Ок слушај во врска со Де Роси, Рома секогаш ќе има мизерна понуда во врска со условите за негов договор гледано во однос со оние на Реал Мадрид, ова му е јасно и на Де Рсои ( барем се надевам).
Де Роси имаше едно интересно интервју изминативе денови во кое кажа неколку работи јасно а тие се :
Во врска со негов трансфер во Реал тој го искажува следново: Доколку Рома има некаква причина да ме продаде, без разлика дали е од финансиски карактер или технички јас тоа ќе го прифатам се со цел да и помогнам на екипата која ја сакам.
Значи од ова јас можам да заклучам дека тој кажува дека нема желба да си оди од клубот без разлика примања и се останато, но доколку Рома сака да го продаде тогаш тој тоа ќе го прифати. И Овде јас мислам дека е доволно јасен.
Е сега замисли си доколку би дошла до евентуална продажба на Де Роси, каква ќе биде ситуацијата на Росела пред навивачите ( таа мислам дека го има во обзир и ова).
На крај јас мислам ( а и се надевам) дека нема да дојде до продажба на Де Роси. Па останува да видиме.