Фан клуб - РК Вардар

Not bad. Од изборот на домашни играчи кои играат на некое повисоко ниво, трансферите се океј. Особено ќеф ми е за Аларов, имаше интерес и од страна на битолчани претходната сезона за него. Томислав во секој случај е поквалитетен играч од Савревски.
 
Ако не се решат долговите за наредна сезона да играме во Европа тогаш црно му се пишува на клубот,ќе заборавиме на играчи од типот на Талески,Томовски,Манасков,Куни итн,сигурно нема да седат уште една сезона во Вардар за да играат македонска лига,а со нивно заминување автоматски ја губиме и битката за титула во домашно првенство.
Потпишувањето на играчи како Аларов,Јагуриновски,Лазаревски не е ништо позитивно за клубот,напротив само ни дава сигнали Михо да видиме колку е саат и до каде е потонат клубот,ни останува некоја мала надеж дека зимоска ќе донесеме некои играчи како што беше најавувано.
Инаку кога веќе немаме пари за подобри играчи,за Томи ми е баш драго што потпишал,некако чувствувам дека припаѓа во Вардар,инат човече,такво накурчено се расправа со сите,провоцира,подига атмосфера го замислувам во Битола што ќе прави ако му се пружи прилика.:D
 
Кога ми текне кои се играчи беа дел од Вардар и која сила бевме а сега каде сме со изгледни шанси да тонеме уште подлабоко.Не го бранам Самс ама да не беа нападите кон него ќе го држеше клубот на некое попристојно ниво.А и овие власти и централни и градски со уво не мрднаа за Вардар.Не треба да се меша политика и спорт и точно ама Самс кога веќе го прогонија политички тогаш што не најдоа посилни спонзори да не дојдеме до ова ниво.Изгледа на крај памет не им е Вардар во главата.
 
Не би рекол дека е лош потег ова што ги носиме Аларов и Томи или дека тоа ни наговестува дека клубов ќе тоне... Реално гледано потребни ни се домашни играчи, речиси 100% следна сезона нема да се во клубот Атанасовски и Савревски, па така да ги заменуваме со играчи што се минимум 3 класи над нив, плус се репрезентативци и играчи што можат и те како да изиграат и во СЕХА и во домашно... Плус, ако освоиме годинава титула, за што ќе бидат потребни бар 2,3 странски засилувања зимово, не би рекол дека нема да бидеме конкурентни и за во ЛШ... не заборавајте дека и Борко кажа дека ако следна сезона играме ЛШ би имале 2.5М буџет, секако под услов да ги средиме долговите...
 
Ќе си оди Тале во Алкалоид. Моралес сигурно ќе си оди, чудо е и сезонава како остана.

Инаку, Атанасовски го планираат да остане, така вика и Михо во најавава на двете засилувања.
Пикерската четворка ќе биде Столе, Лазаревски, Аларов и Атанасовски.
Веројатно Столе значително ќе намали со минутажата, ќе се форсираат другиве тројца.

Исто така, тоа потпирање на домашни играчи за 1-2 години веќе ќе биде заборавена приказна и за Вардар и за Пелистер. Битолчани имаа среќа што потсобраа неколку млади играчи со проектот Пелистер 2, пред појавата на Кире во мак ракометот.
Исто така ние се докопавме до некои постари играчи кои немаат веќе квалитет за странство, како и играчи кои се втор-трет ешалон во репрезентација како Мишевски, Аларов, Лазаревски, Јагуриновски, како и дел од нашите деца ко Карапале, Савревски, Гогов, Атанасовски и Ќосевски.
Кој млад талент би дошол во друг клуб, а тоа да не е Алкалоид или Мулти Есенс? Може да заборавиме и ние и Пелистер и било која друга екипа. Ќе почнат да се трупаат екипите со треторазредни срби, на Мукаетов екипиве ќе соберат се' до трета постава од сениори, младинци и кадети.
 
Ќе си оди Тале во Алкалоид. Моралес сигурно ќе си оди, чудо е и сезонава како остана.
За Тале ти е грешна информацијава, најверојатно ќе си оди, али не во Алкалоид туку во странство... Платата што му ја понудиле живковци е у најмала рака смешна и јаделе педала у старт... Ако бидеме шампиони ќе биде помеѓу Вардар и странство...
 
Ќе си оди Тале во Алкалоид. Моралес сигурно ќе си оди, чудо е и сезонава како остана.

Инаку, Атанасовски го планираат да остане, така вика и Михо во најавава на двете засилувања.
Пикерската четворка ќе биде Столе, Лазаревски, Аларов и Атанасовски.
Веројатно Столе значително ќе намали со минутажата, ќе се форсираат другиве тројца.

Исто така, тоа потпирање на домашни играчи за 1-2 години веќе ќе биде заборавена приказна и за Вардар и за Пелистер. Битолчани имаа среќа што потсобраа неколку млади играчи со проектот Пелистер 2, пред појавата на Кире во мак ракометот.
Исто така ние се докопавме до некои постари играчи кои немаат веќе квалитет за странство, како и играчи кои се втор-трет ешалон во репрезентација како Мишевски, Аларов, Лазаревски, Јагуриновски, како и дел од нашите деца ко Карапале, Савревски, Гогов, Атанасовски и Ќосевски.
Кој млад талент би дошол во друг клуб, а тоа да не е Алкалоид или Мулти Есенс? Може да заборавиме и ние и Пелистер и било која друга екипа. Ќе почнат да се трупаат екипите со треторазредни срби, на Мукаетов екипиве ќе соберат се' до трета постава од сениори, младинци и кадети.
Ti drzi mesto muabetot, samo da te nadopolnam deka vo naredna sezona mislam deka ke se namali brojot na stranski igraci od 8 na 6 zatoa e vazno da se soberat poveka domasni igraci.
 
Кој млад талент би дошол во друг клуб, а тоа да не е Алкалоид или Мулти Есенс? Може да заборавиме и ние и Пелистер и било која друга екипа. Ќе почнат да се трупаат екипите со треторазредни срби, на Мукаетов екипиве ќе соберат се' до трета постава од сениори, младинци и кадети.
Од аспект на услови за работа зошто да не дојдат кога ги имаме најдобри на балканов.
 
Од аспект на услови за работа зошто да не дојдат кога ги имаме најдобри на балканов.
Фактор Кире, фактор сигурен влез во репрезентација и играње со соиграчите од репрезентација.
 
Фактор Кире, фактор сигурен влез во репрезентација и играње со соиграчите од репрезентација.
Допиши истите услови ко 63та плус.
"Фактор Кире, фактор сигурен влез во репрезентација и играње со соиграчите од репрезентација."
Услови кои ги дава град скопје (Македонија)
 
Во сабота во Автокоманда против Алкалоид. Натпревар кој ќе го одлучи првиов дел од сезонава.
Мислам дека веројатно и ќе изгубиме, намерно ја имаат и одбрано таа сала за поголем притисок правење. Не верувам Борис Трајковски да е зафатена со нешто, европското за жени се сели од Македонија после вторава фаза...
Кирца ептен добро ги има средено, неколку натпревари им имам гледано и прилично лесно ги решија противнициве од типот на Охрид или Бутел, за другите да не зборуваме.
Добро е што имаме залиха од 4 гола од првиот натпревар, бидејќи јасно е дека меѓусебниот ќе решава. Они го имаат моментумот и мотивацијата, така што се е можно.
 
Им ја дрпнаа салата на Металург, сега Алкалоид ја има земено Автокоманда и 3,4 месеца ја реновираа, грдни пари уложија у салата... во Сабота прва утакмица ќе им биде таму и ќе си продолжат таму со се дел од младинските категории... Мислам дека нема да изгубиме зошто за разлика од првата утакмица во Јане, сега кај нас и Куни е во добра форма, првата утакмица промаши 7,8 шута како од шала и пристапот на нашите не беше баш нај сериозен... Поголем проблем е тоа што се поголем и поголем замав земаат преку федерација, погледни ги само судиите што им судат на секоја утакмица се вртат истите и стандардно се суди во нивна полза, така ќе судат битолчаните и во сабота... Карти само преку вработени од Алкалоид, не верувам дека ќе пуштат во продажба...
 
Каква продажба, грдни пари фрла Кирца за носење фанови, цела фабрика ја носи на утакмоци.
Да да... имаа 4 дена на располагање од понеделник до четврток на огласна табла да се пријават со име и презиме и број на карти кој колку сака... Нездрава работа... Човекот за полусезона успеа од идол до најголема гнида да стане у очите на сите навивачи, али за него тоа беше општо познат факт дека како човек бил доста непријатен и своеволен... Има некои најави за смена на Живко во јануари, се збори дека Борко ќе го мења, ќе видиме дали и колку од тоа ќе се исполни...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom