Фан клуб - РК Вардар

Лазаревски е откритие на сезоната, но ако игра нон-стоп по 60 минути ќе пресиса. Каде е Аларов и ќе се носи ли уште еден пикер?
Денеска само со 7 одбрани на голманите што е многу слабо.
Не ја гледав утакмицата, ама според тикерот ми се чини дека не утепаа на брз центар. Мислам дека примавме гол 10 секунди откако ќе дадевме.
На десен бек сме катастрофа очигледно. Би рекол дека ни пола играч немаме. Томи имал 6/8, ама и факинг 6 технички грешки.
п.с. И стварно не ми е јасно зошто се носеа некои од странците. Кубанецот не беше ни во составот, а Португалецот единствено ако влегувал во одбрана.
 
Последно уредено:
Мислам дека горе-доле ни е на сите јасно до каде сме. Подготвителниов период ни покажа колкав е капацитетот на оваа екипа (ако не комплетно, бар 80%).

Десната бековска позиција ќе биде проблематична затоа што немаме играч од малку поразличен профил од Томи и Алонсо, како и со повисок квалитет од нив двајцата. Томи е океј опција за да влезе од клупа, да изигра 10-тина минути, но тешко дека има капацитет за нешто повеќе од тоа. Во Струга и во овој двомеч против РНЛ покажа дека ја има кренато формата во споредба со претходната сезона, па веројатно и може да очекуваме колку-толку поголем придонес од него. Како и да е, десен бек во овој момент нема да можеме да најдеме, барем не таков што ќе го крене нивото на квалитет.

Мораше некако да се докопаат до еден поискусен пивот. Двата мечеви против РНЛ ги играме само со Мечка во состав. Аларов влече некоја повреда и по автоматизам не сметаме на Атанасовски. Океј разбирам, наше дете е, долго време е во Вардар, ама професионалниот спорт не остава многу простор за сентименталности. Подобро и за неговиот развој и кариера, а подобро и за нас.

За Мечка мислам дека имам во повеќе наврати пишувано на форумов (за оние кои не знаат Мечка е надимакот на Милан Лазаревски). Некако многу потценет е и на клупско и на репрезентативно ниво низ годиниве. Памтам уште од сезоната 2018/2019 (последната на Металург во ЛШ) кога доби прв пат посериозна шанса беше одличен, пружи супер партии и беше убедливо најдобар пикер во тој нивен состав тогаш покрај Арсеновски и Миличевиќ. Во Словенија играше на супер ниво, знам бидејќи ги гледав мечевите на Тримо Требње додека он настапуваше за нив. Мислам дека неоправдано беше изоставуван и од репрезентација, во ситуација кога мака мачевме (и сеуште мачиме) да најдеме играчи кои играат во два правци, но за тоа повеќе во друга прилика.

Лево сме океј, со тоа што на средина сме пак тенки. Карапалевски е непрепознатлив, не знам што му се случува, но ако не успее да се врати во некоја каква-таква форма, треба и него да му се дадат клоците. Мишевски е излишно да го коментирам. За Родригез и Мело не можам да дадам оценка пошто видов многу малку.

За во лигава веројатно ќе пројдеме со Томовски и Гогов, меѓутоа ако имаме некакви амбиции за понатака и таму ќе треба да се подновиме.
 
Едно е јасно сигурно, Јапонецов го отвори заклучениот квалитет на Лазаревски ради досега немањето на квалитетен среден бек од кого не можеше да добива добри топки.
Навистина е откритие на сезоната.
Останува интересно да видиме како Аларов ќе функционира со Јасухира, сигурно во најмала рака подобар отколку што досега бил во напад.
 
Гледах ја во живо,денеска одбрана катастрофа,немам зборови колку лошо бранење,споро враќање на брз центар од Ранј Некар..Томовски исто лош,но шо може да направе кога немаше одбрана пред себе..шо може да се одвое е Лазаревски,Јапончето и денеска у второ Петрич или Перич...има многу работа Недановски пред себе..за Јагуриновски немам зборови колку лош играч,не ми е касно како може да играе некој како него,убедливо најслаб,со тапија,нема даље...
Ке биде од овај состав нешто добро,но многу работа ке треба.
Напред Вардар!
 
За Мечка мислам дека имам во повеќе наврати пишувано на форумов (за оние кои не знаат Мечка е надимакот на Милан Лазаревски). Некако многу потценет е и на клупско и на репрезентативно ниво низ годиниве. Памтам уште од сезоната 2018/2019 (последната на Металург во ЛШ) кога доби прв пат посериозна шанса беше одличен, пружи супер партии и беше убедливо најдобар пикер во тој нивен состав тогаш покрај Арсеновски и Миличевиќ. Во Словенија играше на супер ниво, знам бидејќи ги гледав мечевите на Тримо Требње додека он настапуваше за нив. Мислам дека неоправдано беше изоставуван и од репрезентација, во ситуација кога мака мачевме (и сеуште мачиме) да најдеме играчи кои играат во два правци, но за тоа повеќе во друга прилика.
Мечка во времето ма Лино доби повик ама нешто се спукале со лино,кавгата стигнала до Мукаетов се живо си искарале и сам си затворил врата. Дури е Мукаетов на РФМ не гледа репка мечка
 
Каков Мукаетов..
Криминал ќе е ако не добие повик во репрезентација после вакви партии.
Додека беше во Тримо и јас го пратев, солиден беше ама играше слабо во одбрана.
Сега е подобар и во одбрана но има уште простор за напредок.
Во секој случај за пикериве во репрезентација шо ги имаме, во моментов за нив е Банхиди.
 
Денес во живо ја гледав и најодговорно кажувам :
Недановски е комплетен кретен , изгубен е тоталка и прави ненормални грешки !!!
Карапалевски како од Марс паднат , Јагуриновски еден добар потез , осум идиотски , Мишевски ич да не го спомињам !!!!
Кретенот Бутин му јаде гомна и го вади од игра Алонсо после една грешка и тоа на неполни две минути на терен , го остава Томи со милион грешки
Исто и со португалецоѕ , една две грешки и го извади и не влезе дечково веќе а она инвалидот Мишевски мајмун го правеа Германците
Карапалевски не вреди да се спомиња воопшто!!
Останатиот дел од екипата не е воопшто лош , со “нормален” тренер може и многу да изненадат во првенство и СЕХА ако се игра
Штета е што Џукиќ не добива повеќе шанси , се гледа дека дечкото е гладен за игра , исто и Петрич е топ играч ( чудо ќе биде ако го задржиме две сезони, мислам дека многу брзо ќе почнат да доаѓаат понуди за него од богатите клубови )
Надвор од темава :
Може да не верувате , ама кај сите Германци што беа во салата постоеше огромен респект кон Вардар , големо , многу големо име сме во светот на ракометот134476E5-9CCA-40A8-B260-76FFC82C6FEA.jpeg
 
Денес во живо ја гледав и најодговорно кажувам :
Недановски е комплетен кретен , изгубен е тоталка и прави ненормални грешки !!!
Карапалевски како од Марс паднат , Јагуриновски еден добар потез , осум идиотски , Мишевски ич да не го спомињам !!!!
Кретенот Бутин му јаде гомна и го вади од игра Алонсо после една грешка и тоа на неполни две минути на терен , го остава Томи со милион грешки
Исто и со португалецоѕ , една две грешки и го извади и не влезе дечково веќе а она инвалидот Мишевски мајмун го правеа Германците
Карапалевски не вреди да се спомиња воопшто!!
Останатиот дел од екипата не е воопшто лош , со “нормален” тренер може и многу да изненадат во првенство и СЕХА ако се игра
Штета е што Џукиќ не добива повеќе шанси , се гледа дека дечкото е гладен за игра , исто и Петрич е топ играч ( чудо ќе биде ако го задржиме две сезони, мислам дека многу брзо ќе почнат да доаѓаат понуди за него од богатите клубови )
Надвор од темава :
Може да не верувате , ама кај сите Германци што беа во салата постоеше огромен респект кон Вардар , големо , многу големо име сме во светот на ракометотПрегледај го приврзокот 389622

Па како нема да постои, 5-6 години ги силуевме во ЛШ, не имаат запаметено као еден од најголемите нивни кошмари во последно време:) И покрај се , швабите ценат и покажуваат респект и тоа е за пофалба. Иначе се согласувам дека за тие што ги наброја не би требало да има место во Вардар, пред се поради игрите кои ги покажуваат на терен. Сеа ќе се јават педери дека ги хејтаме бидејќи се Македонци а тоа секако нема везе со вистината. Типичен пример е Лазаревски кој си гази и прераснува во миленик на цел форум. Треба да се сфати дека има добар и лош ракометар, сите сакаме цел Вардар да биде со јаки македонски ракометари ама курац, нема тоа. Секој што гине за дресот ќе биде сакан, оној кој не може или толку го бива фала и довидување. Сеа на овој ростер игра улога и моменталната ситуација ама тоа е. Ќе видиме понатака како ќе биде.
 
На 6 септември со почеток од 18:00 часот во Струмица во рамките на Супер Купот официјално ја отвараме сезоната против пАлистер. На официјалниот сајт на Комити е најавено нивно присуство на овој натпревар. Со арно со убаво да почне новата сезона.
 
Има ли некој што ќе оди утре во своја режија? Барам луѓе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom