Фан клуб - РК Вардар

Борозан раскинал со Загреб, не бил подготвен за новата сезона. Толку ракомет од него изгледа следен трансфер би му бил во некој од Которските кланови

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Си има некои проблеми Вуко,не знам само дали се фамилијарни или што е работата ама како што се збори во ракометните кругови стално паѓал психички,едноставно се повлекувал во себе и не комуницирал со никого.
Марко Савовски што беше директор во Вардар во едно интервју кажуваше дека никој од играчите не е во контакт со Вуко и не знаат што се случува со него,не зборувал ниту со Циндриќ што буквално од деца се знаат,од некои 17-18 години,уште во Карловац имаат играно заедно,тој период и сезонски работеле заедно како келнери,после доаѓаат двајцата во Металург кај Лино и од тука почнуваат кариерите да им одат во нагорана линија.
Вуко почна да станува чуден некаде 2018 година кога замина од Вардар,уште тогаш имаше некои чудни барања од управата,да не доаѓа на одредени тренинзи,да го пуштаат да оди во Црна Гора еднаш неделно итн,после тоа нормално го пуштија да си оди,на негово барање беше раскинат договорот,тогаш и финасиски Вардар тонеше,така да сите мислевме дека заминувањето е само поради пари.
Во репрезентацијата на Црна Гора го нема со години,наводно имал некој проблем со претседателот на федерацијата,исто многу чудно беше на почетокот кога Вуко почна да дава такви изјави против него зошто во Црногоската репрезентација долго време владее добра атмосфера и буквално никој друг не спомнал за некаков проблем или пак да одбил повик,освен Вуко.
Со заминувањето во Катар работите почнаа да стануваат јасни полека,никој со разумно размислување не би заминал таму во своите најдобри години од кариерата.
Во Загреб кој знае што му испаднало,ништо чудно да ја спукале со Гобац и тој е тежок карактер и навикнат е да се однесува како господ со играчите,има пари и се му е дозволено во Хрватска,ја има изгубено тотално сликата за реалниот свет,класичен балкански богаташ.

Како и да е штета стварно за Вуко,пред се ракометот губи во него еден од најдобрите леви бекови во светот,имаше потенцијал за многу повеќе,до некаде ми е и жал за него,ми беше еден од по омилените играчи додека играше за Вардар и стварно направи доста за клубот тие неколку сезони,доста борбено играше и под водство на Раул прерасна во стварно добар играч.
После ова веројатно ниту еден сериозен клуб не би се осудил да му даде шанса,најверојатно ќе стави крај на кариерата или евентуално ќе игра во некој аматерски клуб од Црна Гора.
 
САМО РАКОМЕТ С2 E1 Борко Ристовски: На Македонија итно и треба Министерство за Спорт ! - YouTube
Автоматски споено мислење:

Од разговорот на Борко, сега имаме 1.500 000 евра буџет, доколу освоиме Македонска лига и играме лига на шампиони наредна година, тогаш буџетот ќе ни е 2.500 000 евра.
 
Последно уредено:
Вечер баш ме интересира како ќе изгледаме на терен, претходно на турнирот изгледавме многу лошо, пред се хемијата во тимот, испадите на Столе.. тоа и не е некој показател дека идеме на добро.
Од друга страна гледам Боре на интервјуа како збори како веќе да е главен у Вардар, дека ќе освоиме титула лагано, буџетот ова сезона ни бил 1,5 евра, наредната ќе бил 2,5м евра, дека ова година ќе се фокусираме на таленти.. дека има зимски преоден рок и така натаму.
Мене воопшто не ми мириса на добро се што се случува во и покрај Вардар па ќе видиме.
 
Денес во колку саат е утакмицата со Еурофарм и на кој тв канал ќе ја даваат?

20:00 na Mrt 3.
Автоматски споено мислење:

Денес во колку саат е утакмицата со Еурофарм и на кој тв канал ќе ја даваат?

20:00 na Mrt 3.
 
По пат Комити се пресретнаја со Чкембари во Ресен пред продавницава до мене, нешто пазареа, па после заедно пееја песни за Вардар :pos:
 
Грешка е,по која логика Комити идат од Ресен се знае кој е патот од Скопје до Охрид,така да си утнал нешто.
Pa i mene mi e čudno. Se presretnale so Čkembari pred prodavnica u Resen pa ušte zaedno peele vardarovi pesni.
 
По пат Комити се пресретнаја со Чкембари во Ресен пред продавницава до мене, нешто пазареа, па после заедно пееја песни за Вардар :pos:
Абе Ресен ќе ви го превртиме ни куче ни маче нема да остани. Ви ги испразнивме фрижидерите пиво не ви остана за три дена. Екипата е на пат, мирни да бидите:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom