам сите ја гледавте ама мора да ги пофалам Емерсон, Алисон и Паредес. Алисон е одличен голман не спаси 2-3 пати, Емерсон изигра сосем солидно немаше многу опасност од неговата страна а Паредес беше одличен во дефанзива а и со Стротман изиграа неколку доби акции. Штета што не изигра Понсе баш сакав да го видам ама тешко дека тој ќе заигра кај нас. Имавме доста шанси напред ама нас не кочи што крилава ни се многу едноноги иначе можевме да победиме и со повеќе. Одбрана мора да се донесат еден десен и еден лев бек и мислам дека ќе сме ок. Флоренци може да биде бекап десен бек ама никако стартер. Во офанзива е едличен, знае да нафрли да шутне и се ама одбрана е послаб. Шчежни се враќа во Среда-Четврток, Фазио денес ќе потпише така да мислам ни останува само лев и десен бек до крајов на преодниов :)
 
^секоја чест брат,сега фаќај авионот за Монтреал, да го видиш барем два пати Тоти:icon_lol:

И Фазио пристигна во Рим, што играч е врска немам, порано го знаев, последните години го нема нигде.
 
Ако Тоти и ДДР заедно одат у пензија оваа година, ќе плачеме како мали бебиња на последната со Џенова.
 
Ако Тоти и ДДР заедно одат у пензија оваа година, ќе плачеме како мали бебиња на последната со Џенова.

Де Роси нема да оди во пензија, туку најверојатно кариерата ќе ја продолжи во САД.
 
Мохамед Салах официјално откупен од Челзи за 15мил евра(y)
 
Според Дејлињуз Рома ќе доведе уште тројца играчи и тоа се конкретизира со имињата на Вермален, Дармијан и Тилман (за овој бекоф опции се Насри и Витсел). Колку е реално не знам, ама зошто да не.
Вермален е ЦБ и оваа опција не ми е реална толку ако гледаме на тоа дека со него во екипата би имале 5 ЦБ (Манолас, Ридигер, Х.Хесус, Фазио и Вермален... Ѓомбер не го бројам, веројатно ќе си оди). Е сега единстевна логична работа од ова ми е дека на лето еден од Манолас или Ридигер ќе биде продаден. Друго нешто што би можело да биде клучно за овој трансфер е Хесус да го турат лев бек да игра и така овие да пополнат место на ЦБ.
Дармијан ми е најреална опција да се донесе. Еве подолго време се крева прашина околу него. Ќе видеме на крај што ќе испадне.
Тилман е млада ѕвезда, за којашто се заинтересирани повеќе клубови. Нешто налик Стротман своевремено. Ако успеат да го доведат јас ставам плус на меркатото.

Фазио стигна се сликаше. Има многу негативни коментари за него од страна на нашиве балкански навивачи. Не е во ред тоа, да оставиме времето да покаже. Сепак играчот доаѓа по барање на Спалети. Јас верувам во чело.
 
Де Роси нема да оди во пензија, туку најверојатно кариерата ќе ја продолжи во САД.
Не врат, шија.Како и да е ќе е крај на голема ера во Рома, можеби не трофејна, но ера која остави голем белег во историјата на фудбалот.
 
Можните противници на Рома во квалификациите од ЛШ
13939546_1252839154734282_7211277024563645616_n.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom