Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Две недели ...

А инаку бидејќи ваквите инциденти се све почести и почести, и треба да се очекува една сериозна одлука ...

Мора да се превземе нешто бе. Вистина е дека навивачите ги прават овие проблеми, мора некако да се смират, инаку самите тие ќе го уништат калчото.

Епа да две недели таман си реков во Декември ке почнат.
Ама мислам дека за оваа не беа криви навивачите, полицијата беше крива што го уби навивачот на Лацио.
Да не беше убиен немаше да биде такви инциденти, ама па до некаде и навивачите се криви, не требало да почнат тепачки помегу навивачите на Лацио и на Јувентус.
 
Па навивачите секад праат тепачки, дивеат низ цела Италија и полицијата мора да реагира ...

Мора да се смират, претеруваат веќе ...
 
Па навивачите секад праат тепачки, дивеат низ цела Италија и полицијата мора да реагира ...

Мора да се смират, претеруваат веќе ...

Абе и убиства и се` ама без такви навивачи тоа не би било Италија, да се разбереме. Не викам дека не претеруваат ама и тоа е дел од фудбалот.
А кога би станале навивачите на италија како овие во англија само да пеат и навиваат не би ми било интересно да гледам калчо. А и друга е атмосферата кога ќе видиш едно 20 - 30 бакли се запалени па публиката се качила на заштитната ограда, па фрлаат со се` и сешто...
 
Не бе брат, дивеењето и енергијата што владее меѓу италијанските навивачи е тоа што ги прави различни од другите ... тоа е неверојатно, све е супер тоа, јас не викам ништо против тоа.

Ок е да се навива, да се дивее, да се палат бакли, дерење и све тоа, ама тепачките се стварно претерување.

Треба да си го сакаш клубот за кој навиваш, а за другите ич кур да не те боли ...

Сеа, нормално е да се закачнат некогаш, ама до тој степен да реагира полиција, па масовни тепачки, па скандали, тоа е веќе претерување ...
 
За добра плата ѕвездите ќе останат во Италија
Фудбалерот на Рома, Кристијан Панучи ги демантира изјавите на колегата од Милан дека серијата инциденти во италијанскиот фудбал ќе ги принудат големите ѕвезди да си заминат од клубовите во Серија А.
435CAC8AFC5FFA4A8F3F56191DB6F7A3.jpg

"Ѕвездите остануваат во Италија се додека добро се плаќа. Со заеднички сили мислам дека можеме да ги надминеме сите проблеми. Ако можеа работите да се средат во Германија и особено во Англија не гледам причина зошто да биде така и во Италија. Против злите сили во италијанскиот фудбал треба да се бориме заедно и мислам дека ќе ги стопираме деликвентите целиот спорт да го држат во заложништво", рече Панучи, кој се наоѓа на подготовките на италијанската репрезентација за клучниот натпревар во квалификациите за пласман во завршницата на Евро 2008.

Во право е
Кристијан Панучи :zver:
 
Абе каков мансини, какви глупости....
Морати за сите е заинтересиран инаку како и секогаш, но се надевам дека мансини ќе остане во Рим.

Па како шо трча морати по се шо ќе му падни в око ништо чудно. Ама ако сака да си ја упропасти кариерата нека оди :(
 
Значи, сега во недела играме во гости со Џенова, без нашите верни навивачи, кои се банирани од патување но само ова коло ...

Потоа следното коло играме на Олимпико со Удинесе ...

А потоа во среда следува одложениот меч дома со Каљари ...

Мора победа во сите три дуели ...
 
Само една забелешка за типовите :)
Пазете се од Удинезе (останатите се лесни) знајте шо се случи со Интер најпрво па Јуве и сега Фиорентина :( Имаат добар тим кој не смее да се потценва. НЕ за џабе делиме исто место на табелата:nesvest:
 
Абе тоа што реков не беше типување, само реков дека мора победа во сите три натпревари :)

Инаку знам дека Удинесе не смее да се потценува, ама мислам дека имаат послаб тим од ланската сезона, но сепак добро се уиграни и секад имаат добра тактика.

Ама предноста од домашниот терен мора да се искористи исто како и лани :)

едит: Ништо од превземањето на клубот :)
http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=483003
 
Moжеби и не е соодветна темата на која постирам но бидејќи се зборува за играч од рома па реков тука да го напишам постов:

Инаку ако не сте знаеле Панучи го постигна победоносниот гол на Италија во Шкотска во саботата и со оваа победфа италијанците се квалификуваа на европското, а голот беше постигнат во 90` минута.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom