Фан клуб - РК Вардар

Држел-не држел атмосфера Томи во клубот, ако сакаме титула годинава во првенство и целиме на ЛШ идна година, зимава мора да се донесе бек кој во дуелите со Пелистер би играл 40-50 минути на терен, Томи да влага само да го одмара. Се надевам ќе ископаат Јосихура/Петриќ/Николиќ тип на играч и за таа позиција.
 
Целиот канал е со видеа посветени за нашиот Косуке, има хајлатси и исечоци од сите натпревари што ги играл, па може онака да се пушти, во слободно време кога е досадно за занимација и релаксација, човеков е поезија на ракометните терени и одмор за очи.:D
Прав ракометен бисер имаме, ќе се тепаат многу екипи да го соберат од Вардар, се надевам ќе го задржиме што е можно подолго.
 
Да сакаат сега да ни направат Азијатите услуга и да ни го позајмат нам до крајот на годинава оној десниот бек Липовина ќе биде супер, он и Косуке беа двајцава најдобри играчи на тој тирнир ….
 
Ако малце не се уозбилиме на мечов против Голден Арт што се игра во моментов, џабе ќе бидат позитивните резултати против Еурофарм Пелистер и све останато што изигравме во оваа фаза од првенството. Влагање во мечеви со помислата „само да се појавиме и ќе победиме“ сто пати до сега ни се удрила од глава, а лекцијата очигледно не се учи.
 
Последно уредено:

Ocajni se be Golden Art ne zafrkavaj so eden pomalku da mu igrate celo vreme ke gi dobiete. Samo sho se nervira dzabe debeloto reagira celo vreme vlegva od tribini se buni nesto
 
Изгледа го скаутира Борко десниов бек од Тиквеш, изгазе досега против Алкалоид :D
 
Обина го следам цела сезона, топ играч за наши услови! Тактички ми делува послабо, ама физички е машина. Нигериец што во руски Зенит играл претходно, господ знае по кои менаџерски комбинации во Кавадарци стигна. :D

Сепак, не верувам да дојде кај нас. Тиквеш е стабилен и амбициозен.
 
Кој е задолжен за скаутинг кај Вардар? Борко или некој друг? Има еден доминиканец со нас тренира моментално. Има шут од девет како топ - чист удар тешко се фаќа. Вардар еднаш донесе играч од тој дел на светот, Куни Моралес и супер му дојде. Колку што знам овој играчов нема клубски ангажман, ама биле некои португалски екипи заинтересирани за него. Би било убаво бар да ѕирнат да видат што играч е. Игра и бек и пивот. Инаку игра за репрезентацијата на Доминиканска Република.
 
Да видиме дали ќе погодат и со ова засилување :D Да се погоди барем пола од Јасухира и Николиќ, ќе биде одлично... Во секој случај, добро е што на време зимаме десен бек, пред да почнат припремите, да има доволно време за адаптација.
 
Солидно CV. Сите младински категории на Тунис, поширок список на сениори, четири сезони во клуб Африкан. Добар физикус, ќе видиме што ќе покаже.
 
Последно уредено:

Да видиме дали ќе погодат и со ова засилување :D Да се погоди барем пола од Јасухира и Николиќ, ќе биде одлично... Во секој случај, добро е што на време зимаме десен бек, пред да почнат припремите, да има доволно време за адаптација.

izgleda ok na videoto
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom