Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Аууу срцето ќе ми се исполни кога ќе го видаммм форцаа Кевиннн:vozbud::vozbud:[DOUBLEPOST=1455983069][/DOUBLEPOST]Доколку Интер не го откупи Љајич, ќе го трмпаме за Бруно Перез и конечно би имале десен бек ѕвериште!!:vozbud:
 
Последно уредено:
По мене тотално правилна одлука за неповикување на Тоти вечер.
Точно дека Тоти е принцот на Рома, но неможе он да се става над самиот клуб. Во време кога ни висат на конец и квалификациите за ЛШ он се буни за играње. Па 40 години има и само што се врати на терен од повреда, неможе да бара преку леб погача.
 
Тоа и ми е поентата. Тоти со оваа изјава го поткопува авторитетот на тренерот, ја загрозува цела организација со тоа што изјавува вака, преку медиуми "налутен" му упатува критики на тренерот. Тотално аматерски потег, не очекував од некој што игра професионален фудбал 20 години да се постави вака во ситуацијата. Јас го разбирам неговиот статус кој го има кај навивачите, истото беше и со Џерард, ама никогаш не треба да се дозволат вакви испади без разлика што е икона на клубот.
 
Ауу тек је почело, сега дури ќе настане хаос во Рим:facepalm:

Спалети можел да разговара со Тоти и да ги разјаснат работите, а ова исклучување од состав не му требаше(n)[DOUBLEPOST=1456063856][/DOUBLEPOST]Е ова е Рома, ова е Рим, ова го нема никаде на друго место.. И кога тргнат работите на добро мора нешто да испадне како што не треба, вистински хаос сега ќе настане, па и доколку вечер не победат ќе биде уште толку полошо, Спалети ќе биде под огромен притисок, отидоа предалеку работите, сега јавноста и медиумите ќе не закопат.


На Тоти не му требаше таква изјава, а ни па на Спалети не му требаше овој потег да го изостави. Али од друга страна, Спалети покажува преголем авторитет, не е оној стариот Спалети, по ова исклучување на Тоти од екипата незнам дали веќе некој играч ќе сака да прави проблеми во клубот, тренерот даде на знаење дека никој не е поголем од клубот и дека во Рома веќе нема заебанции како порано, а така треба и да функционира еден клуб како Рома.
 
Последно уредено:
Тоти не е цицибан бе на 0-2 во 87 да го ставаш!!!
Тоти моментално за Џеко е Кока Кола со тоа што требаше прво Тоти да го уфрли во игра..
Абе влезе во игра кои топки ги подаде која прегледност која елеганција бе човече а не оној стапон за чукање орае за ништо што не го бива освен на Шабан Шаулич да му реди бакжиш..
У пм нека оди се, незнам од кога Спалети станал толку заебан сигурно од климата во Русија му е..
И убаво кажа Шака Лака требало да седнат негде на кафе муабет а не да дојде до ова.. Принцот е понижен едноставно а Спалети незнае дека Тоти е поголем и од Папата... :)
За вечер незнам што ќе биде искрено реално треба да ги издуваме..
 
Требало и Тоти, на кафе да му каже на Спалети дека не е задоволен од минутажата, дека е подобар од Џеко (што се согласувам и јас), дека е спремен да помогне додека може, па нека го стави Џеко во 60-70 минута. Вака се создава негативна енергија до максимум, препуцавање во медиуми. Сите го сакавте Спалети, како спасител го гледате, и сега влегува во лоши односи со Тоти. Многу незгодно..
 
БРАВО СПАЛЕТИ ! Колку и да го сакаме Тоти, сепак тој неможе да е над клубот и над Рома.Се дур Тоти е над Рома (што е реалноста) ќе бидеме маалски а не шампионски клуб.Има еден куп такви икони, кои кога се ставале себиси над клубот јаделе суспензии.
 
Сега сите има да серат со изјави, од Земан до Берлускони, ќе се дигне огромна фама, а тоа само штети на клубот..
 
Многу аматерски изиграа и двајцата, ама од друга страна мораше некако да се реши проблемот (ако е воопшто решен).
Земан веќе имаше изјавено дека играчите раководат со клубот, а не тренерот.
Зошто трчаа кај Руди да се радуваат Флоренци и компанија кога постигна гол пред 2 месеци.
Руди го болеше патката. Ако постигнат гол постигнат, ако не тоа е. Секогаш ќе се најди на кого да се префрли вината. Одговорот е дека секој си знаеше какво „загарантирано“ место има во тимот.
На Жервињо и двете нозе да му беа скршени пак ќе играше. Кеита да легнеше да дремни малку немаше да го извади од игра и т.н. Цел бивши Лил го имаше собрано од една страна, а од друга страна што му носеше Сабатини сѐ прифаќаше. И тимот го направи попара.
Е сега е друга песна. Ќе играат тие кои се во форма и кои се подготвени да дадат 100 % од себе за 3 бода да донесат на екипата. Жервињо прв ја увиде ситуацијата, т.е. си ги знаеше кои му се квалитетите и си побара чаре. Нека ги трќа кинезите сега. Трчај, трчај, и сопни се на топка... ако има среќа ќе турни некој гол. Навистина можеби брзината го вадеше, ама чоекот пас не знаеше да направи. Кеита еве го и тој си седи и не се буни. Го стави 1-2 пати во игра и никому ништо. Е Тоти сака да игра 90 мин. Не викам дека можи или не можи, зошто не сум со него на тренинзи па да знам. Секоја чест за сѐ што направил за Рома и никој ништо не му оспорува. Кога можел да бира каде да игра, тој се одлучил цел живот да остане тука, во клубот којшто го вивна кон врвот на светскиот фудбал. Ама последната изјава не му требаше.
Спалети си носи одлуки и одговара за последиците. Никој од фудбалерите нема да одговара ако имаме порази и нерешени, туку ќелајцата ќе оди кај анкл Џејмс да се објаснува.
Сите забораваат дека тие се таму за Рома, а не е Рома таму за нив. Тимскиот дух треба да се врати, толеранцијата треба да се врати, и почитта треба да се врати. А дел од тимот е секој поединец од чистачот во Тригорија до Џејмс Палота и надзорниот одбор на холдингот.
Се надевам дека сѐ ќе се среди во најбрз можен рок и исходот ќе биде позитивен и за капитенот и за Спалети.
Пупоне е во право за фамата, но како инаку би се продавале весниците.
Вечер очекувам победа со два гола разлика. Само мора внимателно. Не знам како ќе бидат психички и физички спремни после Реал и ова вчера и денес што се случи.
 
Тоти не е цицибан бе на 0-2 во 87 да го ставаш!!!
Тоти моментално за Џеко е Кока Кола со тоа што требаше прво Тоти да го уфрли во игра..
Абе влезе во игра кои топки ги подаде која прегледност која елеганција бе човече а не оној стапон за чукање орае за ништо што не го бива освен на Шабан Шаулич да му реди бакжиш..
У пм нека оди се, незнам од кога Спалети станал толку заебан сигурно од климата во Русија му е..
И убаво кажа Шака Лака требало да седнат негде на кафе муабет а не да дојде до ова.. Принцот е понижен едноставно а Спалети незнае дека Тоти е поголем и од Папата... :)
За вечер незнам што ќе биде искрено реално треба да ги издуваме..
Како прво Тоти е голем но не и поголем од клубот, убаво кажаа дека додека Тоти го води клубот нема да не биде. Како второ они седнале и Спалети му објаснил што и како, но господинот сака да се врати преку притисок од весници и навивачи. А како трето треба и ти да сватиш дека Тоти има 40 години и освен средината и по некое подавање не е способен за ништо друго (барем додека не се врати во форма што на 40 год. може да бите тешко и макотрпно), и влезе последни минути само колку да го испоштува и да му се впише во биографијата. Инаку дека е спремен и моќен да изигра нешто против Реал :( И јас го сакам и почитувам но треба да ја гледаме реалноста. И Аршавин на времето палеше и гасеше па ете го на каде помлади години 34 дојде да игра во Вардар, исто и Роналдињо на 35 год. сега се преметкува по клубови а на времето беше најдобар фудбалер на светот. Тоти што направил и постигнал и за себе и за клубот е стварно феноменално но секој понекогаш треба да свати дека годините комбинирани со повредите го прават своето. Особено и он и ние треба да сме среќни што издржа волку и ни овозможи толку многу убави моменти.
 
Не го гледам натпреваров не можем Тоти да го гледам на трибините.. Згора на се сигурно ќе скандираат нешто..
 
Значи сакате Скудето и ЛШ, а сакате и Тоти да игра 90 минути.Вие дечки не знаете што сакате.
 
Омг, Џеко бе човек:facepalm:


Ај се извади некако, психолошки ќе западнеше
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom