Не е толкаво чудо,може да го бараат на позајмница до крај на сезонава,им треба само како резерва на Хампус Ване,би добивал по 15 минути на утакмица.
Сепак и Манасков не е толку за потценување,има веќе собрано доста искуство,играше во Металург,Вардар,Рајн Некар,Вецлар...Во Веспрем посебно беше добар,се наметна и како прво лево крило,кај навивачите беше омилен,го прогласија и за играч на сезоната,штета што на крај имаше таква повреда после која мораше да замине.
Сепак кога ќе се собере се,во последниве 10 години активно игра во подобрите клубови во Европа и на големите натпреварувања.
Тоа што кај нас е Деки потценет е друга приказна,влијаеше доста и неговото јадење гомна додека играше во Металург,после и хејтот што го доби од Комити,капак на се беа и неговите журки по клубови и дискотеки низ Скопје.
Кога ќе се додаде дека и Пепи му е татко,а беше најавуван како голем талент тогаш лесно се ствара погрешна слика за него и подоцна доаѓа до разочарување.
Може да дискутираме многу за понашањето и карактерот на Манасков,ама како ракометар е дефинитивно меѓу топ 5 играчи што сме ги имале некогаш.