Најверојатно оваа песна ќе ја пееме во септември

Сите трансфери завршени завршени и на крајот некој ни ги зема од пред нос. Очекувам во следниве 2 недели најмалку 3 засилувања, и мислам засилувања не трансфери. Ако донесат уште некој Јужно-Амерички талент, или талент на кого успех му е 17 место во Казахстанска лига одбивам да гледам Серија А до Декември.
Не знам само како очекуваме да играме во ЛШ со овој тим. Еве да фрлиме еден мал поглед. Освалдо врв на кариера му е трансферот во Рома. Пред тоа има изиграно 1 добра сезона во Еспањол друго ништо. Пирис нема ни изиграно за тимот од каде што е позајмен туку има 1 сезона во Сао Паоло каде што изиграл 20 меча (единствено видео што го имаше на времето од него е она каде што Нејмар го понижува и го прави пониско од гомно). ПанИдиотис цел живот го помина втора лига минатата сезона поголем дел од времето пеше стартер. Има одлични предиспозиции и голема желба а талент 0. За Дестро нема да коментирам бидејки сепак се повреди во прва сезона а и сеуште може да се докаже. Бредли цела кариера ја помина во просечни и исподпросечни клубови и нема некој поголем успех.
За споредба во сезоната 2000-2001, во нападот го имавме Батистута кој пред тоа имаше 9 одлични сезони во Фиорентина, и 3 солидни во Аргентина. Монтела кој беше еден од најдобрите напаѓачи во Италија неколку сезони пред да дојде, во одбрана Самуел кој имаше играно во Бока и Њуелс, Кафу кој стана и Капитен на бразилската репрезентација, Томаси,Кандела Делвекио, и Тоти кој имаше 24/25 години а не 36.
Значи какви засилувања такви резултати.
И да ако го избркаат Де Роси тогаш можат да се гонат у пм сите во управата. Роналдо и Меси да беа во ист тим и да требаше да играат со Бредли и Таксидис ќе беа просек играчи не Де Роси. Ако не го одврзат кесето летово америве можат да заборават на ЛШ во наредните 4-5 сезони унапред.
Ако ништо друго барем вакви играчи нека донесат