Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Заслужен бод, доколку Де Роси не се повреди и доколку Тоти играше можевме да извлечеме и 3 бода, ама и ова е одличен резултат. Сепак игравме против Интер. Одличен гол на Вучинич, но уште ми е криво за таа шанса на почеток кога ја упропасти кога беше 1 на 1 со голманот. Раниери добра тактика постави. Задоволен сум од ова што го покажаа вчера играчите.
Forza Roma! :рома3:
 
но вториот дел не му припадна целосно на Интер, и кажи ми кој падна кондициски во последните десет минути кога Рома играше пресинг па Цезар мораше да ја исфрла топката во аут и кога Окака и Фати се најдоа во одлични шанси за гол
Интер играа меч од ЛШ, меч на -3 температура, меч во Киев и меч кој беше да се биде или не за екипата против шампионот на Украина и моментално првопласираната екипа таму, крајно исцрпувачки во секој поглед, Рома играше меч во второто по ранг европско натпреварување со Фулам домa, екипа која е 11та во Англија и екипа која имаше играч помалце второ .
Јас пред мечот реков дека Рома второ паѓа, не ја прикажува играта од прво гарант, но се деси истото и кај Интер, нешто што искрено не го очекував .

Проблемот е што Мурињо ја утна со своите калкулации за прв тим, ако веќе одмарал играчи, тогаш тоа требаше да го направи и со Маикон и Милито, и двајцата незабележителни, освен по еден до два кроса на бразилецот и само една шанса во прв дел за Милито .
Ако веќе бар јас, како фан на Интер барам кривица, тогаш истата ја гледам само во Мурињо и никој друг, Рома сезонава е десеткувана, слабо стојат со морал, имаат проблеми на релација управа-фанови, Тоти, Хуан, Дони повредени и мораше тие работи да се искористат за победа но е што е тука е, идеме даље . :wink:
 
Де Роси ќе отсуствува две недели заради тоа копитото од Интер, ама добро е што има пауза поради репрезентациите, па да се надеваме дека ќе биде спремен за дуелот со Бари
 
абе племето нивно и Виеира и Мунтари ,гнаси . дали тие се играчи бе , лајнари . Барем да се извини после мечот
 
За што да се извини, намерен беше ударот ? Фудбалери се, не пички, глеј го Евнас што направи, намерно, вие за дуел игра се буните, бог да чува, ко за балет да правиме муабет а не за фудбал . :toe:
Тоти на времето газеше фудбалери намерно па никому ништо . :smir:
 
абе на тоа копитото Виеира не му е прв пат од него други да страдат, а на Тоти не треба да му замеруваш, тогаш беше уште во пубертетските години :)
 
За што да се извини, намерен беше ударот ? Фудбалери се, не пички, глеј го Евнас што направи, намерно, вие за дуел игра се буните, бог да чува, ко за балет да правиме муабет а не за фудбал . :toe:
Тоти на времето газеше фудбалери намерно па никому ништо . :smir:
Не му замерувам на Виера за фаулот исто како и на Тоти за она кога го згазна Рамелов. Се е тоа дел од фудбалот. Значи треба да си го смениш тоа "газеше фудбалери" не се расфрлувај многу со множина. Не е воз во прашање. А тоа дали на Тоти таа постапка била намерна или не, па што знам право да ти кажам знам дека тоа беше натпревар во Лигата на Шампионите кога Рамелов имаше еден така подолг клизач кон Тоти, па потоа овој мислам дека рипна за да го избегне стартот и со двете нозе го настапна Рамелов сепак мислам дека немаше намера исто колку што немаше намера Виера дека неговиот старт би предизвикал таква последица. Значи само сакам да кажам дека се е тоа дел составен дел од фудбалот кај некој го има повеќе кај некој помалку.
 
сепак мислам дека тоа на Тоти беше намерно, бидејќи беше изнервиран од стартот на Рамелов кој клизна со двете нозе и доколку Тоти не го рипнеше партали ќе го направеше, а на истата утакмица Рамелов имаше доста такви груби стартови посебно кон Тоти и на овој му пукна филмот
 
@Krki

Ok де, не е цвеќе за мирисање, тој старт врз Рамелов можеше да предизвика и посериозна повреда кај играчот, рачунај задишан у дуел и му гази со две нозе на гради, намерно, му остана истото ко еден црн белег од кариерата . :toe:

Тука се дрзнаа да осудуваат старт т.е. ситуација која преовладува во воздушните дуели, нит имаше намера кај Виеира нит ништо, не се криви Интер што Рома има константни проблеми со повредите .
Не е суштината во самиот меч, грубост и остало, тренинг режимите се исто така важни, Интер во Италија го имаат еден од најдобрите тренинг режими со Мурињо, имаше една статистика која потврди дека скоро никогаш го немаат проблемот со повреди за разлика од Јувентус, Рома и Милан .
Знам на фан клуб Јувентус еднаш се дрзнаа против медицинскиот тим, нема врска истиот, тренинг режимот е најрелевантен во тој поглед, Интер веќе подолго време го има на располагање најдобриот состав ( така беше и лани, Ибра во ниеден наврат не беше повреден ) само што Мурињо калкулира и заштитува дел од играчите, Јуве, Рома, Милан мака мачат со повреди, ок, Милан једино сезонава нема некој поголем проблем со истово .
 
а со тренинг режимот ќе ти зајакнат коските?:kesa: не го гледав натпреварот бидејки бев одсутен од државава ама знам каков вид на фудбалер е виеира уште од времето кога играше со парлоур во арсенал (сеоја утакмица по 2 фубалери повредуваа) ама ајде не се мешам дали било намерно или не, се надевам дека нема да има драстична промена во играта со отсуството на де роси:toe::kesa:
 
а со тренинг режимот ќе ти зајакнат коските?
Спореди број на повредени играчи лани во Интер со било кој друг тим од Италија т.е. со оние кои важеа за конкуренти на титулата .

Истото направи го и за оваа сезона . :toe:

:wink:

п.с. Немаше да удрам на муабетов да не беше една стара статија на fcinternews, превземена од друг италијански весник, баш таа тематика беше разработена .
 
@Krki

Ok де, не е цвеќе за мирисање, тој старт врз Рамелов можеше да предизвика и посериозна повреда кај играчот, рачунај задишан у дуел и му гази со две нозе на гради, намерно, му остана истото ко еден црн белег од кариерата . :toe:

Тука се дрзнаа да осудуваат старт т.е. ситуација која преовладува во воздушните дуели, нит имаше намера кај Виеира нит ништо, не се криви Интер што Рома има константни проблеми со повредите .
Не е суштината во самиот меч, грубост и остало, тренинг режимите се исто така важни, Интер во Италија го имаат еден од најдобрите тренинг режими со Мурињо, имаше една статистика која потврди дека скоро никогаш го немаат проблемот со повреди за разлика од Јувентус, Рома и Милан .
Знам на фан клуб Јувентус еднаш се дрзнаа против медицинскиот тим, нема врска истиот, тренинг режимот е најрелевантен во тој поглед, Интер веќе подолго време го има на располагање најдобриот состав ( така беше и лани, Ибра во ниеден наврат не беше повреден ) само што Мурињо калкулира и заштитува дел од играчите, Јуве, Рома, Милан мака мачат со повреди, ок, Милан једино сезонава нема некој поголем проблем со истово .
ДА тука си во право и те подр=увам целосно за ова што го кажуваш, еве и јас имам пишувано во врска со тренинг режимот на Рома уште мината сезона кога Спалети беше тренер и имавме толку проблеми со повредени играчи, дури и се запрашував што ли само прават на тренинзи? ЗА она што велиш дека медицинскиот тим нема врска, Да и јас се согласувам со тоа, но Рома пак токму од таму ги тргна промените го избркаа главниот "доктор" во тимот ако се сеќавате на Бронзети. А еве и на крај за Тоти - точно не е цвеќе за мирисање и да можеби тој старт врз Рамелов можеше да биде опасен во тој случај што го напомена погоре, сепак тоа се тие гадинки во фудбалот каде што постојат секаде ниту еден клуб не е имун на нив.
 
Него малце оф

Глеам еден " копиљ '' на DSF ( покер ), Minieri, парче праи детево а шалов од Рома глеам не го симна, па на гугл исто, нема слика без шалот .

Dario_Minieri.jpg

Мислам Крки го имаше типов на аватар .
 
Хаха добро е ова, да дечково е интересен играч можеш да видиш некои негови игри и на YouTube, онака има некои добри блефови изиграно. Инаку навивач на Рома, најверојатно тоа шалот му носи среќа :smir:.
 
ДА тука си во право и те подр=увам целосно за ова што го кажуваш, еве и јас имам пишувано во врска со тренинг режимот на Рома уште мината сезона кога Спалети беше тренер и имавме толку проблеми со повредени играчи, дури и се запрашував што ли само прават на тренинзи? ЗА она што велиш дека медицинскиот тим нема врска, Да и јас се согласувам со тоа, но Рома пак токму од таму ги тргна промените го избркаа главниот "доктор" во тимот ако се сеќавате на Бронзети. А еве и на крај за Тоти - точно не е цвеќе за мирисање и да можеби тој старт врз Рамелов можеше да биде опасен во тој случај што го напомена погоре, сепак тоа се тие гадинки во фудбалот каде што постојат секаде ниту еден клуб не е имун на нив.

веќе неколку години главен доктор е Мариани, но и тој не е цветка за мирисање, се сеќавате кога Тоти се повреди во дуелот со Наполи, утре дента Мариани изјави дека дека мора да оди на операција на менискусот, по два дена кажа дека може би ќе нема потреба од операција и така неколку пати имаше изјави ќе има потреба од операција, ќе нема потреба од операција... во рок од една недела сто пати даваше се различни предвидувања за да на крајот да испадне дека имало потреба од хируршки зафат, исто така и Аквилани имше една изјава во која кажа дека медицинскиот тим на Рома има голема улога во неговото бавно заздравување
но сепак главниот виновник за повредите треба да се бара кај тренерот и стварно ме интереси какви тренинзи обавуваат играчите на Рома па толку повреди има, бев прочитал пред почетокот на сезоната изјава на неколку фудбалери на Рома(не сеќавам кој) но спомнуваа многу напорен тренинг им задавал Спалети за време на подготвителниот период
имаше една изјава и на Жили кога дојде во Рома, тој посочи дека тренинзите во Италија се многу понапорни за разлика на оние во Шпанија. мислејќи на релација Браса-Рома
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom