Фан клуб - РК Вардар

Овој голамнов на Хрватска Кузманович брани многу јако , нека го лапа Вардар од Нексе ...башка млад околу 20 години добро би ни дошол ..

Тој сирот нема да може да крене глава од понуди од најјаките клубови, кај нас ќе доаѓал. Да беше у златното време сигурно, ама сега мало морген:)
 
Туку ми кажаа дека можно е и да е сериозна повредата на Јапонецот, овој од гол.мк во право е, ќе прави уште едно снимање во Јапонија.
 
Лошото е што тој лош тренд ние уште си го пратиме, од кадетскава репрезентација има доста талентирани деца, жално е само еден играч да доаѓа од Вардар, ако ништо друго барем Калјџиевски можеше кај нас да заврши.
Па може ли да го земат да игра за вториот дел од сезонава? Што ќе игра во плеј-аут безвезе, а и таман ќе му дојде да игра против подобрите екипи пред кадетското ЕП. А мислам дека е баш солидна замена и може доста да допринесе.
 
Договорен до крајот на сезоната, дали е брз одговор на повредата на Јасихура или секако бил скаутиран не е важно, да се надеваме дека брзо ќе се вклопи во системот на работа, односно дека брзо ќе се "Вардаризира". Знаеме што значи тоа
 
Otprilika se dokompletira timot, doneseni se sreden i desen bek. Dovolno za pogolema rotacija na igracite.
 
Добро е што земавме и централен, очајно ќе ни треба до крајот на сезоната и секако ќе ни се најде многу. Ја имам инфо дека е многу пооптимистична ситуацијата со Јасухира, па да видиме каква ќе биде објавата од клубот.
 
Го пратам европсково,голманот на Шведска е прав октопод на голот има ли шанса да го екипираме кај нас во екипа?
Трампа со Томовски со нивна доплата. :D
 
Го пратам европсково,голманот на Шведска е прав октопод на голот има ли шанса да го екипираме кај нас во екипа?
Има брат и тоа како, само за жал изгледа Борко го "екипирал" германецот Волф:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom