Многу работи во Рома неми се јасни. Доколку Ламела си отиде па ништо нема да биде јасно. Уствари си имам јас некои свои теории на заговор ама ајде. Ќе почнам со моменталнава ситуација потоа ќе се вратам назад неколку години и потоа ќе кажам што очекувам во иднина.
Значи што се случува во моментов: Ова лето го продадовме најдобриот дефанзивец Маркос пред месец дена, но тоа според мене беше добар бизнис бидејки успеавме да ја реконструираме скоро цела одбрана и мислам дека сме барем за нијанса подобри од минатата сезона. Потоа си Отиде Стекеленбург што според мене беше добро и за нас а и за него бидејки имаше 2 КАТАСТРОФАЛНИ сезони, и успеавме да извадиме максимум од него. На негово место очекував да дојде некој подобар и докажан. Дојде Де Санктис. За ова не знам што да кажам, го следев во Удинезе беше добар но откако се пресели во Наполи велат дека паднал доста во формата. Ок, како и да е го имаме Лобонт како резерва кој мислам дека беше подобар од Стек минатата сезона. Потоа го продадовме Освалдо еден од 3-те напаѓачи што ги имавме, ок 4 со се Тоти. Очекував дека ќе донесеме соодветна замена. Сезоната почнува за неколку денови а од нов напаѓач ни трага ни глас. Шпекулациите почнуваат со Џеко, Ето, Ба, па завршуваат со Матри, Џилардино и незнам уште некој од Аталанта и Катанија. Нешто тука не штима. Тимот требаше да биде составен уште одамна а не 2 дена пред мечот. А и кога се продава играч мора да се има соодветна замена за него а ние немаме никој. Сега се спомнува заминување на Ламела?

„Јел ти мене јебеш Пауновичу? -Не јебем друже поручниче!“ Па единствена светла точка откако дојдоа Американците е Ламела. Не Хајнце, Не Луис Енрике туку Ламела. Не знам како можот да ги продадат 2та најдобри играчи од минатата сезона во рок од 1 месец, а едниот од нив на 2 дена пред стартот на сезоната? Тоа никако не можам да го сватам. Нели ќе градеа силна Рома? Што се случи со таа силна Рома? Ако мислат дека со продавање на најдобрите играчи се гради силен тим I have bad news for them.
Ајде сега малце да се вратиме во времето кога конечно Росела си отиде со солзи во очите и како Тито ја поздрави публиката која дојде да ја испрати. Неколку денови потоа дојде и Томас ДиБенедето во Рим и беше пречекан како Исус (море и подобро). Навивачите на Рома во екстаза. Па ни јас самиот не можев да спијам 2 дена од радост. Веднаш потоа почна преродбата во 100 чекори во стилот на Груевски, и беа ангажирани Сабатини, Балдини, Енрике, нови тренери, нови играчи, сопствениците правеа ветувања во стилот на македонската политичка сцена. Во еден преоден рок потрошивме повеќе одколку во сите години со Росела. Очекувања на високо ниво. И што се случи?

тоа се случи. Неуспеавме да се пласираме во европа, испаднавма во квалификациите од тим кој не можам ни името да му го изговорам, а навивачите пропаднаа во земја. И потоа гром од ведро небо. ДиБенедето не е всушност претседател на Рома Палота е!!! А?!?! Ок ок заедно ја купија Рома па сега едниов си оди другиов останува нема врска. Е сега ајде да видиме кој е Палота а кој ДиБенедето. Ни за едниот ни за другиот можат да се најдат некои информации. Едниот беше наводно инвеститор (не сопственик) во Boston Red Sox а другиот инвеститор (не сопственик) во Бостон Селтикс. И двајцата нешто се спомнуваше дека имаат инвестирано во Ливерпул но и тоа не е сеуште докажано. Е сега за Бејсболов не можам да кажувам дидејки не пратам но кошарка следам доста а и Бостон ми е еден од посимпатичните тимови во НБА. што се случи со нив? За тие што не знаат Селтикс ги распродадоа скоро сите играчи освен Рондо и изназедоа млади играчи. Што се случува во Рома? Скапо се продава евтино се купува. Коинциденција? I think not. Или Америте се во огромни долгови па покриваат дупки или пак имаат намера да ги инвестираат парите на некое друго место, трета опција не гледам.
Потоа следеше уште една неуспешна сезона со чичко Земан на клупата кој беше доведен бидејки беше миленик на фановите, па управата на чело со Балдини реши да го доведе него за да се смират фановите колку толку. И што се случи?

повторно! Земан беше избркан 10-тина кола пред крајот, на негово место дојде Андреацоли кој во живот не водел ни младиснки клуб, и ни крив ни должен мораше да не спасува. На крајот изгубивме во финале од купот од Лацио, не успеавме да се пласираме во Европа, доведовме трењер кој нема никакво искуство во Серија А... Единствена светла точка Отпуштањето на Балдини. Се до Јуни мислев дека негова грешка е целиов проект на Рома ама сега малце се замислив. Сега гледам дека Сабатини е единствениот во управава кој се труди да работи нешто за доброто на Рома, другите гледаат како да си го наполнат џебот. Па незнам колкав идиот треба да бидам за да ме е*ат во здрав мозок Америве. Сваќам дека имаа големи загуби со неиграњето во ЛШ и ЛЕ но тоа не е по вина на навивачите или Росела. Тие си се сами криви.
Јас му давам уште 1 сезона. Да ја оправат Работата Што ја усраа и да покажат дека ја сакаат Рома и дека не се тука само за профит. Но како што гледам како одат работите еве однапред што мислам што ќе се случува: Уште една

сезона каде што повторно ќе менуваме трењер, Сабатини најдоцна до крајот на сезоната ќе даде изјава дека е негова вина и ќе си оди, фановите ќе одржуваат протести секоја недела се додека еден ден не им пукне филмот и направат некој поголем инцидент, следното лето ќе бидат продадени уште 2-ца добри играчи за сума поголема од таа што доше и Америте ќе донесат уште 3-ца таленти и ќе изјават дека градат голема Рома. Дај боже да грешам Дај боже да донесеме 2-3 добри играчи до крајов на преодниов рок и да успееме да се пласираме во ЛШ и конечно да имаме една позитивна сезона откако дојдоа американците, но како што ми смрди работава, сезонава усравме на големо.
Извинете ако има грешки во текстот одамна немам напишано нешто подолго.
И за крај еве еден добар текст:
http://www.chiesaditotti.com/2013/8/20/4637936/totti-tuesday-confessions-of-a-romaholic