Секоја чест за момците! Каков натпревар одиграа денес, стварно едно големо браво. Каква фанатичност и пожртвуваност на терен, па денес и да изгубија ќе им симневме капа. Столе на клупа, одма се осеќа фанатичност кај играчиве. Искинаа Петриќ, Николиќ, Јапан, па иако го хејтаме ќе кажам и Јагуриновски бидејќи имаше и он голем удел во победава. Со своите влезови дава една нота во играта кога се нема идеја, е сеа жално е што немаме прв десен бек кој ќе биде класичен бомбардер. А рука давам дека од Србија и Хрватска може да се најде топ играч, ама ај ќе видиме понатака. Генерално слабостите се баш тие. Позиција центар и десен бек да биде балансирана како другите, ондак можеме да збориме за големи работи. Значи на центар сличен квалитет на Јапан,и на десен бек нешо добро. Томовски може и подобро , се надевам ќе дигне форма. Ептен ми направија кејф денес, само да продолжат исто и појако. Честито прв трофеј сезонава, нека се множат!!!