Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Во петок на 26 ти како што знаете Рома игра пријателска против Арис во Солун... Јас сум заинтересиран да идеме да гледаме ако сакате, секако во зависност од тоа колку е картата и дали ќе има шанси да најдеме. За превоз и не е толку проблем, ако сме повеќе може да договориме комбе ќе се фати околу 10-15 евра од човек, а доколку сме помалку вака да најдеме од тие што прават редовни тури околу 20 евра е мислам... Дај пишете ако заинтересирани, само што е можно побрзо за да има време да се договориме убаво.

Иначе Маркињос и официјално продаден на ПСЖ, со тоа што и Коринтијанс добија околу 4.5 милиони од трансферот.
Пјанич изјави дека останува сигурно во Рома, сигурен сум дека и Де Роси ќе остане 1000 %, па заедно со Стротман во средина другата година очекувам парче да прават. Освалдо како што ми се чини има шанси да остане во Рома, пошто тоа го побарале и другите играчи (иако јас го замразив и не го сакам ич како човек, сакав и да го продадат... Ама тоа не го менува фактот што играчот е навистина добар и ако остане ќе дава голови, сепак нема да заборавам дека на најважниот натпревар на Рома он шеташе во Лондон, шамарот на Ламела, покажувањето среден прст кон навивачите и барање ферка со нив... )

Заинтересирани сме за Рами од Валенсија, и како што прочитав сме понудиле 10 милиони, а неговата клаузула е 12,5 милиони што би значело дека голема е веројатноста да дојде кај нас, исто така мислам дека повторно сме во трка за Цезар, наводно он изјавил дека повеќе би сакал во Рома одколку во Наполи +Мајкон го убедувам да дојде кај нас, само што проблем е високата плата што ја бара.
Освен Једвај, Стротман и Мајкон Рома донесе уште двајца млади фудбалери, станува збор за 22 годишниот напаѓач на Брегот на слоновата коска Амари Конте, кој пред тоа има настпувано за младиот тим на Парма
Покрај Конте Рома го донесе и 17 годишниот играч на Лече Франческо Ди Марино...
И за крај се чека уште официјална потврда за трансферот на 20 годишниот напаѓач на Национал Гонзало Буено...
 
lionlef
Слабо некако пишуваш овде, а гледам фан си на Рома... Не дека премногу пишуваме и ние, ама бар сега има за што да се пишува :D
 
lionlef
Слабо некако пишуваш овде, а гледам фан си на Рома... Не дека премногу пишуваме и ние, ама бар сега има за што да се пишува :D

Не сум во можност да пишувам не сум во МК. Ама редовно следам за настаните во Рома.
 
Рома секако е во добивка од Маркињос и да останеше .. дали вреди толку ? па како што гледате тимови како Сити,ПСЖ, Монако и остали ги пореметија цените па така да веќе 30мил станува нормално, еве како што гледате Маркињос 7-ми најскап трансфер ова лето, а сеуште е рано ... криво би ми било само доколку Маркињос постане еден од најдобрите дефанзивци во светот, а предиспозиции за такво нешто има ;)
 
Денес на пријателската Рома-Бурса 1-1 (0-1 Шестак 54.мин.) и за (1-1 Освалдо 63.мин).
Ако има некој повеќе детали од тоа како се движела играта, нека пише. :)
 
http://www.asroma.it/en/news/as_roma_v_bursaspor_fc/

Како шо гледам Освалдо и Пјаниќ активно играа, Стронтман не беше во игра, сигурно уште е рано за него. Видов на сликите еден малд плав фудбалер - личи на русин:pos: али сигурно не е . Не знам кој е. Исто така се спомнува резервниот голман Скорупски и двајва фудбалери Ричи и Ричи. Не ги знам??? Има некој информација подетална за овие и останатите нови играчи?(y)
Очигледно Гарсиа нема да отстапи од 4-4-3.
Па ке видиме. Уште е рано.
 
http://www.asroma.it/en/news/as_roma_v_bursaspor_fc/

Како шо гледам Освалдо и Пјаниќ активно играа, Стронтман не беше во игра, сигурно уште е рано за него. Видов на сликите еден малд плав фудбалер - личи на русин:pos: али сигурно не е . Не знам кој е. Исто така се спомнува резервниот голман Скорупски и двајва фудбалери Ричи и Ричи. Не ги знам??? Има некој информација подетална за овие и останатите нови играчи?(y)
Очигледно Гарсиа нема да отстапи од 4-4-3.
Па ке видиме. Уште е рано.

Најверојатно Једвај си го видел... :D Тоа е тој младиот што го земаа сега од Динамо Загреб, ако мислиме на истиот :D
 
Очигледно Гарсиа нема да отстапи од 4-4-3.

Кој ќе му дозволи на Гарсија да игра со играч повеќе, не ми е јасно? :confused:
Или пак ова е формација без голман? :icon_lol:
 
http://www.asroma.it/en/news/as_roma_v_bursaspor_fc/

Како шо гледам Освалдо и Пјаниќ активно играа, Стронтман не беше во игра, сигурно уште е рано за него. Видов на сликите еден малд плав фудбалер - личи на русин:pos: али сигурно не е . Не знам кој е. Исто така се спомнува резервниот голман Скорупски и двајва фудбалери Ричи и Ричи. Не ги знам??? Има некој информација подетална за овие и останатите нови играчи?(y)
Очигледно Гарсиа нема да отстапи од 4-4-3.
Па ке видиме. Уште е рано.



Тој плавиот доколку си го гледал во прво како деструктивец е Једвај .. додека во второ полувреме, плаво момче со долга коса кое играше како десен бек е Чречензи или Крешензи ;)


Немав нет некое време, гледам со Де Сантис готова работата, сега си мислам дали ќе останеме со него,Лобонт и оној новиот полјак или пак ќе доведат подобра алтернатива :cautious:
--- надополнето: 25 јули 2013 во 18:29 ---
Де Сантис официјално во Рома
 
1z177r9.jpg


Еве како би изгледал моментално најсилниот состав што го имаме, со голема веројатност Освалдо да си оди, па да имаме друг шпиц или да се потрпеме на Дестро ...

Остануваат многу неразјаснети работи околу играчкиот состав, кои се целите на управата и тренерот, затоа не сум коментирал до сега кој трансфер е добар а кој лош ... на пример доколку си оди Освалдо можеби ќе останеме само со Дестро а Бориело би го мењале со Џилардињо(се едно, и двете варијанти се лоши), значи во таков случај боље Освалдо да остане ... друг пример, дојде Стротман, но сега дали некој од Пјанич и Де Роси ќе си оди ? дали Бурдисо ќе остане и наредната година или ќе земаме нов стопер или пак ќе се потреме на него заедно со Ромањоли и Једвај ?? по Де Санктис дали ќе има пристигнување на уште подобар голман или ќе останеме со Лобонт и полјакот Скорупски?

Значи еден куп неразјаснети работи кои ќе не мачат се до крајот на Август ... но мене најголема енигма ми е тренерот, Руди Гарсија, појма немам како играл Лил до сега, каква тактика и филозофија применувал,какви играчи користи како средњаци, читав нешто но тоа не е доволно да зборувам .. гледам на тренинг и на пријателската со Бурса применуваат 4-3-3, а доколку сакаат да играат со таа формација потребни им се крила и тоа добри крила, бидејќи освен Ламела и Тоти кој може секаде да игра таков тип на играч немаме .. друго што ме збркува е тоа што велат дека можеби ќе се користи и 4-2-3-1 .. како и да е навистина незнам што да мислам и да кажам што е добро а што не .. но едно знам, сите италијански клубови се засилија и што е најбитно имаат искусни тренери, а ние и оваа година се коцкаме .. јас стварно немам голема верба во Руди дека ќе направи нешто, а сигурно од него како тренер ќе зависат многу работи ...

Затоа ќе продолжам да си ќутам во врска со играчите што си одат и оние кои доаѓаат, има уште еден месец, а како ќе одминува времето многу работи ќе станат појасни ...

штета нема да можам да ја гледам утакмицата со Арис, каде веројатно Стротман ќе го има своето деби за тимот, да го видам како се понаша на терен, па и не само него туку цел тим :)
 
Ајде бе,стегнете се за Жервињо. :)
 
Кој ќе му дозволи на Гарсија да игра со играч повеќе, не ми е јасно? :confused:
Или пак ова е формација без голман? :icon_lol:

UUUUPSSSS. Голем лапсус. Фала пријателе не беше намерно. Брзав во пишењето 4-3-3. Се разбира.
Сепак добро е. Каков клуб , такви фанови(y)

B.T.W за две- три недели се ќе се разјасни, па да видиме. Ако се средат работите со Освалдо, подобро да остани отколу да се нудат полоши во моментов решенија.....
Иако тренерот можда не е харизматичен (читај популарен), сепак да му дадеме малку време па ке видиме.
Поздрав
 
Ајде бе,стегнете се за Жервињо. :)

Жервињо секако добро би ни легнал, немаме крила освен Ламела и Тоти кој како што реков секаде може да игра .. а Руди игра со крила, така да продорни играчи мора да имаме повеќе на располагање .. позитивна работа кај Жервињо е што може да игра на двете страни, ќе го земем за мали пари а и не е стар
 
И уште една позитивна работа е што е работил со овој тренер во Лил,кога беше во животата форма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom