- Член од
- 7 август 2010
- Мислења
- 3.518
- Поени од реакции
- 5.385
Новиот играч на Рома, Раџа Наинголан директно преку видео врска одговараше на прашањата на навивачите кои имаат платено за AS Roma Membership преку официјалниот веб сајт на клубот.
Ги издвојуваме поинтересните:
Во Каљари те викаа 'Нинџа', но во Рим ги сакаат гладијаторите. Како повеќе сакаш да те викаат?
"Нинџа, бидејќи имам ориентално потекло, меѓутоа на теренот сум гладијатор."
Дали ја одбра Рома и поради други, 'нефудбалски' причини?
"Искрено имав неколку понуди, но Рома најмногу ме привлече. Покрај тоа, градот има прекрасна историја, што секако беше една причина повеќе."
Дојде пред една недела, а веќе одигра 2 натпревари. Очекуваше толку брз развој на настаните?
"Не очекував, но напорната работа станува наше хоби и затоа сме спремни секогаш. Јас се подготвив и психички и немав поголеми проблеми, сега со моите настапи можам само да помогнам повеќе."
За време на летото беше во Индонезија, од каде што потекнуваш. Каков ефект имаше тоа?
"Прв пат отидов таму. Беше убаво искуство и сигурно дека ќе одам повторно. Запознав еден дел од мојот живот кој не го познавав. Навистина емотивно."
И твојата сестра е фудбалерка. Како се одлучивте и двајцата за фудбалот?
"Ние сме близнаци. Јас започнав уште кога бев многу мал, а таа беше секогаш покрај мене бидејќи има посебна врска помеѓу нас. Кога играв јас и она сакаше да игра. Сега е во првата белгиска лига."
Светското со Белгија или скудето со Рома?
"За играчот секогаш поважно треба да биде, да му оди добро со клубот. Националниот тим е награда за која треба да се работи напорно. Јас преферирам успех со мојот клуб."
Трансферот во Рома треба да ти допринесе за во репрезентацијата?
"Веројатно. И додека играв во Каљари имав неколку настапи за репрезентацијата. Сега, кога играм во голем клуб, би требало да биде подобро и да бидам поприметлив за очите на селекторот."
Кои цели си ги постави со преминот во Рома?
"Да помогнам на тимот кој веќе е силен и може да направи добар успех. Имаме 8 бодови негатива но математиката не не' загрижува и ќе играме до крај. Следната сезона ќе се бориме за скудетото и ќе се трудиме да стигнеме што подалеку во лигата на шампиони."
Какви чувства ти предизвика 'Curva Sud'?
Прекрасно чувство кога дебитирав во купот, но најсилно чувство имав против Џенова. Тука навивањето е посебно. Во Каљари поради проблемите кои сите ги знаете, не бев навикнат на волку голем број навивачи.
Против Ливорно?
"Натпревар за да ја задржиме позицијата. Мора да победиме, можеме да победиме секого. Против нив би требало да победиме, но треба добро да ги простудираме и да дадеме максимум за трите бодови."
Како играч на друг клуб, како гледаше на страствениот амбиент во Рим?
"Додека играв во Каљари знаев една работа: да дојдеш да играш во Рим е многу тешко особено поради тоа што навивањето е жестоко и посебно. Сакам да кажам дека давав 101%, се залагав во секоја ситуација."