Фан клуб - РК Вардар

Каков и да е исходот од оваа ситуација, на РК Вардар мора да му се даде огромна поддршка од најдобриот играч, а тоа е публиката.
Затоа треба на сите утакмици во Мк и Сеха лига во просек да има по 4К публика. Да се даде до знаење дека овој клуб не е од вчера и нема привремени и по потреба навивачи. Да се кренеме од летаргијата и ние ко навивачи, сега највеќе му требаме на клубот.
Да грми секоја утакмица, да се чудат ЕХФ, да знаат дека неможат да уништат нешто што не умира... Пиреј.

Се додека има луѓе ко Столе, Вардар ќе живее.
 
Ако е ова така, тогаш треба Вардар и РФМ да го тужат ЕХФ. Второ ако веќе Вардар толку сакаа да го исфрлат, нека го стават Пелистер да игра ЛШ - па тој рејтинг за ЛШ е граден со години бе. Македонија е во топ10 во клубски ракомет, ова нема смисла од нивна страна.
Единствена работа што ми чкрипи е тоа што Самсоненко имал наводно проблем да пренесе пари ради војната. Војната почна во февруари, а тие средства можеле да се одвојат и во декември кога немаше војна и немаше рестрикции кон Русија.
Може и треба една добра тужба да се стегне кон ЕХФ и да се бараат големи пари од нив и плус рејтингот да остане ист наредна сезона.
 
Уште нешто да додадам, што го заборавив во претходниот пост. Многу дипломатски одговор имаше Михајло на прашањето дали сега ќе ја тужи ЕХФ. Рече дека размислува и дека не е сигурен дали да го направи тоа, бидејќи може да проработи егото на функционерите во ЕХФ. Од друга страна, од еден пријател добив инфо дека Видерер многу му се налутил на Михајло за првиот прес и му рекол да ја смири топката, а му ветил дека ако има чиста сметка и освоена титула, Вардар ќе има загарантирана вајлд карта следната сезона.
Михајло исто изјави дека откако ќе го расчисти остатокот од долгот, ќе побара писмени изјави од сите поранешни играчи дека веќе немаат побарувања од клубот.
Како што знам, законот во државата е, ако една компанија вложува во било кој спортски клуб, сумата што ја дала во клубот се одзема од данокот што треба да го плати кон државата.
Не сум сигурен дека се донесе таков закон искрено. Можда грешам. Михо рече дека системот со ваучери не го бива и спомна дека е потребно даночно олеснување за спонзорите, ама не го разбрав во детали.
 
Не верувам дека некој ќе се впушти во судска авантура. Големи пари се во прашање, а тоа повлекува и големи судски трошоци + тоа сигурно би траело со години. Да не зборуваме дека сигурно не би сакал клубот (без разлика кој е на чело на истиот) да влегува во дополнителни расправии и да ги влошува односите со ЕХФ, па во иднина да носат дополнителни одлуки кои би биле на наша штета.
 
Не верувам дека некој ќе се впушти во судска авантура. Големи пари се во прашање, а тоа повлекува и големи судски трошоци + тоа сигурно би траело со години. Да не зборуваме дека сигурно не би сакал клубот (без разлика кој е на чело на истиот) да влегува во дополнителни расправии и да ги влошува односите со ЕХФ, па во иднина да носат дополнителни одлуки кои би биле на наша штета.

Дефинитивно многу е тешко да се донесе одлука да се тужи ЕХФ. И да сме во право, и да сме сигурни дека ќе добиеме јаки пари, пак после тоа ништо нема да биде исто. Секогаш ќе бидеме гледани како тимот кој влегол у јак спор со ЕХФ и ќе бидеме минирани на секое поле. Може најдобро е како што спомна Михајло, најпрво да се скоцка респектабилен тим ( тоа подразбира задржување на костурот на екипата од минатата сезона, што по мене е веќе направено, се надевам ќе прифатат Тимур и Мартин) кој ќе биде конкурентен за титула, а паралелно да се работи на тоа да се исчистат сите долгови ( со изјави од сите ракометари дека се чисто, за да не може да не дупат понатака).Ако тоа се реши, ќе се вратиме многу брзо појаки од претходно.
 

Еве го цел прес за оние кои се заинтересирани.
 
z
Голмани:
Томовски (не се знае)
Гогов
Ристовски (тренер на голмани, по потреба ќе брани)

Десно крило:
Џукиќ
Георгиевски
Ќосевски

Десен бек:
Моралес
Савревски

Среден бек:
Карапалевски
Додиќ (ако добие позајмица од Киелце)
Гаџа (повреден ќе биде до декември)

Лев бек:
Талевски
Мишевски

Лево крило:
Дибиров (ако остане)
+ уште едно макеронско крило

Пикер:
Стоилов
Атанасовски
Лазаревски (Милан ќе потпишел од среда)

Не ќе беше лошо Ончев да го соберевме, ама тпа е...
Претпоставувам ќе тераме до полусезона, а во зависност од проценката за тоа дали имаме шанси за висок пласман, би се земале некои играчи на полусезона за финалната фаза.

Во секој случај, почеток на крајот...
Моралес сигурно ќе остани?
 
1656339065672.png
Автоматски споено мислење:

Така вика Михајло.
ПС Гледам по социјални мрежи се бунат зошто Ангелиќ и Русинот не останале, искрено голем кур ако нејќеле да останат, играчи од нивното ниво се лесно заменливи.
Секоја чест за Куни зверот.
 
Фали уште еден лев бек.Искрено од Мишевски ништо не очекувам.Нема шут,скочност,неподвижен со еден збор ФЛЕГМА!
 
Како прво, секоја чест за Михајло, на 75 години ти онака да се ангажираш и да трошиш пари за клуб што го сакаш стварно е за почит. Јбг каков е таков е, моментално го држи Вардар у живот, и треба да му се признае тоа.

Второ ме заинтересира ова со компанииве, од толку компании што биле исконтактирани еден да не се најде со желба за спонзорство? Како што знам, законот во државата е, ако една компанија вложува во било кој спортски клуб, сумата што ја дала во клубот се одзема од данокот што треба да го плати кон државата.

Да речеме дека една компанија вложува 500.000 евра во спортски клуб, и на крајот од годината треба да плати 1.000.000 евра како данок на приход. Они се обврзани да платат само 500.000 евра данок. Хипотетички кажано е ова. Значи они секако тој 1 милион мораат да платат, работата е дали целиот ќе го дадат на државата, или, пола ќе дадат во некој клуб, а пола кон државата. Ако сум грешка и ако некој се разбира повеќе, слободно нека ме поправи.

Ако е ова така како што пишувам, испаѓа дека компанииве попрво би ги дале парите на државата, него ли да ги вложат во некој клуб што е поразителен факт. :toe:

Не постои таков закон во Македонија. Единствениот закон кој постои од пред 3-4 години е законот за спортски ваучери. Според него на клубовите зависно од перформансите на клубот и рејтингот на спортот им се доделуваат ваучери. Ваучерите не се пари сами по себе, туку се лимит на даночно ослободување од данокот на добивка за компании кои сакаат да го помогнат спортскиот клуб. Притоа, ако не грешам до 50% од добивката може да ја даде компанијата во клубот, но тоа е само во рамки на ваучерот, а не колкави сакаат суми фирмите.

Еве ја листата за оваа година


Вардар имал ваучер од ~280k евра. Компаниите во принцип сакаат да се вклучат во оваа ваучер шема, и поголемиот број од екипите успеваат да ги искористат ваучерите, но лимитот е тој што е, над тоа не сакаат да даваат компаниите (оти тоа веќе би биле реални пари од свој џеб).

За жал спортот кај нас сеуште не е бизнис како што треба да биде и сеуште премногу работите зависат од државата. Да можеше Вардар, или било кој друг, да собира по 2-3 милиони евра годишно од влезници, спонзорства на дресот и во салата и сл, друга ќе беше приказната, но тоа не е реалност кај нас (а Вардар сигурно собира повеќе од било кој друг спортски колектив во земјата и пак чисто сумњам дека на пример приходите од влезници некогаш надминале 200-300к за една сезона).
Автоматски споено мислење:

Голмани:
Томовски (не се знае)
Гогов
Ристовски (тренер на голмани, по потреба ќе брани)

Десно крило:
Џукиќ
Георгиевски
Ќосевски

Десен бек:
Моралес
Савревски

Среден бек:
Карапалевски
Додиќ (ако добие позајмица од Киелце)
Гаџа (повреден ќе биде до декември)

Лев бек:
Талевски
Мишевски

Лево крило:
Дибиров (ако остане)
+ уште едно макеронско крило

Пикер:
Стоилов
Атанасовски
Лазаревски (Милан ќе потпишел од среда)

Не ќе беше лошо Ончев да го соберевме, ама тпа е...
Претпоставувам ќе тераме до полусезона, а во зависност од проценката за тоа дали имаме шанси за висок пласман, би се земале некои играчи на полусезона за финалната фаза.

Во секој случај, почеток на крајот...

Ова според мене, не е воопшто лош тим. Напротив, отприлика вака и треба да изгледаат екипите кај нас, македонски темел + 3-5 странци. Да, потенка клупа и помала ротација, но без настапи во Европа, пред се важен ќе биде првиот тим, а тоја е горе долу ист со ланскиот кој освои титула (без Тото еве ако него го сметаме прв тим).

Со овој состав, шансите за титула би биле барем 50-50. И во најлош случај, второ место секако не ви бега, освен Пелистер, другите немаат состави кои се ни блиску до ваков квалитет.
 
Последно уредено:
Тимот што ни останува не е воопшто лош, денес пред да почне пресот не знаевме дали ќе опстане клубот, а сега кога го задржавме скоро цел тим што ја стави Битола на апарати можеме мирно да чекаме да дојде Јануар, со надеж за нови спонзори и нови засилувања па да обезбедиме двојна круна и да се вратиме таму кај што припаѓаме…
Многу ми беа смешни нашите дежурни пациенти, другарчињата битолчани што имаа сигурни информации од извори блиски до Циле дека Куни, Тале и Маци САМИ ИМ СЕ НУДЕЛЕ :ROFLMAO::vozbud:Ало пријатели драги, последен клуб на светот да сте, никогаш нема да бидете Вардар, за век и веков запамтете го тоа и бројте денови до плејоф…
П.С. На Столе треба статуа пред сала да му се направи !!
 
Состав на Вардар за сезоната 2022/23:
Голмани: Мартин Томовски и Васил Гогов, Ристовски тренер на голмани
Десни крила: Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски, Дарко Ѓукиќ
Десни бекови: Куни Моралес, Давид Савревски
Среден бек: Мартин Карапалевски, Стефан Додиќ (ако добие дозвола од Келце), ако не ќе дојде нов среден бек, Анте Гаџа (се враќа во декември)
Леви бекови: Филип Талески, Марко Мишевски
Леви крила: Тимур Дибиров (ако остане Дибиров, заминува Чувара) и ќе дојде македонско лево крило
Пивоти: Столе Стоилов, Стефан Атанасовски, Милан Лазаревски
Стручен штаб: тренер Владо Недановски,



А где је Тале?

Ќе видиме каква песна ќе пееш,кога како кучка за две евра ќе избега од Вардар!

@Velgor се слушаме ли?
 
Состав на Вардар за сезоната 2022/23:
Голмани: Мартин Томовски и Васил Гогов, Ристовски тренер на голмани
Десни крила: Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски, Дарко Ѓукиќ
Десни бекови: Куни Моралес, Давид Савревски
Среден бек: Мартин Карапалевски, Стефан Додиќ (ако добие дозвола од Келце), ако не ќе дојде нов среден бек, Анте Гаџа (се враќа во декември)
Леви бекови: Филип Талески, Марко Мишевски
Леви крила: Тимур Дибиров (ако остане Дибиров, заминува Чувара) и ќе дојде македонско лево крило
Пивоти: Столе Стоилов, Стефан Атанасовски, Милан Лазаревски
Стручен штаб: тренер Владо Недановски,



А где је Тале?



@Velgor се слушаме ли?
Погледни во леви бекови :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom